ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/1 стр. 6-11
  • Не откажувај се од трката за живот!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не откажувај се од трката за живот!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Обрнете повеќе од вообичаеното внимание‘
  • „Продолжете силно да се поттикнувате еден со друг“
  • „Потребна ви е истрајност“
  • Ние можеме да издржиме
  • Ти можеш да истраеш до крајот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Трчајте ја трката со истрајност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Чувај се од недостиг на вера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Да се трча трката со истрајност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/1 стр. 6-11

Не откажувај се од трката за живот!

„Со истрајност да трчаме во трката што е поставена пред нас“ (ЕВРЕИТЕ 12:1, NW).

1, 2. Кои возбудливи настани ги восхитиле Јеховините слуги во текот на овие последни денови?

ЖИВЕЕМЕ во восхитувачки и предизвикувачки времиња. Пред повеќе од 80 години, во 1914 година, Исус бил востоличен како Цар на Божјето небесно Царство. Започнал ‚Господовиот ден‘ и со него „последното време“ на овој систем на ствари (Откровение 1:10, NW; Даниил 12:9). Оттогаш, трката за живот на еден христијанин добила уште поголема итност. Божјите слуги силно се напрегале да одржат чекор со Јеховината небеска кочија, неговата небесна организација, која се движи незапирливо за да ги исполни Јеховините намери (Језекиил 1:4—28; 1. Коринтјаните 9:24).

2 Дали Божјиот народ нашол радост додека ‚трчал во трката‘ кон вечен живот? Да, навистина! Тие биле восхитени да го видат собирањето на преостанатите од Исусовите браќа, и се радуваат што конечното запечатување на преостанатите од 144-те илјади е скоро готово (Откровение 7:3, 4). Освен тоа, возбудени се што проникнуваат дека Јеховиниот помазан Цар замавнал со својот срп за да го ожнее „житото [жетвата, NW] на земјата“ (Откровение 14:15, 16). А каква само жетва е тоа! (Матеј 9:37). Досега се собрани повеќе од пет милиони души — „големо мноштво народ, кое што никој не можеше да го преброи, — од сите племиња и колена, народи и јазици“ (Откровение 7:9). Никој не може да каже колку големо ќе биде на крајот тоа мноштво, бидејќи ниеден човек не може да го изброи.

3. И покрај што, секогаш мораме да се трудиме да негуваме радосен дух?

3 Вистина, Сатана се обидува да нѐ спрепне или да нѐ забави додека итаме во трката (Откровение 12:17). И не било лесно да се продолжи со трчањето и покрај војни, глад, болести и сите други тешкотии кои го обележуваат времето на крајот (Матеј 24:3—9; Лука 21:11; 2. Тимотеј 3:1—5). Сепак, нашите срца скокаат од радост додека се приближува крајот на трката. Ние се стремиме да го одразуваме духот на кој Павле силно ги поттикнувал сохристијаните од своето време: „Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!“ (Филипјаните 4:4).

4. Каков дух покажале филиписките христијани?

4 Нема сомнение во тоа дека христијаните, на кои Павле им ги упатил овие зборови, наоѓале радост во својата вера, бидејќи Павле им рекол: „Продолжете да се радувате во Господ“ (Филипјаните 3:1, NW). Филипјаните биле едно дарежливо собрание полно со љубов, кое служело со ревност и со ентузијазам (Филипјаните 1:3—5; 4:10, 14—20). Но, сите христијани од првиот век го немале тој дух. На пример, некои од еврејските христијани, на кои Павле им ја напишал книгата Евреите, биле причина за загриженост.

‚Обрнете повеќе од вообичаеното внимание‘

5. а) Каков дух имале еврејските христијани кога било формирано првото христијанско собрание? б) Опиши го духот на некои еврејски христијани околу 60 н. е.?

5 Првото христијанско собрание во историјата на светот било составено од природни Евреи и од прозелити, и било воспоставено во Ерусалим во 33 н. е. Каков дух имало собранието? Човек треба само да ги прочита првите поглавја од книгата Дела за да дознае за неговиот ентузијазам и радост, дури и покрај прогонство (Дела 2:44—47; 4:32—34; 5:41; 6:7). Меѓутоа, како што одминувале децениите, работите се измениле, и многу еврејски христијани очигледно забавиле во трката за живот. Во врска со нивната ситуација што постоела околу 60 н. е., едно референтно дело вели: „Состојба на млитавост и умореност, на разочарани очекувања, на одложени надежи, свесен пропуст и практично неверување. Тие биле христијани, но имале слабо ценење за славата на нивниот позив“. Како можеле помазани христијани да западнат во една таква состојба? Едно разгледување на некои делови од Павловото писмо до Евреите (пишувано околу 61 н. е.) ќе ни помогне да одговориме на тоа прашање. Таквото разгледување ќе ни помогне на сите нам денес да избегнеме да потонеме во една слична слаба духовна состојба.

6. Кои се некои разлики меѓу обожавањето под Мојсеевиот Закон и обожавањето темелено на верата во Исус Христос?

6 Еврејските христијани излегле од јудаизмот, систем што тврдел дека го слуша Законот што Јехова го дал преку Мојсеј. Тој Закон изгледа продолжил да привлекува многу еврејски христијани, можеби затоа што многу векови бил единствениот начин на пристапување кон Јехова, и претставувал импресивен систем на обожавање, со свештенство, редовни жртви и светски прочуен храм во Ерусалим. Христијанството е поинакво. Тоа бара духовна визија, како онаа на Мојсеј кој ‚пред вид ја имал [идната] награда‘ и ‚верувал во Оној, Кој не се гледа, како да Го гледа‘ (Евреите 11:26, 27). На многу еврејски христијани очигледно им недостигала таква духовна визија. Наместо да трчаат на смисловен начин, тие куцале.

7. Како би можел системот од кој сме излегле да повлијае врз начинот на кој трчаме во трката за живот?

7 Дали постои слична ситуација денес? Па, работите не се баш исти. Сепак, христијаните излегуваат од еден систем на ствари кој нуди многу фалбаџиски работи. Светот нуди возбудливи прилики, но истовремено наложува тешки барања врз луѓето. Освен тоа, мнозина од нас живеат во земји каде што е вообичаен скептичен став и каде што луѓето имаат еден себичен, „прво јас“ пристап кон работите. Ако си дозволиме да бидеме под влијание на еден таков систем, ‚очите на нашите срца‘ би можеле лесно да бидат поматени (Ефесјаните 1:18). Како ќе трчаме добро во трката за живот ако повеќе не можеме јасно да проникнуваме каде одиме?

8. Кои се некои начини на кои христијанството е понадмоќно од обожавањето под Законот?

8 За да ги стимулира еврејските христијани, Павле ги потсетил на надмоќноста на христијанскиот систем во однос на Мојсеевиот закон. Вистина, кога нацијата на телесниот Израел бил Јеховин народ под Законот, Јехова ѝ зборувал преку инспирирани пророци. Но, вели Павле, денес тој зборува „преку Синот, Кого Го постави за наследник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите“ (Евреите 1:2). Понатаму, Исус е поголем отколку сите цареви од линијата на Давид, неговите „соучесници“. Тој е повисок дури и од ангелите (Евреите 1:5, 6, 9).

9. Зошто ние, како еврејските христијани од Павлово време, треба да му обрнеме ‚повеќе од вообичаено внимание‘ на она што го вели Јехова?

9 Затоа, Павле ги советувал еврејските христијани: „Потребно е на работите што сме ги чуле, да им обрнеме повеќе од вообичаеното внимание, за никогаш да не бидеме одвлечени“ (Евреите 2:1, NW). Иако учењето за Христос било прекрасен благослов, било потребно уште. Тие требало да ѝ обрнат грижливо внимание на Божјата Реч за да го спречат влијанието на еврејскиот свет што ги опкружувал. И ние треба да му обрнеме „повеќе од вообичаеното внимание“ на она што го вели Јехова во поглед на постојаната пропаганда на која нѐ изложува овој свет. Ова значи да се развиваат добри навики за проучување и да се одржува добар распоред за читање на Библијата. Како што вели Павле подоцна во своето писмо до Евреите, тоа значи и да се биде редовен на состаноците и во објавувањето на нашата вера на другите (Евреите 10:23—25). Таквата активност ќе ни помогне да останеме духовно будни за да не ја изгубиме од вид нашата славна надеж. Ако ги полниме своите мисли со Јеховините мисли, нема да нѐ совлада или исфрли од рамнотежа ништо од она што може да ни го стори овој свет (Псалм 1:1—3; Изреки 3:1—6).

„Продолжете силно да се поттикнувате еден со друг“

10. а) Што може да им се случи на оние кои на Јеховината Реч не ѝ обрнуваат ‚повеќе од вообичаеното внимание‘? б) Како можеме ‚силно да се поттикнуваме еден со друг‘?

10 Ако не обрнуваме грижливо внимание на духовните работи, Божјите ветувања веројатно ќе изгледаат нереални. Ова се случило дури и во првиот век, кога собранијата во целост биле составени од помазани христијани, а некои од апостолите уште биле живи. Павле ги предупредил Евреите: „Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има лошо срце за верата [злобно срце на кое му недостига вера, NW], та да отстапи од живиот Бог. Туку потсетувајте се [силно поттикнувајте се, NW] секој ден, додека се вели: ‚денес‘, та никој од вас да не отрпне преку измама на гревот“ (Евреите 3:12, 13). Павловиот израз „гледајте“ ја нагласува потребата да се биде буден. Се заканува опасност! Во нашето срце би можело да се развие недостиг на вера — „грев“ — и би можеле да отпловиме од Бог наместо да му се приближиме (Јаков 4:8). Павле нѐ потсетува да ‚продолжиме силно да се поттикнуваме еден со друг‘. Потребна ни е топлината на братското друштво. „Оној кој се изолира себеси, ќе ги бара своите сопствени себични желби; ќе избувне против секаква практична мудрост“ (Изреки 18:1, NW). Потребата од такво друштво ги поттикнува денешните христијани да бидат редовни во присуствувањето на собраниските состаноци, собирите и конгресите.

11, 12. Зошто не треба да бидеме задоволни само со знаењето на основните христијански доктрини?

11 Подоцна во своето писмо, Павле го дава овој натамошен непроценлив совет: „Иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба да ве учат — кои се првите начала на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна . . . тврдата храна е за совршените [зрелите, NW], кои благодарејќи на навиката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро и зло“ (Евреите 5:12—14). Очигледно, некои еврејски христијани пропуштиле да напредуваат во разбирањето. Биле бавни во прифаќањето на зголемената светлина во врска со Законот и обрежувањето (Дела 15:27—29; Галатјаните 2:11—14; 6:12, 13). Некои можеби сѐ уште високо ги ценеле таквите традиционални практики како што е седмичниот Сабат и свечениот годишен Ден на искупување (Колосјаните 2:16, 17; Евреите 9:1—14).

12 Затоа, Павле вели: „Сега кога сме ја оставиле зад себе почетната наука за Христос, да се стремиме кон зрелост“ (Евреите 6:1, NW). Еден маратонец, кој обрнува грижливо внимание на својата диета, поспособен е да ја издржи долгата, исцрпувачка трка. На сличен начин, еден христијанин кој обрнува грижливо внимание на својата духовна исхрана — не ограничувајќи се на основните, ‚почетни науки‘ — ќе биде поспособен да остане на тркачкиот курс и да го доврши. (Спореди 2. Тимотеј 4:7.) Ова значи да се развива интерес за ‚ширината, должината, длабочината и висината‘ на вистината, и на тој начин да се напредува до зрелост (Ефесјаните 3:18).

„Потребна ви е истрајност“

13. На кој начин еврејските христијани ја покажале својата вера во изминатите времиња?

13 Во периодот непосредно по Пентакост 33 н. е., еврејските христијани цврсто стоеле наспроти жестокото противење (Дела 8:1). Можеби Павле го имал ова на ум кога напишал: „Потсетувајте се на вашите поранешни денови, кога, откако се просветивте, поднесовте голема борба во страдањата“ (Евреите 10:32). Таквата верна истрајност ја покажала нивната љубов кон Бог и им дала слобода на говорот пред него (1. Јованово 4:17, NW). Павле силно ги поттикнал да не ја отфрлаат поради недостиг на вера. Тој ги поттикнува: „Потребно ви е трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Божја, да го добиете ветеното; зашто уште малку, сосема малку и Оној што иде, ќе дојде и нема да се забави“ (Евреите 10:35—37).

14. Кои факти треба да ни помогнат да издржиме дури и после многу години служење на Јехова?

14 А како е со нас денес? Повеќето од нас сме биле ревносни кога првпат сме ја дознале христијанската вистина. Дали сѐ уште ја имаме таа ревност? Или, пак, сме ја ‚оставиле својата прва љубов‘? (Откровение 2:4). Дали сме се оладиле и можеби сме станале по малку разочарани или, пак, уморни од чекањето на Армагедон? Сепак, застани и размисли. Вистината не е ништо помалку прекрасна отколку што била порано. Исус сѐ уште е нашиот небесен Цар. Ние сѐ уште се надеваме на вечен живот на рајска Земја и сѐ уште го имаме нашиот однос со Јехова. И никогаш не заборавај: „Оној што иде, ќе дојде и нема да се забави“.

15. Како Исус, на кој начин некои христијани издржале горко прогонство?

15 Затоа, Павловите зборови запишани во Евреите 12:1, 2 (NW), се многу прикладни: „Да го отфрлиме исто така секој товар и гревот [недостигот на вера] што лесно нѐ заплеткува, и со истрајност да трчаме во трката што е поставена пред нас, додека внимателно гледаме на Главниот Посредник и Усовршител на нашата вера, Исус. Заради радоста која беше поставена пред него, тој претрпе маченички столб, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол“. Има многу работи што Божјите слуги ги издржале во овие последни денови. Како Исус, кој бил верен до точката на агониска смрт, некои наши браќа и сестри верно го издржале најтешкото прогонство — затворенички логори, тортура, силување, па дури и смрт (1. Петрово 2:21). Зарем нашето срце не се прелева од љубов кон нив кога го разгледуваме нивниот интегритет?

16, 17. а) Со какви предизвици за нивната вера се борат повеќето христијани? б) Сеќавањето на која работа ќе ни помогне да продолжиме да трчаме во трката за живот?

16 Меѓутоа, за повеќето се однесуваат Павловите натамошни зборови: „Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв“ (Евреите 12:4). Меѓутоа, во овој систем, патот на вистината не е лесен за никого од нас. Некои се обесхрабрени од ‚поругата [противните зборови, NW] од грешниците‘ на световното работно место или в училиште, поднесувајќи исмејување или спротивставувајќи се на притисокот да грешат (Евреите 12:3). Силното искушение ја нагризало одлучноста на некои да ги задржат Божјите високи мерила (Евреите 13:4, 5). Отпадниците повлијаеле врз духовната рамнотежа на неколкумина кои ја слушале нивната отровна пропаганда (Евреите 13:9). Проблемите меѓу личностите им ја одзеле радоста на други. Преголемиот нагласок врз забавата и активностите во слободното време ослабнал некои христијани. А повеќето се чувствуваат притиснати од проблемите на живеењето во овој систем на ствари.

17 Вистина, ниедна од овие ситуации не сочинува ‚противење до крв‘. А некои ситуации можеби водат потекло од погрешните одлуки што самите ги донесуваме. Но, сите тие претставуваат предизвик за нашата вера. Ете затоа треба да ги држиме своите очи на Исусовиот величествен пример на истрајност. Никогаш да не забораваме колку е прекрасна нашата надеж. Никогаш да не го изгубиме нашето уверување дека Јехова „ги наградува оние, што Го бараат“ (Евреите 11:6). Тогаш, ќе ја имаме духовната сила да продолжиме да трчаме во трката за живот.

Ние можеме да издржиме

18, 19. Кои историски настани укажуваат дека еврејските христијани во Ерусалим му обрнале внимание на Павловиот вдахновен совет?

18 Како се оѕвале еврејските христијани на Павловото писмо? По околу шест години откако било пишувано писмото до Евреите, Јудеја била во војна. Во 66 н. е. римската војска го опколила Ерусалим, исполнувајќи ги Исусовите зборови: „Кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте — дека се приближило неговото запустување“ (Лука 21:20). Меѓутоа, во полза на христијаните кои би биле во Ерусалим во тоа време, Исус рекол: „Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него“ (Лука 21:21). Значи, војната со Рим претставувала испит: Дали тие еврејски христијани ќе го остават Ерусалим, центарот на еврејското обожавање и местото на славниот храм?

19 Ненадејно и од непозната причина, Римјаните се повлекле. Веројатно, религиозните Евреи тоа го сметале за доказ дека Бог го штити нивниот свет град. А како е со христијаните? Историјата ни кажува дека тие побегнале. Потоа, во 70 н. е. Римјаните се вратиле и потполно го уништиле Ерусалим со ужасни загуби во животи. ‚Денот Господен‘, претскажан од Јоил, бил дојден врз Ерусалим. Но, верните христијани повеќе не биле таму. Тие ‚се спасиле‘ (Јоил 2:30—32; Дела 2:16—21).

20. На кои начини треба да нѐ поттикне сознанието дека големиот ‚ден Господен‘ е близу?

20 Денес, ние знаеме дека наскоро уште еден друг ‚ден Господен‘ ќе повлијае врз целиот систем на ствари (Јоил 3:12—14). Не знаеме кога ќе дојде тој ден. Но, Божјата Реч нѐ уверува дека тој сигурно ќе дојде! Јехова вели дека тој ден нема да задоцни (Авакум 2:3; 2. Петрово 3:9, 10). Значи, ‚да им обрнеме повеќе од вообичаеното внимание на работите што сме ги чуле‘. Избегнувај недостиг на вера, „гревот што лесно нѐ заплеткува“. Биди одлучен да издржиш сѐ додека е потребно. Запомни, Јеховината голема небесна организација слична на кочија е во движење. Таа ќе ја постигне својата намера. Затоа, сите ние да продолжиме да трчаме и да не се откажуваме од трката за живот!

Дали се сеќаваш?

◻ На која силна Павлова опомена до филипјаните треба да ѝ обрнеме внимание за да ни помогне да истраеме во трката за живот?

◻ Што ќе ни помогне да спречиме склоноста на овој свет да нѐ одврати?

◻ Како можеме да си помагаме еден на друг за да истраеме во трката?

◻ Кои се некои работи што би можеле да го забават христијанинот?

◻ Како може Исусовиот пример да ни помогне да истраеме?

[Слика на страници 8 и 9]

Како и тркачите, христијаните не смеат да дозволат ништо да ги одврати

[Слика на страница 10]

Ништо не може да ја спречи Јеховината голема небесна кочија да ја постигне својата намера

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели