ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/2 стр. 3
  • Дали си оптимист или песимист?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си оптимист или песимист?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Време за самоиспитување
  • Како да ги победам негативните мисли?
    Младите прашуваат
  • Може ли оптимизмот да ти го подобри здравјето?
    Разбудете се! 2007
  • Можеш да го победиш песимизмот
    Разбудете се! 2004
  • Зошто ни е потребна надеж?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/2 стр. 3

Дали си оптимист или песимист?

„ТОА беше најдоброто од сите времиња, тоа беше најлошото од сите времиња . . . тоа беше пролет на надеж, тоа беше зима на очај, имавме сѐ пред себе, и немавме ништо пред себе.“ Уводните зборови на литературното ремек-дело на Чарлс Дикенс, Приказна за два града, вешто контрастираат како можат настаните да влијаат врз нашето размислување, врз нашите чувства и врз нашето гледиште.

Двата града на кои се осврнал тој биле Лондон и Париз за време метежот на Француската револуција. За угнетените граѓани на Франција од 18 век, прогласот за правата на човекот од страна на револуцијата навистина бил „пролет на надеж“. Но, за оние од стариот режим, односно за политичкиот систем што заминувал, тој бил „зима на очај“ што водела во смрт и уништување.

Оптимизам или песимизам? Сѐ зависело од тоа на чија страна си бил. И тоа сѐ уште важи.

Време за самоиспитување

Дали ти си оптимист? Дали ја гледаш светлата страна на животот, секогаш очекувајќи го најдоброто? Или си склон да бидеш песимистичен, заземајќи негативно гледиште за твоите изгледи, надевајќи се на најдоброто, но истовремено очекувајќи го најлошото?

Пред шеесет години, американскиот новелист Џејмс Бранч Кабел вака ги сумирал двете конфликтни филозофии: „Оптимистот објавува дека живееме во најдобриот од сите можни светови; а песимистот се плаши дека тоа е точно“. Ако мислиш дека ова гледиште е цинично, испитај ги аргументите за и против од само три аспекта на денешниот свет, како што се изнесени подолу. Потоа, анализирај ги своите реакции и запрашај се: ‚Дали сум оптимист или песимист?‘

Траен мир: Колку светски жаришта можеш да именуваш? Ирска, поранешна Југославија, Блискиот Исток, Бурунди, Руанда — овие веднаш доаѓаат на ум. Можат ли овие и други борби некогаш да бидат решени за да се обезбеди траен, глобален мир? Дали светот оди кон мир?

Економска стабилност: Надевајќи се на монетарна унија до 1999, земјите од Европската унија сериозно се конфронтираат со проблеми како што се инфлација и јавни заеми. На други места, корупцијата ја поткопува економската структура на многу американски и африкански нации, каде што инфлацијата наметнува едно речиси невозможно бреме, а етничките проблеми сѐ уште ги разделуваат луѓето. Дали претстои светска економска стабилност?

Невработеност: Во националните избори во 1997, британските цркви се обединија за силно да ги поттикнат сите политички партии на врвот од својот дневен ред да го стават потполното вработување. Но, поради тоа што скоро 30 отсто од работната сила на светот е без работа или е недоволно вработена, може ли да има трајно потполно вработување — особено за младите?

Колку само е лесно да се чувствуваш песимистички! Сепак, постои и една светла страна, па те покануваме да разгледаш како е можно да се развие оптимистично гледиште.

[Слика на страница 3]

Француската револуција

[Извор на слика]

Од книгата Pictorial History of the World

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели