ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/2 стр. 4-7
  • Негувај го духот на благодарност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Негувај го духот на благодарност
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Основна причина за неблагодарност
  • Медитирањето — неопходност!
  • Изразување на благодарноста
  • Благодарни на Бог
  • „Бидете благодарни“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Зошто да се биде благодарен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Благодарност
    Разбудете се! 2016
  • Зошто да се заблагодаруваме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/2 стр. 4-7

Негувај го духот на благодарност

ЕДЕН лекар од државата Њујорк ѝ го спасува животот на Мари во еден итен случај. Но, 50-годишната Мари ниту му заблагодарува на лекарот ниту ја плаќа својата сметка. Колку само типично за неблагодарноста!

Библијата раскажува дека еднаш, кога влегувал во едно село, Исус наишол на десетмина мажи кои ја имале ужасната болест лепра. Тие викале кон него со силни гласови: „Исусе Наставниче, смилуј се!“ Исус заповедал: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ Лепрозните го прифатиле неговото упатство и, додека биле на пат, почнале да го гледаат и да го чувствуваат своето обновено здравје.

Деветмина од излечените лепрозни продолжиле по својот пат. Но, едниот лепрозен, еден Самарјанин, се вратил за да го побара Исус. Овој поранешен лепрозен го фалел Бог и, откако го пронашол Исуса, паднал пред неговите нозе благодарејќи му. Во одговор, Исус рекол: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината? Како не се најдоа да се вратат и другите да Му заблагодарат на Бога, туку само овој туѓинец?“ (Лука 17:11—19).

Една важна лекција е содржана во прашањето: „Каде се деветмината?“ Како Мари, деветмината лепрозни имале еден сериозен недостаток — не покажале благодарност. Таквата неблагодарност многу преовладува денес. Која е причината за ова?

Основна причина за неблагодарност

Во основа, неблагодарноста потекнува од себичноста. Размисли за нашите прародители, Адам и Ева. Јехова ги создал со божествени својства и обезбедил сѐ што било потребно за нивната среќа, вклучувајќи и една прекрасна градина-дом, совршена околина, како и смисловна и задоволувачка работа (1. Мојсеева 1:26—29; 2:16, 17). Па сепак, под притисокот на Сатановиот апел кон нивниот личен интерес, како двојка тие ѝ попуштиле на непослушноста и реагирале со презир спрема Јеховиното добродетелство (1. Мојсеева 3:1—5; Откровение 12:9).

Размисли и за луѓето од древниот Израел, кого Бог го избрал да биде негова посебна своина. Колку само благодарни мора да биле сите израелски родители ноќта на 14 низан 1513 пр. н. е.! Таа важна ноќ, Божјиот ангел донел смрт на „секој првороден во земјата Египетска“, а ги одминал исправно обележаните израелски куќи (2. Мојсеева 12:12, 21—24, 30). И откако биле избавени од фараоновата војска кај Црвеното Море, со срца полни со благодарност, ‚Мојсеј и синовите Израилеви му запеале на Господа‘ (2. Мојсеева 14:19—28; 15:1—21).

Меѓутоа, само неколку седмици после напуштањето на Египет, ‚целата заедница на синовите Израилеви почнала да се буни‘. Колку брзо паднале како жртви на неблагодарноста! Им недостигало ‚седењето покрај котлите со месо . . . јадејќи леб до насит‘, кое го уживале во Египет, земјата на нивното робување (2. Мојсеева 16:1—3). Јасно, себичноста дејствува против негувањето и покажувањето благодарност.

Поради тоа што се потомци на грешниот Адам, сите луѓе се раѓаат со себична црта и со склоност спрема неблагодарност (Римјаните 5:12). Неблагодарноста исто така е дел од себичниот дух што доминира со луѓето од овој свет. Како воздухот што го дишеме, тој дух го има насекаде и влијае врз нас (Ефесјаните 2:1, 2). Затоа, треба да негуваме благодарен став. Како можеме да го правиме тоа?

Медитирањето — неопходност!

Webster’s Third New International Dictionary ја дефинира благодарноста како „состојба да се биде благодарен: срдечно и пријателско чувство спрема некој добротвор, кое те мотивира да возвратиш наклоност“. Едно чувство не може да се пали и гаси механички; тоа мора да потекнува неприсилено од внатрешноста на лицето. Благодарноста е повеќе отколку само покажување добри манири или некој вид бонтон; таа потекнува од срцето.

Како можеме да научиме да се чувствуваме благодарни од душа? Многу од она што го чувствуваме, Библијата му го припишува на нашиот избор на мислите (Ефесјаните 4:22—24). Учењето да се чувствуваш благодарен почнува со тоа што медитираш со ценење за љубезностите што ги добиваме. Во согласност со ова, д-р Вејн В. Даер, кој работи на полето на менталното здравје, вели: „Не можеш да имаш некакво чувство (емоција) без првин да си доживеал некоја мисла“.

Земи ја за пример ситуацијата со благодарноста за созданието околу нас. Кога во некоја ведра ноќ ќе погледнеш кон небото попрскано со ѕвезди, што чувствуваш во врска со она што го доживуваш? Цар Давид ја изразил стравопочитта што ја чувствувал тој: „Кога ќе ги погледнам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти: Што е тоа човек, та се сеќаваш на него, или синот човечки, па го посетуваш?“ А во тишината на ноќта, ѕвездите му зборувале на Давид, терајќи го да напише: „Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески“. Зошто ѕвездените небеса толку длабоко го трогнале Давид? Самиот тој одговара: „Размислував за сите Твои дела, расудував за делата на Твоите раце“ (Псалм 8:3, 4; 18:1; 142:5).

Давидовиот син Соломон исто така ја ценел вредноста од размислувањето за чудата на создавањето. На пример, во врска со улогата што ја играат дождовните облаци во освежувањето на нашава Земја, тој напишал: „Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува; тие одново се враќаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат пак“ (Проповедник 1:7). Значи, откако дождовите и реките ја освежиле Земјата, нивните води се рециклираат од океаните назад во облаците. Каква би била Земјава без ова прочистување и рециклирање на водата? Колку само благодарен мора да бил Соломон кога се бавел со овие мисли!

Едно благодарно лице исто така длабоко ги цени своите односи со членовите на семејството, со пријателите и со познаниците. Нивните дела на љубезност му го пленат вниманието. Додека со ценење размислува за нивните љубезности, тоа се чувствува благодарно во душата.

Изразување на благодарноста

Колку само едноставен е зборот „благодарам“! Толку е лесно да се изговори еден таков израз. А приликите за тоа се изобилни. Колку само освежувачки е едно срдечно и искрено Ти благодарам до некој кој ни задржува отворена врата или кога ќе крене нешто што ни паднало! Кога ќе го чуе тој израз, тоа може да му ја направи полесна и понаградувачка работата на некој продавач или на една келнерка во ресторан или, пак, на поштарот.

Испраќањето картички со благодарност е еден прикладен начин за изразување благодарност за дела на љубезност. Многу од картичките што се на располагање во продавниците, прекрасно ги изразуваат чувствата. Но, зарем не би било личен израз полн со љубов да се додадат зборови на ценење со свој сопствен ракопис? Некои дури претпочитаат да изостават печатена картичка и место тоа да испратат лично писменце. (Спореди Изреки 25:11.)

Веројатно, оние кои најмногу ја заслужуваат нашата благодарност се оние кои ни се најблиски во домот. Во врска со способната сопруга, Библијата вели: „[Станува] — мажот, и тој ја фали“ (Изреки 31:28). Зарем искрените изрази на благодарност од сопругот до својата сопруга не придонесуваат за една домашна средина на мир и задоволство? И зарем на еден сопруг не му е драго да си дојде дома со топол поздрав полн со ценење од страна на неговата сопруга? Овие денови, притисоците врз бракот се многубројни и, кога притисоците ќе се зголемат, карактерите лесно пламнуваат. Оној кој е со благодарна нарав, спремен е да попушти и брз е да превиди и да прости.

И младите треба да бидат свесни за тоа на своите родители да им кажуваат срдечни изрази на ценење. Се разбира, родителите не се совршени, но тоа не е причина да се биде неблагодарен за она што тие го сториле за тебе. Љубовта и вниманието што ти ги посветувале од твоето раѓање наваму, не можат да се купат. Ако те поучиле за спознанието за Бог, имаш додатна причина да бидеш благодарен.

„Наследството Господово се синовите“ — изјавува Псалм 126:3. Според тоа, родителите треба да бараат прилики да ги пофалуваат своите деца, наместо да прибегнуваат кон додевање околу безначајни работи (Ефесјаните 6:4). А каква само предност имаат тие да им помагаат на младите кои се под нивна грижа да го негуваат духот на благодарност! (Спореди Изреки 29:21, NW.)

Благодарни на Бог

Јехова Бог е Дарител на „секој добар дар и секој совршен подарок“ (Јаков 1:17). Особено важен е дарот на животот, бидејќи сѐ што имаме или што би можеле да планираме, ќе стане безвредно доколку го изгубиме животот. Писмото силно нѐ поттикнува да се сеќаваме на тоа дека „во [Јехова Бог] е изворот на животот“ (Псалм 35:5, 7, 9; Дела 17:28). За да негуваме благодарно срце спрема Бог, треба да медитираме за неговите великодушни подготовки кои го одржуваат нашиот физички и духовен живот (Псалм 1:1—3; 76:11, 12). Таквото срце ќе нѐ поттикнува да покажуваме благодарност со зборови и со дела.

Молитвата е еден очигледен начин да ја изразуваме нашата благодарност спрема Бог. Псалмистот Давид изјавил: „Многу чудесни дела си направил, Господи, Боже мој, и по многуте мисли Твои кој може да се спореди со Тебе! Почнав да ги објавувам и да зборувам за нив, но тие број немаат“ (Псалм 39:5). Да бидеме и ние слично поттикнати.

Давид бил исто така одлучен да му го покажува на Бог своето ценење преку зборовите што им ги кажувал на другите. Рекол: „Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свое, ги известувам сите чудеса Твои“ (Псалм 9:1). Кога им зборуваме на другите за Бог, кога се изразуваме преку споделување на вистината од неговата Реч со нив, тоа веројатно е најдобриот начин да му ја покажеме нашата благодарност. А тоа ќе ни помогне да бидеме уште поблагодарни и во другите аспекти од животот.

„Кој принесува жртва благодарна, тој Ме прославува, и кој го следи Мојот пат, нему ќе му го соопштам Божјото спасение“ — вели Јехова. Доживеј ја и ти радоста што доаѓа од покажувањето на твојата срдечна благодарност кон него (Псалм 49:23; 99:2).

[Слика на страница 7]

Животот е дар од Бог. Погрижи се да додадеш личен израз

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели