ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/6 стр. 8
  • Користење на секоја прилика

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Користење на секоја прилика
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/6 стр. 8

Објавителите на Царството известуваат

Користење на секоја прилика

ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ ширум светот се познати по нивното библиско образовно дело. Но, тие водат и програми кои донесуваат други користи за општеството. Оваа јавна служба е добро примена, како што покажуваат следниве искуства од Еквадор.

◻ Управата на една голема фабрика за стакло сакала за своите вработени да организира курс за семејните вредности. Директорот за човекови ресурси поканил неколку католички свештеници за да учествуваат, но тие не се одѕвале. Еден свештеник им рекол дека толку малку свештеници се квалификувани да зборуваат на таа тема што веројатно ниеден не би бил на располагање. Кога го чула ова, една од вработените — Сведок — направила подготовки фабриката да ја посети еден брат кој често работи на деловно подрачје.

Уште следниот ден, Сведокот му пристапил на директорот за човекови ресурси со еден предложен курс за проучување. Бил составен список на теми од различни публикации на Watch Tower Society. Директорот бил импресиониран. Тој избрал три теми за дискусија — човечките односи, етика на работното место и етика во семејството. Тогаш биле направени подготовки да се разгледаат информациите со целата работна сила.

Вработените биле поделени на седум групи од по 30 луѓе, после што тројца квалификувани браќа им ги презентирале информациите. Какви биле резултатите? Приличен број од вработените замолиле да бидат посетени во нивните домови, и биле дадени 216 помагала за библиска студија. Управата била толку импресионирана што ги замолила Сведоците ако можат да подготват и други серии предавања.

◻ Неодамна, Еквадор донесе еден закон кој дозволува да се поучува религија во училиштата. Една сестра мисионерка посетила една управничка во некое основно училиште и ја запрашала како функционира новиот закон. Управничката објаснила дека бил направен обид да се започне со програма за обожавање на Марија, но дека уште ништо не е реализирано. Кога сестрата дала забелешка дека таквото обожавање би можело да претставува проблем за децата кои не се католици, управничката се сложила. „Од друга страна, пак“, рекла мисионерката, „ние имаме програма за поучување за моралните принципи од Библијата, што не го принудува лицето да прифати извесна религија.“ Управничката одговорила: „Кога можете да дојдете? Задутре?“ Откако мисионерката ѝ ја покажала книгата Slušati velikog učitelja, било одлучено да го разгледаат поглавјето „Среќни се мирољубивите“.

Кога повторно се вратила, мисионерката поминала три часа посетувајќи седум училници, со управничката која слушала. После една сесија со некој клас од петто одделение, еден од учениците рекол: „Госпоѓице, Ве молам погрижете се да ги посетите и шестите одделенија. Тие секогаш пробуваат да се тепаат со нас и започнуваат тепачка!“ Една наставничка дала забелешка: „Насилството е многу важна тема. Потребно ни е повеќе време за да дискутираме за таа работа“.

Биле направени подготовки за повторни посети во училиштето за да се дискутира за теми како што се послушноста и лажењето. Досега, резултатите се многу позитивни. Сега, кога сестрата мисионерка поминува по улицата, децата со трчање доаѓаат за да ја поздрават и за да ѝ постават некои библиски прашања. Други, пак, гордо ја запознаваат со своите родители. Освен тоа, била започната домашна библиска студија со двајца од учениците.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели