ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/3 стр. 19
  • Нивната вера била наградена

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нивната вера била наградена
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Сличен материјал
  • ‚Ја запазив верата‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Чии молитви ќе бидат одговорени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Како Јехова одговара на нашите молитви
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • „Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/3 стр. 19

Објавителите на Царството известуваат

Нивната вера била наградена

АПОСТОЛ Павле бил човек со извонредна вера и ги охрабрувал соверниците да негуваат вера на сличен начин. Тој рекол: „Оние, кои доаѓаат при Бога, треба да веруваат оти Он постои и дека ги наградува оние, што Го бараат“ (Евреите 11:6). Следниве искуства од Мозамбик покажуваат како Јехова ја наградува силната вера и како одговара на сесрдните молитви.

• Една овдовена сестра од северната провинција Ниаса била загрижена како таа и нејзините шест деца ќе присуствуваат на обласниот конгрес „Божјиот пат на живот“. Нејзиниот единствен извор на приход бил продавање производи на локалниот пазар, но кога се приближил датумот на конгресот, имала пари само колку за карта за воз во еден правец за себе и за своето семејство. Сепак, решила да ја положи својата доверба во Јеховините подготовки и продолжила со своите планови да присуствува на конгресот.

Се качила на возот со шесте деца. За време на патувањето кондуктерот ѝ ја побарал картата. Забележувајќи ја нејзината значка, тој прашал каква идентификација носи. Сестрата му рекла дека со неа се идентификува како делегат на обласниот конгрес на Јеховините сведоци. „Каде ќе се одржи тој конгрес?“ прашал кондуктерот. Откако дознал дека конгресот е во соседната покраина Нампула, на оддалеченост од околу 300 километри, неочекувано ѝ наплатил само половина од вообичаената цена за картата! Потоа за другата половина од нејзините пари за карта ѝ дал повратни карти за неа и за нејзиното семејство. Колку била среќна што ја положила својата доверба во Јехова! (Псалм 120:1, 2).

• Една многу религиозна жена, околу 25 години му се молела на Бог да ѝ го покаже исправниот начин на кој треба да го обожава. Црквата која ја посетувала ги спојувала религиозните церемонии со традиционалните ритуали и таа се сомневала дали тој облик на обожавање му е угоден на Бог.

Таа раскажува: „Секогаш се присетував на зборовите на Исус запишани во Матеј 7:7: ‚Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори‘. Имајќи го овој стих на ум, редовно му се молев на Бог да ме води до вистината. Еден ден, пасторот на нашата црква ги замоли сите кои работеа на локалниот пазар да му донесат одредена сума пари како и дел од нивните производи за да ги благослови. Сметав дека таквото барање е небиблиско, и така јас не однесов ништо. Кога пасторот виде дека не донесов ‚принос‘ почна да ме навредува пред сите членови на црквата. Тој ден сфатив дека тоа не е начинот на кој Бог сака да биде обожаван и затоа ја напуштив црквата. Во меѓувреме, и понатаму истрајно барав во молитва да ја пронајдам вистината.

Конечно, собрав храброст и му се јавив на еден роднина кој е Јеховин сведок. Тој ми понуди трактат и кога го прочитав веднаш сфатив дека Бог одговори на моите молитви. Со текот на времето, мојот пријател исто така почна да ги цени библиските вистини и го регистриравме нашиот брак. Меѓутоа, мојот сопруг подоцна тешко се разболе. Сепак, до самата негова смрт, ме охрабруваше да истраам на патот на вистината за да се сретнеме пак во рајот.

Многу сум му благодарна на Јехова што одговори на моите молитви и што ми го покажа исправниот начин да го обожавам. Моите молитви исто така се одговорени со тоа што видов како сите мои осум деца станаа предадени слуги на Јехова“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели