ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/4 стр. 13-18
  • Новиот свет — ќе бидеш ли таму?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Новиот свет — ќе бидеш ли таму?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Причини за доверба
  • Што ветил тој
  • ,Воскликнувајте довека заради она што Јас го создавам‘
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво II
  • Создавање сѐ ново — како што е проречено
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Пророштва за иднината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Живот во мирољубив нов свет
    Живот во мирољубив нов свет
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/4 стр. 13-18

Новиот свет — ќе бидеш ли таму?

„За нив нема ништо подобро, освен да се веселат и да прават добро во текот на животот свој. Кога секој човек јаде и пие, и го гледа доброто во секој свој труд, тоа е дар Божји“ (ПРОПОВЕДНИК 3:12, 13).

1. Зошто можеме да бидеме оптимистични во врска со иднината?

МНОГУ луѓе го замислуваат Семоќниот Бог како строг, суров. Сепак, горниов стих е вистина која ќе ја најдеш во неговата инспирирана Реч. Таа е во склад со фактот дека тој е „среќниот Бог“ (NW) и во склад е со тоа дека ги ставил нашите прародители во земен рај (1. Тимотеј 1:11; 1. Мојсеева 2:7—9). При настојувањето да стекнеме увид во иднината која му ја ветува Бог на својот народ, не треба да сме изненадени кога ќе дознаеме за условите кои ќе ни донесат трајно уживање.

2. Кои се некои работи кои со нетрпение ги очекуваш?

2 Во претходната статија испитавме три од четирите места во Библијата каде што се претскажани „ново небо и нова земја“ (Исаија 65:17). Едно од тие веродостојни предвидувања е запишано во Откровение 21:1. Понатамошните стихови ни кажуваат за времето кога Семоќниот Бог драстично ќе ги промени земните услови на подобро. Тој ќе ги избрише солзите на тага. Повеќе нема да има луѓе кои ќе умираат од старост, болест или несреќни случаи. Тагувањето, викањето и болката ќе исчезнат. Каков само восхитувачки изглед! Но, дали можеме да бидеме сигурни дека тоа ќе дојде, и како тој изглед би можел да влијае врз нас уште сега?

Причини за доверба

3. Зошто можеме да имаме доверба во библиските ветувања за иднината?

3 Забележи како продолжува Откровение 21:5. Го цитира Бог кој, седнат на својот небесен престол, изјавува: „Ете, сѐ ново создавам“. Ова божествено ветување е подобро од кој и да било национален проглас на независност, од која и да било денешна повелба за правата или од кое и да било друго човечко тежнеење кон иднината. Тоа е една апсолутно доверлива изјава од Оној за кого Библијата вели дека „не може да лаже“ (Тит 1:2, NW). Разбирливо е тоа што можеби ќе помислиш дека токму овде би можеле да застанеме, уживајќи во овој извонреден изглед и имајќи доверба во Бог. Но, не треба да застанеме. Има уште да учиме за нашата иднина.

4, 5. Кои библиски пророштва кои веќе ги разгледавме можат да ја зацврстат нашата доверба во она што лежи пред нас?

4 Размисли за она што беше утврдено во претходната статија во врска со библиските ветувања за ново небо и нова земја. Исаија претскажал таков нов систем, а неговото пророштво имало исполнување кога Евреите се вратиле во својата татковина и повторно го воспоставиле вистинското обожавање (1. Ездра 1:1—3; 2:1, 2; 3:12, 13). Сепак, зарем тоа било сѐ на што укажувало пророштвото на Исаија? Дефинитивно не! Работите што тој ги претскажал, требало да се исполнат на еден повеличествен начин во далечната иднина. Зошто доаѓаме до ваков заклучок? Поради она што го читаме во 2.. Петрово 3:13 и Откровение 21:1—5. Овие стихови укажуваат на ново небо и нова земја кои ќе им бидат на корист на христијаните во глобални рамки.

5 Како што беше забележано претходно, Библијата ја користи фразата „ново небо и нова земја“ четирипати. Разгледавме три од нив и дојдовме до охрабрувачки заклучоци. Библијата јасно претскажува дека Бог ќе ја отстрани злобата и другите причини за страдање и дека потоа ќе продолжи да го благословува човештвото во својот ветен нов систем.

6. Што претскажува четвртото пророштво во кое се спомнува „ново небо и нова земја“?

6 Сега да го испитаме последниот случај со изразот „ново небо и нова земја“, во Исаија 66:22—24 (Душан Константинов): „Како што новата небеса и новата земја, што ќе ги создадам, ќе траат пред Мене — слово е Господово — така ќе ви траат [останат, NW] името и потомството. Од нова месечина до нова месечина, од сабота до сабота, секое тело ќе доаѓа за да се поклони пред Моето лице — говори Господ. Излегувајќи, ќе ги гледаат труповите на луѓето кои се одметнаа од Мене: нивниот црв не ќе умре, и нивниот оган не ќе угасне — ќе бидат гнасни на секое тело“.

7. Зошто треба да заклучиме дека Исаија 66:22—24 ќе има исполнување во деновите кои доаѓаат?

7 Ова пророштво се исполнило на Евреите кои повторно се населиле во својата земја, но требало да има уште едно исполнување. Тоа требало да се случи низ струјата на времето после многу години откако биле напишани второто Петрово писмо и книгата Откровение, зашто тие укажувале на едно идно ‚ново небо и нова земја‘. Тоа величествено и потполно исполнување можеме да го очекуваме во новиот систем. Разгледај некои од условите кои можеме со нетрпение да очекуваме да ги уживаме.

8, 9. а) Во која смисла Божјиот народ и понатаму ќе „остане“? б) Какво е значењето на пророштвото дека Јеховините слуги ќе обожаваат „од нова месечина до нова месечина, од сабота до сабота“?

8 Откровение 21:4 покажува дека повеќе нема да има смрт. Делот од Исаија, поглавје 66, е во склад со тоа. Од стих 22 можеме да видиме дека Јехова знае дека новото небо и новата земја нема да бидат привремени, со ограничено времетраење. Освен тоа, неговиот народ ќе истрае; тој и понатаму ќе „остане“ пред него. Она што Бог веќе го сторил за својот избран народ ни дава причина за доверба. Вистинските христијани со соочиле со злобно прогонство, па дури и со фанатични обиди да бидат збришани (Јован 16:2; Дела 8:1). Сепак, дури и помоќни непријатели на Божјиот народ, како што биле римскиот император Нерон и Адолф Хитлер не можеле да ги искоренат Божјите лојални поединци кои го носат неговото име. Јехова го сочувал собранието на својот народ, и можеме да бидеме сигурни дека тој може да ги одржи да останат засекогаш.

9 На сличен начин, тие верни на Бог кои ќе бидат дел од новата земја, општеството на вистински обожаватели во новиот свет, како поединци и понатаму ќе останат бидејќи ќе вршат чисто обожавање на Творецот кој создал сѐ. Тоа нема да биде повремено или случајно обожавање. Божјиот закон, даден на Израел преку Мојсеј, барал извесни чинови на обожавање секој месец, обележани со новата месечина, и секоја седмица, обележани со сабатниот ден (3. Мојсеева 24:5—9; 4. Мојсеева 10:10; 28:9, 10; 2. Летописи 2:4). Затоа Исаија 66:23 укажува на редовно, продолжително обожавање на Бог, од седмица во седмица и од месец во месец. Атеизмот и религиозното лицемерство тогаш нема да постојат. ‚Секое тело ќе доаѓа за да се поклони пред‘ Јехова.

10. Зошто можеш да бидеш сигурен дека новиот свет нема трајно да го расипуваат злобните?

10 Исаија 66:24 нѐ уверува дека мирот и праведноста на новата Земја никогаш нема да бидат доведени во опасност. Злобните луѓе нема да ја уништат. Сети се дека 2. Петрово 3:7 (NW) вели дека пред нас е „денот на судот и уништувањето на безбожните луѓе“. Безбожните се оние кои ќе бидат уништени. Никаква штета нема да им се нанесе на недолжните, за разлика од она што честопати се случува во човечките војни, каде што цивилните жртви бројно ги надминуваат воените. Големиот Судија ни гарантира дека неговиот ден ќе биде уништување на безбожните.

11. Според она што го покажува Исаија, каква ќе биде иднината на секој кој ќе се сврти против Бог и против неговото обожавање?

11 Преживеаните праведници ќе увидат дека Божјата пророчка реч е вистина. Стих 24 претскажува дека ‚труповите на луѓето што се одметнале‘ од Јехова ќе бидат доказ за неговиот суд. Сликовитиот јазик кој го употребил Исаија можеби изгледа шокантен. Сепак, тој е доследен на еден историски факт. Надвор од ѕидините на древниот Ерусалим имало депонии за ѓубре и понекогаш таму ги фрлале труповите на погубените злосторници на кои им било пресудено дека не заслужуваат пристоен погреб.a Црвите и огнот што горел таму набрзо ги отстранувале и ѓубрето и тие трупови. Изгледа сликовитоста на Исаија ја илустрира конечноста на Јеховиниот суд над престапниците.

Што ветил тој

12. Какви понатамошни показатели дава Исаија за животот во новиот свет?

12 Откровение 21:4 ни кажува за некои работи кои нема да постојат во претстојниот нов систем. Меѓутоа, што ќе постои тогаш? Каков ќе биде животот? Можеме ли да добиеме некои веродостојни навестувања за тоа? Да. Исаија, поглавје 65, пророчки ги опишува условите во кои ќе уживаме доколку добиеме Јеховино одобрување да живееме кога тој, во конечна смисла, ќе ги создаде овие ново небо и нова земја. Оние кои ќе бидат благословени со постојано место на новата земја нема да остарат и неизбежно да умрат. Исаија 65:20 нѐ уверува: „Таму веќе нема да има малолетен ни старец, што нема да ги исполни деновите свои; стогодишникот умира како момче, но умира ли стогодишен грешник, ќе биде проколнуван“.

13. Како Исаија 65:20 нѐ уверува дека Божјиот народ ќе ужива во безбедност?

13 Кога ова првпат се исполнило на Исаииниот народ, тоа значело дека бебињата во земјата биле безбедни. Во неа не влегувале никакви непријатели, како некогаш Вавилонците, за да ги одведат доенчињата или да ги соборат мажите кои биле во цутот на младоста (2. Летописи 36:17, 20). Во претстојниот нов свет, луѓето ќе бидат сигурни, безбедни, ќе можат да уживаат во животот. Ако некој реши да се побуни против Бог, нема да му се дозволи и понатаму да живее. Бог ќе го отстрани. Што ако бунтовничкиот грешник има сто години? Ќе умре „како момче“ во споредба со бескрајниот живот што може да го има (1. Тимотеј 1:19, 20; 2. Тимотеј 2:16—19).

14, 15. На темел на Исаија 65:21, 22, кои наградувачки активности можеш со нетрпение да ги очекуваш?

14 Наместо да се сконцентрира на тоа како би можел да биде отстранет еден намерен грешник, Исаија ги опишува животните услови кои ќе преовладуваат во новиот свет. Обиди се да се замислиш себеси во таа сцена. Она што би можело најпрвин да ти дојде во мислите се работи кои директно се однесуваат на тебе. Исаија зборува за тоа во стихови 21 и 22: „Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои“.

15 Ако сѐ уште не си стекнал градежно искуство или не си се занимавал со градинарство, пророштвото на Исаија укажува дека те чека школување. Но, дали ќе бидеш спремен да учиш со помош на способни инструктори, можеби љубезни соседи кои радосно ќе ти пружат рака? Исаија не кажал дали твојот дом ќе има големи прозорци без стакла со ролетни за да можеш да уживаш во тропските ветриња или, пак, затворени прозорци со стакла низ кои ќе можеш да го набљудуваш менувањето на годишните времиња. Дали ќе изградиш куќа со кос покрив за да се слева дождот или снегот? Или, пак, локалната клима ќе налага рамен покрив — како еден од оние на Средниот Исток — покрив каде што можеш да се собираш со своето семејство на прекрасни оброци и на разговор? (5. Мојсеева 22:8; Неемија 8:16).

16. Зошто можеш да очекуваш новиот свет да донесе трајно задоволство?

16 Она што е поважно од знаењето на тие детали е тоа што ќе имаш сопствено живеалиште. Тоа ќе биде твое — не како денес кога можеби се мачиш да градиш, но потоа друг го користи тоа. Исаија 65:21 кажува и дека ти ќе садиш и ќе ги јадеш плодовите. Јасно, тоа ја резимира општата ситуација. Ќе најдеш големо задоволство од своите напори, од плодовите на својот труд. Ќе можеш да го правиш тоа во текот на еден долг живот — „како дните на дрво“. Ова сигурно одговара на описот „сѐ ново“! (Псалм 91:12—14).

17. Кое ветување е особено охрабрувачко за родителите?

17 Ако си родител, овие зборови ќе го трогнат твоето срце: „Нема да се трудат напразно и да раѓаат деца за скрб; зашто ќе бидат семе, благословено од Господа, и потомците нивни со нив. И пред тие да повикаат, Јас ќе одговорам; тие уште ќе говорат, а Јас веќе ќе ги чујам“ (Исаија 65:23, 24). Дали од искуство ја знаеш болката на ‚раѓање деца за скрб‘? Не треба да ги набројуваме проблемите кои можеби ги имаат децата, а што ги вознемирува родителите и другите. Во тој поглед, сите сме забележале родители кои се толку преокупирани со својата кариера, активности или задоволства што поминуваат малку време со своите деца. Спротивно на ова, Јехова нѐ уверува дека тој ќе ги чуе и ќе одговори на нашите потреби, дури и ќе ги очекува.

18. Зошто можеш да очекуваш дека ќе уживаш во животните во новиот свет?

18 Додека размислуваш за она што ќе можеш да го уживаш во новиот свет, претстави си ја сцената која ја изложува Божјата пророчка реч: „Волк и јагне ќе пасат заедно, а лавот ќе јаде слама како вол, а на змијата правот ќе ѝ биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора, вели Господ“ (Исаија 65:25). Човечките уметници се обидувале да ја насликаат таа сцена, но ова не е само имагинарен опис кој е создаден со уметничка фантазија. Таа ќе биде реална. Меѓу луѓето ќе преовладува мир кој ќе биде еднаков на мирот со животните. Многу биолози и љубители на животни ги поминуваат најубавите години од својот живот учејќи за само неколку типа животни или само за еден вид или род. Во споредба со тоа, замисли само што сѐ ќе можеш да научиш кога кај животните нема да преовладува стравот од луѓето. Тогаш ќе можеш да им пристапиш дури и на птиците и на ситните суштества чие наоѓалиште е шумата или џунглата — да, да ги набљудуваш, да учиш од нив и да уживаш во нив (Јов 12:7—9). Тоа ќе можеш да го правиш безбедно, без опасност од човек или од животно. Јехова вели: „Тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора“. Каква само промена ќе биде тоа во однос на она што го гледаме и доживуваме денес!

19, 20. Зошто Божјиот народ прилично се разликува од повеќето луѓето денес?

19 Како што спомнавме претходно, луѓето не можат точно да ја претскажат иднината, и покрај распространетите грижи поврзани со новиот милениум. Тоа прави многу луѓе да бидат фрустрирани, збунети или очајни. Питер Имберли, директор на еден канадски универзитет, напишал: „Многу [возрасни] конечно се соочуваат со основните прашања за постоењето. Кој сум? Кон што всушност се стремам? Какво наследство ѝ оставам на следната генерација? Тие се борат во своите средни години за да постигнат ред и смисла во животот“.

20 Можеш да сфатиш зошто ова е случај кај многумина. Можеби тие настојуваат да уживаат во животот со разни видови на хоби и возбудливи облици на рекреација. Сепак, не знаат што донесува иднината, па затоа можеби на нивниот живот му недостасува значење, ред или вистинска смисла. Сега, спореди го тоа со твоето гледиште за животот, во светлина на она што го разгледавме. Знаеш дека во Јеховиното ветено ново небо и нова земја ќе можеме да погледнеме наоколу и од срце да кажеме: ‚Навистина, Бог создаде сѐ ново!‘ Колку само ќе уживаме во тоа!

21. Кој заеднички елемент го наоѓаме во Исаија 65:25 и Исаија 11:9?

21 Не сме вообразени ако си го замислуваме животот во Божјиот нов свет. Бог нѐ поканува, дури и нѐ поттикнува да го обожаваме во вистина сега и да се квалификуваме за живот кога ‚тие нема да причинуваат зло и штета по целата Негова света гора‘ (Исаија 65:25). Но, дали си знаел дека Исаија претходно дал сличен коментар и дека вклучил еден елемент кој е пресуден за нашето вистинско уживање во новиот свет? Исаија 11:9 вели: „Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето“.

22. Што треба да бидеме уште поодлучни да правиме после разгледувањето на овие четири библиски пророштва?

22 „Познавање на Господа.“ Кога Бог ќе создаде сѐ ново, жителите на Земјата ќе имаат точно спознание за него и за неговата волја. Тоа ќе вклучува многу повеќе отколку само да се учи од животинското творештво. Се работи за Неговата инспирирана Реч. На пример, размисли за тоа колку научивме од испитувањето на само четири пророштва во кои се спомнуваат „ново небо и нова земја“ (Исаија 65:17; 66:22; 2. Петрово 3:13; Откровение 21:1). Ти имаш добра причина да ја читаш Библијата секој ден. Дали е тоа обележје на твојата рутина? Ако не, какви преиначувања можеш да направиш за да читаш секој ден нешто од она што има да го каже Бог? Ќе откриеш дека освен што со нетрпение ќе очекуваш да уживаш во новиот свет, ќе имаш поголема радост уште сега, исто како и псалмистот (Псалм 1:1, 2).

[Фуснота]

a Види Insight on the Scriptures (Увид во Писмото), Том 1, страница 906, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

Како би одговорил?

• Зошто можеме да заклучиме дека Исаија 66:22—24 го претскажува она што допрва лежи пред нас?

• Што со особено нетрпение очекуваш од работите спомнати во пророштвата во Исаија 66:22—24 и Исаија 65:20—25?

• Од кои причини треба да имаш доверба во својата иднина?

[Слики на страница 15]

Исаија, Петар и Јован претскажале некои аспекти на ‚новото небо и новата земја‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели