ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/11 стр. 7-12
  • Побожно гледиште за моралната чистота

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Побожно гледиште за моралната чистота
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дар од Творец полн со љубов
  • Божествени ограничувања
  • Извлекување корист од Божјите морални закони
  • Јосиф — благословен за неговото морално однесување
  • Јововиот „завет со своите очи“
  • Чесна млада жена
  • „Како би можел да направам толку големо зло?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Роб кој му бил послушен на Бог
    Поуки од Библијата
  • Јехова ни дава успех во сѐ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Јосиф е ставен в затвор
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/11 стр. 7-12

Побожно гледиште за моралната чистота

„Јас Господ, твојот Бог, те учам за твое добро, те водам по патот по кој треба да одиш“ (ИСАИЈА 48:17).

1, 2. а) Како луѓето, општо земено, гледаат на сексуалниот морал? б) Какво гледиште за сексуалниот морал имаат христијаните?

ДЕНЕС, во многу делови од Земјата се смета дека моралното однесување е лична работа. Луѓето гледаат на сексуалните односи како на природен израз на наклоност во кој може да се впуштат секогаш кога ќе посакаат, а не како на нешто што треба да се ограничи само на бракот. Мислат дека ако никој не е повреден, нема ништо лошо во одлучувањето како некој да се однесува. Според нив, во однос на моралот луѓето не треба да бидат осудувани, особено кога станува збор за сексот.

2 Оние кои го запознале Јехова имаат поинакво гледиште. Тие радо ги следат библиските упатства бидејќи го љубат Јехова и сакаат да му угодат. Признаваат дека Јехова ги сака и им дава упатство кое е за нивно добро, упатство кое навистина ќе им биде од корист и ќе ги усреќи (Исаија 48:17). Со оглед на тоа што Бог е Извор на животот, разумно е дека треба на него да се потпираат за водство во врска со тоа како да го користат своето тело, а особено во поглед на оваа работа која е толку тесно поврзана со пренесувањето на животот.

Дар од Творец полн со љубов

3. На што биле поучени многумина во христијанскиот свет во врска со сексуалните односи, и како тоа може да се спореди со она што го учи Библијата?

3 За разлика од денешниов световен систем, некои во христијанскиот свет поучуваат дека сексуалните односи се срамни, грешни и дека „првобитниот грев“ во градината Еден било сексуалното заведување на Адам од страна на Ева. Таквото гледиште е спротивно на она што го вели инспирираното Писмо. Библискиот запис се осврнува на првиот човечки пар како на „човекот и неговата жена“ (Битие 2:25). Бог им рекол да имаат деца, велејќи: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата“ (Битие 1:28). Не би имало никаква смисла Бог да им заповеда на Адам и Ева да раѓаат деца и потоа да ги казни заради тоа што ги спроведуваат тие упатства (Псалми 19:8).

4. Зошто Бог им дал на луѓето сексуална моќ?

4 Во таа заповед дадена на нашите прародители, која им била повторена на Ное и на неговите синови, ја увидуваме главната цел на сексуалните односи: да се раѓаат деца (Битие 9:1). Меѓутоа, Божјата реч покажува дека неговите слуги кои се во брак не се обврзани да ги ограничат сексуалните односи само на обидите да родат деца. Тие односи можат исправно да ги задоволат емоционалните и физичките потреби и да бидат извор на задоволство за брачниот пар. Тоа е начин на кој тие можат да изразат длабока наклоност еден кон друг (Битие 26:8, 9; Пословици 5:18, 19; 1. Коринќаните 7:3—5).

Божествени ограничувања

5. Какви забрани поставил Бог во однос на сексуалната активност на човекот?

5 Иако сексуалноста е дар од Бог, таа не треба да се изразува без никакво ограничување. Ова начело важи дури и во рамките на брачното уредување (Ефешаните 5:28—30; 1. Петрово 3:1, 7). Сексуалните односи надвор од бракот се забранети. Библијата е доста конкретна во врска со оваа работа. Во Законот кој Бог ѝ го дал на нацијата Израел, било наведено: „Не ќе прељубодејствуваш!“ (Излез 20:14). Подоцна, Исус ги вклучил „блудствата“ и „прељубите“ во „штетните резонирања“ кои потекнуваат од срцето и го валкаат човекот (Марко 7:21, 22). Апостол Павле бил инспириран да ги опомене христијаните во Коринт: „Бегајте од блуд“ (1. Коринќаните 6:18). А во своето писмо до Евреите, Павле напишал: „Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде неизвалкана зашто Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците“ (Евреите 13:4).

6. Што сѐ вклучува зборот „блуд“ во Библијата?

6 Што се мисли со зборот „блуд“? Тој потекнува од грчкиот збор порнеиа кој понекогаш се користи за сексуални односи меѓу луѓе кои не се во брак (1. Коринќаните 6:9). На други места како, на пример, во Матеј 5:32 и во Матеј 19:9, овој термин има пошироко значење и укажува уште на прељуба, инцест и бестијалност. И други сексуални практики меѓу поединци кои не се во брак, на пример орален и анален секс и сексуално манипулирање со гениталните органи на друго лице можат исто така да бидат означени како порнеиа. Сите вакви практики во Божјата реч се осудени — или отворено или на индиректен начин (Левит 20:10, 13, 15, 16; Римјаните 1:24, 26, 27, 32).a

Извлекување корист од Божјите морални закони

7. Како извлекуваме корист ако останеме морално чисти?

7 Послушноста кон Јеховиното упатство за сексуалното однесување може да биде предизвик за несовршените луѓе. Прочуениот еврејски филозоф од 12 век, Мајмонид, напишал: „Ниедна забрана во целата Тора [Мојсеевиот закон] не е толку тешка за држење како онаа за забранетите врски и недозволените сексуални односи“. Сепак, ако сме послушни на Божјето упатство, извлекуваме голема корист (Исаија 48:18). На пример, послушноста во оваа работа ни помага да се заштитиме од сексуално преносливи болести, од кои за некои нема лек и може да водат до смрт.b Заштитени сме од вонбрачна бременост. Применувањето на побожната мудрост придонесува и за чиста совест. Тоа го унапредува самопочитувањето и донесува почит од другите, вклучувајќи ги и нашите роднини, брачни партнери, деца и нашите христијански браќа и сестри. Исто така, тоа кај нас унапредува здрав, позитивен став кон сексот, што придонесува за среќа во бракот. Една христијанка напишала: „Вистината од Божјата реч е најдобрата можна заштита. Очекувам да стапам во брак, и кога ќе го сторам тоа, ќе бидам горда што ќе можам да му кажам на христијанинот за кој ќе се омажам дека сум останала чесна“.

8. На кои начини би можеле со своето чесно однесување да го унапредуваме чистото обожавање?

8 Задржувајќи чесно однесување, можеме многу да сториме и за да ги отстраниме погрешните сфаќања во врска со вистинското обожавање и да ги привлечеме луѓето кон Богот кого го обожаваме. Апостол Петар напишал: „Задржете го своето добро однесување меѓу нациите за во она, во кое зборуваат против вас како да сте злосторници, на темел на вашите добри дела чиишто очевидци се тие, да го прослават Бог во денот на неговото прегледување“ (1. Петрово 2:12). Дури и ако оние кои не му служат на Јехова пропуштаат да го признаат или одобрат нашето чесно однесување, можеме да бидеме сигурни дека нашиот небесен Татко ги гледа, ги одобрува, па дури и се радува на нашите напори да го следиме неговото водство (Пословици 27:11; Евреите 4:13).

9. Зошто треба да имаме доверба во Божјето упатство, иако можеби не ги разбираме во потполност причините за него? Илустрирај.

9 Верата во Бог вклучува доверба дека тој знае што е најдобро за нас, дури и ако не ги разбираме во целост сите причини зошто нѐ насочува по извесен пат. Разгледај еден пример од Мојсеевиот закон. Една одредба во врска со воените логорувања барала изметот да се закопа надвор од логорот (Второзаконие 23:13, 14). Можеби Израелците се прашувале која е причината за таквото упатство; можеби некои си мислеле дека тоа е непотребно. Меѓутоа, оттогаш медицината сфатила дека овој закон помогнал да се заштитат изворите на вода од загадување и обезбедил заштита од многу болести кои ги пренесуваат инсектите. На сличен начин, постојат духовни, социјални, емоционални, физички и психолошки причини зошто Бог ги ограничил сексуалните односи само на брачната постела. Сега да разгледаме неколку библиски примери на лица кои задржале морална чистота.

Јосиф — благословен за неговото морално однесување

10. Кој се обидел да го заведе Јосиф, и како реагирал тој?

10 Веројатно го знаеш библискиот пример на Јосиф, синот на Јаков. На 17-годишна возраст се нашол како роб кој му припаѓал на Петефриј, заповедник на телесната стража на египетскиот фараон. Јехова го благословил Јосиф, и со текот на времето тој бил назначен над целиот дом на Петефриј. До времето кога ги навршил своите 20-ти години, Јосиф станал „со складна става и убав“. Тој го привлекол вниманието на жената на Петефриј која се обидела да го заведе. Јосиф јасно го изнел својот став, објаснувајќи дека ако се согласи, тоа не би било само предавство на неговиот господар туку и ‚грев против Бог‘. Зошто Јосиф резонирал така? (Битие 39:1—9).

11, 12. Иако немало божествено даден пишан закон кој ги забранувал блудот и прељубата, зошто Јосиф сигурно резонирал на ваков начин?

11 Очигледно одлуката на Јосиф не се темелела на страв да не го откријат луѓето. Семејството на Јосиф живеело далеку, а татко му мислел дека тој е мртов. Ако Јосиф се впуштел во сексуален неморал, неговото семејство немало никогаш да дознае за тоа. Таквиот грев веројатно можел да се скрие и од Петефриј и од неговите машки слуги, бидејќи имало прилики кога тие не биле дома (Битие 39:11). Сепак, Јосиф знаел дека таквото однесување не би можело да се скрие од Бог.

12 Јосиф сигурно си резонирал за она што го знаел за Јехова. Несомнено знаел дека во градината Еден Јехова објавил: „Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена; и тие ќе станат едно тело“ (Битие 2:24). Освен тоа, Јосиф веројатно бил свесен за она што му го кажал Јехова на еден филистејски цар кој бил решен да ја заведе Сара, прабабата на Јосиф. Јехова му рекол на тој цар: „Треба да умреш заради жената која ја зеде, зашто таа е омажена жена . . . Јас те задржав да не згрешиш против Мене; и не оставив да се допреш до неа“ (Битие 20:3, 6). Значи, иако Јехова сѐ уште немал дадено пишан закон, неговите чувства за бракот биле јасни. Моралното чувство на Јосиф, како и неговата желба да му угоди на Јехова, го навеле да го отфрли неморалот.

13. Зошто Јосиф веројатно не можел да ја избегне жената на Петефриј?

13 Меѓутоа, жената на Петефриј била упорна, преколнувајќи го „секојдневно“ да легне со неа. Зошто Јосиф едноставно не ја избегнувал? Па, како роб, тој имал должности и не можел многу да стори за да ја измени својата ситуација. Археолошките докази укажуваат дека заради дизајнот на египетските куќи било потребно да се помине низ главниот дел од куќата за да се стигне до магацините. Според тоа, можеби за Јосиф било невозможно да ја избегне жената на Петефриј (Битие 39:10).

14. а) Што се случило со Јосиф откако побегнал од жената на Петефриј? б) Како Јехова го благословил Јосиф за неговата верност?

14 Дошол ден кога тие биле сами во куќата. Жената на Петефриј посегнала по Јосиф и извикала: „Легни со мене!“ Тој побегнал. Навредена бидејќи ја одбил, таа го обвинила дека се обидел да ја силува. Какви биле последиците? Дали Јехова веднаш го наградил заради неговиот правец на интегритет? Не. Јосиф бил фрлен в затвор и врзан во окови (Битие 39:12—20; Псалми 105:18). Јехова ја видел неправдата и на крај го издигнал Јосиф од затвор во палата. Тој станал втор човек по моќ во Египет и бил благословен со сопруга и деца (Битие 41:14, 15, 39—45, 50—52). Освен тоа, извештајот за интегритетот на Јосиф бил запишан пред 3.500 години за да се осврнуваат на него Божјите слуги дури и денес. Какви само прекрасни благослови за придржувањето кон Божјите праведни закони! На сличен начин, ние денес можеби не ги гледаме секогаш непосредните користи од задржувањето на моралниот интегритет, но можеме да бидеме уверени дека Јехова гледа и дека ќе нѐ благослови во одредено време (2. Летописи 16:9).

Јововиот „завет со своите очи“

15. Каков бил Јововиот ‚завет со неговите очи‘?

15 Еден друг чувар на интегритетот е Јов. Во текот на испитите што му ги нанел Ѓаволот, Јов се осврнал на својот живот и изјавил дека е спремен да се подложи на сурова казна ако го прекршил, меѓу другото, Јеховиното начело за сексуалниот морал. Јов рекол: „Склучив завет со своите очи, дека нема [внимателно, NW] да погледнат на ниедна девица“ (Јов 31:1). Со ова Јов мислел дека во својата решеност да го сочува интегритетот пред Бог, бил одлучен да избегнува дури и страсно да се загледува во некоја жена. Се разбира, во секојдневниот живот тој гледал жени и веројатно им помагал ако им била потребна помош. Но, што се однесува до тоа да биде внимателен во смисла да има романтични цели, тоа не си го дозволувал. Пред да започнат неговите испити, тој бил човек со големо богатство, „најугледен меѓу жителите на исток“ (Јов 1:3). Меѓутоа, не ја користел моќта на богатството за да привлекува многу жени. И сигурно, никогаш не се занесувал со изгледот да се впушти во недозволени сексуални односи со помлади жени.

16. а) Зошто Јов е добар пример за христијаните кои се во брак? б) Како однесувањето на мажите во времето на Малахија било многу поинакво од однесувањето на Јов, и какво е денес?

16 На тој начин, и во добри и во лоши времиња Јов покажал морален интегритет. Јехова го забележал тоа и богато го благословил (Јов 1:10; 42:12). Каков само убав пример е Јов за христијаните кои се во брак, како за мажите така и за жените! Не е ни чудо што Јехова толку го сакал! За разлика од него, однесувањето на многумина денес повеќе личи на она што се случувало во времето на Малахија. Пророкот го осудил начинот на кој сопрузите ги напуштале своите партнерки, и тоа честопати за да се оженат со помлади жени. Јеховиниот олтар бил прекриен со солзите на напуштените сопруги, и Бог ги осудил оние кои на таков начин ‚им биле неверни‘ на своите партнерки (Малахија 2:13—16).

Чесна млада жена

17. Во кој поглед Суламката била како „затворена градина“?

17 Трет чувар на интегритетот била суламската девојка. Бидејќи била млада и убава, таа ја привлекла наклоноста не само на пастирот туку и на богатиот израелски цар Соломон. Низ прекрасната приказна раскажана во Песна над Песни, Суламката останала чесна, стекнувајќи ја на тој начин почитта на оние околу неа. Иако бил отфрлен од неа, Соломон бил инспириран да ја запише нејзината приказна. Пастирот што го љубела таа исто така го почитувал нејзиното чесно однесување. Во еден момент тој си размислувал дека Суламката била како „затворена градина“ (Песна над песни 4:12). Во прекрасните градини на древниот Израел имало восхитувачка разноликост од зеленчук, миризливи цвеќиња и величествени дрвја. Таквите градини обично биле опкружени со жива ограда или ѕид и можело да се влезе само низ порта која била заклучена (Исаија 5:5). За пастирот, моралната чистота и милозливост на Суламката биле како една таква градина со ретка убавина. Таа била сосема чесна. Нејзината нежна наклоност би била достапна само за нејзиниот иден сопруг.

18. На што нѐ потсетуваат извештаите за Јосиф, Јов и Суламката?

18 Во врска со моралниот интегритет, Суламката им дала одличен пример на христијанките денес. Јехова ја видел и ја ценел доблеста на суламската девојка и ја благословил исто како што ги благословил Јосиф и Јов. Нивните постапки на интегритет се запишани во Божјата реч за наше водство. Иако нашите напори да го задржиме интегритетот денес не се запишани во Библијата, Јехова има „Спомен книга“ за оние кои настојуваат да ја вршат неговата волја. Никогаш да не заборавиме дека Јехова „внимава“ и се радува додека лојално настојуваме да останеме морално чисти (Малахија 3:16).

19. а) Како треба да гледаме на моралната чистота? б) За што ќе се дискутира во следната статија?

19 Иако оние кои немаат вера можеби ни се потсмеваат, ние се радуваме што сме му послушни на нашиот Творец полн со љубов. Ние имаме еден повисок морал, побожен морал. Тоа е нешто на кое треба да сме горди, нешто што треба високо да го цениме. Задржувајќи чиста морална положба, можеме да уживаме во Божјиот благослов и да задржиме светла надеж за бескрајни благослови во иднината. Но, што можеме во практична смисла да сториме за да останеме морално чисти? Следната статија ќе дискутира за ова важно прашање.

[Фусноти]

a Види Стражарска кула од 1 јули 1983, страници 15—18.

b За жал, има ситуации кога некој недолжен христијанин добил сексуално пренослива болест од партнер кој не е соверник и кој не го следел Божјето упатство.

Можеш ли да објасниш?

• Што учи Библијата за сексуалните односи?

• Што вклучува зборот „блуд“ во Библијата?

• Како извлекуваме корист ако останеме морално чисти?

• Зошто Јосиф, Јов и суламската девојка се убави примери за христијаните денес?

[Слика на страница 9]

Јосиф побегнал од неморал

[Слика на страница 10]

Суламската девојка била како „затворена градина“

[Слика на страница 11]

Јов склучил „завет со своите очи“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели