ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/1 стр. 3
  • Зошто да се негува доблест?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се негува доблест?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Како можеме да негуваме доблест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дали се стремиш кон доблест?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Како можеме на својата вера да ѝ додадеме добродетел?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Оѕвиј се на Божјите ветувања — покажи вера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/1 стр. 3

Зошто да се негува доблест?

ЕДЕН средовечен Јапонец по име Кунихито неодамна се преселил во Соединетите Држави.a Неколку седмици откако пристигнал, се соочил со една ситуација која можела да му наштети на кариерата. Кунихито раскажува: „Кога мојот претпоставен ме праша дали би можел да прифатам извесна одговорност, се чувствував прилично уверен дека можам да го сторам тоа. Сепак, воспитан да гледам на скромноста како на доблест, одговорив: ‚Не сум баш сигурен, но ќе сторам сѐ што можам‘. На мојот американски шеф ова му звучеше како да не сум способен и како да ми недостига самодоверба. Кога дознав за тоа, сфатив дека треба да правам некои преиначувања“.

Марија, која живее во Њујорк Сити, била одлична студентка, секогаш спремна да им помогне на своите колеги. Хуан ѝ бил колега на кој повремено му помагала. Но, тој покажал и романтичен интерес за неа и се обидел да ја импресионира. И покрај тоа што имала желба да остане морално чесна, Марија подлегнала на понудите на Хуан и се впуштила во погрешно сексуално однесување.

Да се покажува доблест во денешниов свет во кој преовладуваат различни култури и е морално расипан е навистина предизвик. Тогаш, зошто да се негува доблест? Бидејќи доблесното однесување му е угодно на Бог, а сигурно дека повеќето од нас сакаат да ја имаат неговата наклоност.

Божјата реч, Библијата, ги поттикнува своите читатели да негуваат доблест. На пример, апостол Павле пишува: „Секоја доблест што постои и сѐ што е вредно за фалба, за тоа размислувајте и понатаму“ (Филипјаните 4:8). А апостол Петар нѐ поттикнува да вложуваме ‚сесрден труд да ја дополниме својата вера со доблест‘ (2. Петрово 1:5). Но, што е доблест? Може ли да се научи во училница? Како можеме да ја негуваме?

[Фуснота]

a Некои имиња се изменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели