ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/5 стр. 3-4
  • Проблемот со човечките страдања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проблемот со човечките страдања
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е со иднината?
  • Дали Бог се грижи за нас?
    Дали Бог се грижи за нас?
  • Постојана потрага по решенија
    Разбудете се! 2001
  • Верата и твојата иднина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Библијата — книга со точни пророштва — дел 6
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/5 стр. 3-4

Проблемот со човечките страдања

„ЗОШТО БОЖЕ, ЗОШТО?“ Овој голем ударен наслов се појави на насловната страница на еден многу читан весник со висок тираж по еден разурнувачки земјотрес во Мала Азија. На една придружна слика беше покажано како еден избезумен татко ја изнесува својата повредена ќерка од нивниот разрушен дом.

Војните, гладот, епидемиите и природните катастрофи предизвикуваат неизмерна болка, море од солзи и безброј смртни случаи. Згора на ова се и страдањата на жртвите на силување, злоупотреба на деца и други злосторства. Размисли и за огромниот број повреди и смртни случаи кои се последица од несреќите. А тука се и физичките и душевните болки што ги доживуваат милијарди луѓе поради болест, старост и смрт на саканите.

Дваесеттиот век ги доживеал најужасните страдања. Во I светска војна, од 1914 до 1918, биле убиени скоро десет милиони војници. Некои историчари велат дека таа им донела смрт и на исто толку цивили. Во II светска војна биле убиени околу 50 милиони борци и цивили, вклучувајќи и милиони незаштитени жени, деца и постари мажи. Во последниов век, уште милиони други луѓе биле жртви на геноцид, револуции, етничко насилство, глад и сиромаштија. Historical Atlas of the Twentieth Century (Историски атлас на дваесеттиот век) проценува дека поради таквата „масовна непријатност“ умреле повеќе од 180 милиони луѓе.

Шпанската грозница во 1918/1919 усмртила 20 милиони луѓе. Во последниве две децении, околу 19 милиони луѓе умреле од СИДА, а уште 35 милиони други сега го носат вирусот кој ја предизвикува. Милиони деца останале без родители — тие умреле од СИДА. И безброј бебиња умираат од СИДА која им била пренесена кога сѐ уште биле во материцата.

На децата им се нанесуваат додатни страдања и на други начини. Наведувајќи ги информациите што Меѓународниот фонд за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ) ги дал на крајот од 1995, Manchester Guardian Weekly од Англија вели: „Во војните од изминатата деценија беа убиени 2 милиони деца, хендикепирани 4—5 милиони, 12 милиони станаа бездомници, повеќе од 1 милион останаа сирачиња или се одвоени од родителите и 10 милиони се психолошки трауматизирани“. А згора на ова се проценува дека низ целиот свет се вршат 40 до 50 милиони абортуси — секоја година.

Што е со иднината?

Многумина со лошо претчувство гледаат на иднината. Група научници рекле: „Човечките активности . . . можат толку многу да го изменат живиот свет што ќе биде невозможно да се поддржува животот на начинот кој ни е познат“. Тие додале: „Дури и во овој момент, секој петти човек живее во апсолутна сиромаштија без доволно храна, а секој десетти страда од сериозна неисхранетост“. Научниците ја искористиле приликата да „го предупредат целото човештво на она што нѐ очекува“ и рекле: „Потребна е голема промена во нашиот начин на управување над Земјата и над животот за да се избегне огромна човечка мизерија и нашиот глобален дом на оваа планета да не биде осакатен до тој степен што не ќе може да се поправи“.

Зошто Бог дозволил толку многу страдања и злоба? Според неговата намера, како ќе ја поправи ситуацијата? Кога?

[Извори на слики на страница 3]

Горе, инвалидска количка: фотографија на UN/DPI 186410C од П. С. Судакаран; в средина, изгладнети деца: WHO/OXFAM; долу, премногу слаб човек: фотографија на ФАО/B. Imevbore

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели