ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/5 стр. 27
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Јеховиниот голем духовен храм
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Цени ја честа да служиш во Јеховиниот духовен храм
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • „Дом за молитва на сите народи“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • ,Духот сведочи со нашиот дух‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/5 стр. 27

Прашања од читателите

Кога била помазана „Светињата над светињите“, како што е претскажано во Даниел 9:24 (NW)?

Даниел 9:24-27 (NW) е пророштво во врска со појавата на „Месијата Водачот“ — Христос. Значи, претскажаното помазување на „Светињата над светињите“ не укажува на помазувањето на одделението „Најсвета светиња“ во храмот во Ерусалим. Наместо тоа, изразот „Светињата над светињите“ укажува на Божјето небесно светилиште — небесната Најсвета светиња — во големиот духовен храм на Јеховаa (Евреите 8:1-5; 9:2-10, 23).

Кога почнал да дејствува Божјиот духовен храм? Па, размисли што се случило кога Исус се претставил за крштавање во 29 н.е. Од тој момент во неговиот живот, Исус почнал да ги исполнува зборовите во Псалм 40:6-8. Подоцна апостол Павле покажал дека Исус му се молел на Бог: „Жртва и принос ти не сакаше, туку ми подготви тело“ (Евреите 10:5). Исус знаел дека Бог ‚не сакал‘ и понатаму да се принесуваат животински жртви во храмот во Ерусалим. Наместо тоа, Јехова подготвил едно совршено човечко тело за Исус да го принесе како жртва. Изразувајќи ја својата искрена желба, Исус продолжил: „Еве, дојдов (во свитокот на книгата е напишано за мене) да ја вршам твојата волја, Боже“ (Евреите 10:7). И каква била реакцијата на Јехова? Евангелието според Матеј наведува: „Откако се крсти, Исус веднаш излезе од водата; и гледај, небесата се отворија, и виде како Божјиот дух слегува како гулаб и доаѓа на него. И гледај, глас од небесата рече: ‚Ова е мојот Син, љубениот, кого го одобрив‘“ (Матеј 3:16, 17).

Тоа што Јехова Бог го прифатил принесувањето на Исусовото тело за жртва значело дека почнал да постои еден олтар кој бил поголем од дословниот олтар во храмот во Ерусалим. Тоа бил олтар на Божјата „волја“, или подготовка за прифаќање на Исусовиот човечки живот како жртва (Евреите 10:10). Помазувањето на Исус со светиот дух значело дека сега Бог го довел во постоење целото уредување на својот духовен храм.b Според тоа, во времето кога Исус се крстил, Божјето небесно живеалиште било помазано, или издвоено како „Светињата над светињите“ во уредувањето на големиот духовен храм.

[Фусноти]

a За дискусија во врска со различните обележја на Божјиот духовен храм, види Стражарска кула од 1 јули 1996, страници 14-19.

b На ова се алудираше на страница 195 од книгата Обрни внимание на Даниеловото пророштво!

[Слика на страница 27]

„Светињата над светињите“ била помазана кога се крстил Исус

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели