ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/8 стр. 28-30
  • Совладај ги препреките во твојот напредок!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Совладај ги препреките во твојот напредок!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се идентификуваат пречките за напредок
  • Да се совладаат препреките
  • Не откажувај се
  • Творецот ме привлече со убавината на вистината
    Разбудете се! 2005
  • Храброст
    Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Да им помагаме на мажите духовно да напредуваат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Дали си спремен да се крстиш?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/8 стр. 28-30

Совладај ги препреките во твојот напредок!

АВТОМОБИЛОТ ти е во погон и моторот работи, но не може да тргне. Дали се работи за некаков механички проблем? Не, пред едно од тркалата е ставен еден голем камен. Сѐ што е потребно за да тргне автомобилот е да го отстраниш каменот.

На сличен начин, некои кои ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци имаат препреки што можат да го кочат нивниот духовен напредок. На пример, Исус предупредил дека некои работи како што се „тегобната грижа на овој систем на работи и измамничката моќ на богатството“ би можеле да ‚ја задушат речта‘ на вистината и да го спречат растот (Матеј 13:22).

Кај други, напредокот го блокираат некои вкоренети навики или слабости. На еден Јапонец, по име Јутака, библиската порака му се допаѓала, но сепак, коцкањето му било сериозен проблем. Честопати се обидувал да ја победи оваа лоша навика, но безуспешно. Тој платил за својата зависност со едно мало богатство, три домови, почитта од своето семејство и личното достоинство. Дали можел да го отстрани овој камен на спрепнување и да стане христијанин?

Или, размисли за една жена по име Кеико. Со помош на Библијата се ослободила од пороци како што се идолопоклонството, неморалот и гатањето! Меѓутоа, Кеико признава: „Најголема препрека ми беше пушењето. Многупати пробав да прекинам, но не можев“.

Можеби и ти имаш нешто што се чини како неподвижна препрека која стои на патот на твојот напредок. Сеедно за што се работи, биди уверен дека со Божја помош можеш да ја совладаш.

Сети се на советот што им го дал Исус на своите ученици откако не успеале да истераат демон од еден епилептичар. Откако го постигнал она што тие не успеале, Исус им рекол на учениците: „Ако имате вера колку синапово зрно, на оваа планина ќе ѝ речете: ‚Премести се одовде таму‘, и таа ќе се премести, и ништо нема да ви биде невозможно“ (Матеј 17:14-20; Марко 9:17-29). Да, некој проблем што можеби ни изгледа како една огромна планина е ситен и безначаен за нашиот семоќен Творец (Битие 18:14; Марко 10:27).

Да се идентификуваат пречките за напредок

Пред да ги совладаш препреките, мораш да идентификуваш кои се тие. Како? Понекогаш некој член на собранието, на пример, еден старешина или оној што ја проучува Библијата со тебе, ќе ти обрне внимание на нешто. Наместо да се разгневиш на тој љубезен совет, треба понизно да ја ‚послушаш поуката [дисциплината, NW] за да добиеш мудрост‘ (Пословици 8:33). Во други прилики, можеби стануваш свесен за своите слабости преку личното проучување на Библијата. Да, Божјата реч е „жива и врши силно влијание“ (Евреите 4:12). Читањето на Библијата и на библиските публикации може да ги разоткрие твоите најдлабоки мисли, чувства и мотиви. Тоа ти помага да се процениш самиот себе во согласност со Јеховините возвишени мерила. Ги открива и идентификува работите што можеби го кочат твојот духовен напредок (Јаков 1:23-25).

На пример, да претпоставиме дека некој библиски студент има навика да си фантазира за неморални работи. Можеби мисли дека од тоа нема некаква голема штета, резонирајќи дека, всушност, не прави ништо лошо. Во текот на своето проучување, доаѓа до зборовите од Јаков 1:14, 15: „Секој е искушуван со тоа што неговата сопствена желба го одвлекува и мами. Тогаш желбата, кога станува плодна, раѓа грев; а гревот, пак, кога е извршен, донесува смрт“. Сега гледа колку ќе биде штетно за неговиот напредок ако продолжи со тој пат! Како може да ја отстрани оваа пречка? (Марко 7:2 1—23).

Да се совладаат препреките

Можеби со помош на некој зрел христијанин, студентот ќе може да направи додатно истражување во Божјата реч, користејќи го Watch Tower Publications Index (Индексот на публикации на Watch Tower)a или Индексот на теми што се појавува во последното издание на Стражарска кула секоја година. На пример, насловот „Мисли“ го насочува читателот кон неколку објавени статии кои се занимаваат со совладување на штетните фантазии. Овие статии истакнуваат корисни библиски стихови, како што е Филипјаните 4:8, каде што се вели: „Сѐ што е вистинито, сѐ што заслужува сериозно внимание, сѐ што е праведно, сѐ што е чесно, сѐ што е вредно за сакање, за кое добро се зборува, секоја доблест што постои и сѐ што е вредно за фалба, за тоа размислувајте и понатаму“. Да, неморалните мисли мораат да се заменат со чесни, изградувачки мисли!

Во текот на своето истражување, студентот несомнено ќе открие и други библиски начела кои ќе му помогнат да не го влоши својот проблем. На пример, Пословици 6:27 и Матеј 5:28 предупредуваат да не се храни умот со сексуално провокативен материјал. „Одврати ги моите очи да не ја гледаат суетата“, се молел псалмистот (Псалм 119:37). Се разбира, не е доволно само да се прочитаат овие стихови. „Срцето на праведникот медитира“, вели мудрецот (Пословици 15:28, NW). Ако длабоко размислува не само за тоа што Бог заповеда туку и зошто го заповеда, студентот може да се здобие со подлабоко разбирање за мудроста и разумноста на Јеховините патишта.

На крајот, оној што настојува да ја совлада оваа пречка во својот напредок, треба слободно да ја бара Јеховината помош. Впрочем, Бог добро го знае нашиот состав, дека сме несовршени, направени од прав (Псалм 103:14). Постојаните молитви до Бог за помош, заедно со енергичните напори да избегнуваме да се впуштаме во неморални фантазии, на крајот ќе донесат еден многу пожелен резултат — чиста, неоптоварена совест (Евреите 9:14).

Не откажувај се

Сеедно со каков проблем се бориш, биди свесен дека понекогаш можеби ќе има и падови. Кога ќе се случи тоа, сосема е природно да се чувствуваш фрустриран и разочаран. Меѓутоа, запомни ги зборовите од Галатите 6:9: „Да не се откажуваме да го правиме она што е добро, бидејќи во свое време ќе пожнееме ако не се умориме“. И некои предадени Божји слуги, како што биле Давид и Петар, доживеале понижувачки неуспеси. Но, не се откажале. Понизно го прифатиле советот, ги направиле потребните промени и се покажале како извонредни Божји слуги (Пословици 24:16). И покрај грешките на Давид, Јехова го нарекол „човек по моето срце, кој ќе направи сѐ што сакам“ (Дела 13:22). Исто така, и Петар со својот начин на живот ги надминал своите грешки и станал столб на христијанското собрание.

Многумина денес доживуваат сличен успех во совладувањето на препреките. Јутака, спомнат претходно, ја прифатил понудата за библиска студија. Тој раскажува: „Јеховината поддршка и благословот за секој преземен чекор напред ми помогнаа да го совладам проблемот со коцкањето. Ми причинува голема радост тоа што ја доживувам вистинитоста на Исусовите зборови — дека со вера, дури и ‚планини‘ можат да се преместат“. Со текот на времето, Јутака станал слуга помошник во собранието.

А што е со Кеико, која била зависна од тутун? Сестрата што проучувала со неа ѝ предложила да чита различни статии од Разбудете се! на тема зависност од тутун. Кеико дури ги закачила во својот автомобил зборовите од 2. Коринќаните 7:1 како секојдневно потсетување да остане чиста во Јеховините очи. Сепак, не можела да прекине. „Бев многу фрустрирана од самата себе“, се присетува Кеико. „Затоа почнав да се прашувам што всушност сакам — дали сакам да му служам на Јехова или на Сатана?“ Штом решила дека Јехова е тој кому сака да му служи, горливо се помолила за помош. „На мое изненадување“, се сеќава таа, „можев да прекинам со пушењето без некоја голема болка. Само жалам што тоа не го сторив побрзо.“

И ти можеш да успееш во совладувањето на препреките во твојот напредок. Колку повеќе ги приспособуваш мислите, желбите, зборовите и постапките кон библиските мерила толку повеќе ќе добиваш чувство на самопочит и самодоверба. Твоите духовни браќа и сестри, како и членовите на семејството, ќе бидат освежени и охрабрени од твоето друштво. А што е најважно од сѐ, ќе се продлабочи твојот однос со Јехова Бог. Тој ветил дека ќе ‚ги отстрани [кои и да било, NW] пречки од патот на Неговиот народ‘ кога ќе побегне од контролата на Сатана (Исаија 57:14). Можеш да бидеш сигурен дека ако вложуваш напори да ги отстраниш и совладаш препреките во твојот духовен напредок, Јехова богато ќе те благослови.

[Фуснота]

a Издаден од Јеховините сведоци на неколку јазици.

[Слика на страница 28]

Исус ветил дека со вера ќе се совладуваат препреки слични на планини

[Слика на страница 30]

Читањето на Библијата ги зајакнува нашите напори да ги совладаме духовните недостатоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели