ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/1 стр. 23-26
  • Писменце што ми го промени животот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писменце што ми го промени животот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Растам глува
  • Живеам во свој свет
  • Се развива едно скапоцено пријателство
  • Придружувам еден посебен пријател
  • Иако сум глува и слепа, најдов сигурност
    Разбудете се! 2001
  • Нацистите не можеа да ме сменат
    Разбудете се! 2011
  • Цени ги своите глуви браќа и сестри!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Гледав, но не можев да разберам“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/1 стр. 23-26

Животна приказна

Писменце што ми го промени животот

РАСКАЖАЛА ИРЕНЕ ХОКСТЕНБАХ

Тоа се случи еден вторник навечер, во 1972. Имав 16 години и ги придружував моите родители на еден религиозен состанок во Ајндховен, град во провинцијата Брабант, во Холандија. Се чувствував несигурна и посакував да сум на некое друго место. Тогаш две млади жени ми дадоа едно писменце на кое пишуваше: „Драга Ирене, сакаме да ти помогнеме“. Не бев свесна колку тоа писменце ќе ми го промени животот. Но, пред да ви раскажам што се случи потоа, дозволете ми да ви кажам нешто за моето потекло.

РОДЕНА сум на островот Белитунг во Индонезија. Се сеќавам на некои звуци од тој тропски остров — шумолењето на палмите на ветрот, нежното жуборење на блиската река, смеењето на децата што си играа околу нашата куќа и музиката што го исполнуваше нашиот дом. Во 1960, кога имав четири години, нашето семејство се пресели од Индонезија во Холандија. Долго патувавме со брод, и звукот на кој особено се сеќавам е звукот на мојата омилена играчка што патуваше со мене — еден мал кловн со тапани. Кога имав седум години, како последица на болест, го изгубив слухот и оттогаш не можам да чујам ниеден звук околу мене. Ми останаа само сеќавањата.

Растам глува

Заради љубезната грижа на моите родители, отпрвин не ги сфатив сосем последиците од тоа да се биде глув. Како дете мислев дека дури и мојот огромен апарат за слушање беше некако интересен, иако не ми користеше многу. За да комуницираат со мене, децата од соседството ќе изнапишеа со креда цели приказни на тротоарот, а јас ќе им одговарав, иако не можев да си го чујам сопствениот глас.

Кога пораснав малку, станав свесна дека сум поинаква од луѓето околу мене. Исто така, почнав да забележувам дека некои луѓе ми се исмејуваа затоа што бев глува, додека други не се дружеа со мене. Се чувствував изолирано и осамено. Почнав да сфаќам што значи да си глув, и колку повеќе растев толку повеќе се плашев од светот на луѓето што слушаат.

За да ми овозможат да одам во специјално училиште за глуви, моите родители го преселија целото семејство од едно село во провинцијата Лимбург во Ајндховен. Таму, татко ми побара работа, а брат ми и сестрите тргнаа во ново училиште. Благодарна сум за сите преиначувања што ги направија за мое добро. На училиште ме учеа да ја приспособам јачината на гласот и да изговарам појасно. И, иако наставниците не користеа знаковен јазик, моите соученици ме научија на тој јазик.

Живеам во свој свет

Додека растев, моите родители навистина се трудеа да комуницираат со мене, но имаше многу работи што не ги разбирав. На пример, не разбирав дека моите родители ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци. Но, се сеќавам дека еден ден нашето семејство посети едно место каде што многу луѓе седеа на столчиња. Сите гледаа пред себе, понекогаш аплаудираа и одвреме навреме стануваа — но, не знаев зошто го правеа сето тоа. Многу подоцна, дознав дека сум била на конгрес на Јеховините сведоци. Исто така, родителите ме носеа и во една мала сала во Ајндховен. Таму се чувствував добро зашто сите беа љубезни и моето семејство изгледаше среќно, но не знаев зошто секогаш одевме таму. Сега знам дека малата сала беше Сала на Царството на Јеховините сведоци.

За жал, на состаноците немаше никој што можеше да ми ја преведува програмата. Сега сфаќам дека присутните сакаа да ми помогнат, но не знаеја како да се справат со тоа што сум глува. На овие состаноци се чувствував изоставена и си мислев: ‚Сакам да сум на училиште наместо тука‘. Но, токму кога тие мисли ми се вртеа низ главата, две млади жени набрзина напишаа нешто на парченце хартија и ми го дадоа. Тоа беше писменцето што го спомнав во почетокот. Воопшто не помислував дека тоа писменце ќе биде почеток на едно скапоцено пријателство што ќе ме извлече од мојот изолиран свет.

Се развива едно скапоцено пријателство

Колет и Ермин, кои ми го дадоа писменцето, беа во своите рани 20-ти години. Подоцна дознав дека дошле да служат како општи пионери, или полновремени министри во собранието на Јеховините сведоци во кое одев јас. Иако Колет и Ермин всушност не знаеја знаковен јазик, успевав да им читам од усните додека ми зборуваа, и на тој начин комунициравме доста добро.

На моите родители им беше мило кога Колет и Ермин прашаа дали можат да имаат библиска студија со мене, но овие млади жени направија многу повеќе од тоа. Многу се трудеа да ми преведуваат на состаноците во Салата на Царството и да ме вклучат во дружењето со другите во собранието. Вежбаа со мене библиски презентации што ќе ги користат во делото на проповедање и ми помагаа да ги подготвам ученичките говори за Теократската школа за служба. Само замислете, сега дури имав храброст да одржам говор пред група луѓе што не беа глуви!

Освен тоа, Колет и Ермин ми помогнаа да чувствувам доверба во нив. Тие беа стрпливи и ме слушаа. Иако честопати се смеевме на моите грешки, тие никогаш не ми се потсмеваа; ниту пак се срамеа да се дружат со мене. Се обидуваа да ги разберат моите чувства и се однесуваа со мене како со некој еднаков на нив. Овие љубезни девојки ми дадоа прекрасен подарок — својата љубов и пријателство.

Најважно од сѐ, Колет и Ермин ме научија дека морам да го запознаам нашиот Бог, Јехова, како пријател на кого можам да му верувам. Ми објаснија дека Јехова гледал како седам во Салата на Царството и дека разбирал што значело за мене тоа што сум глува. Колку сум благодарна што поради нашата заедничка љубов кон Јехова станавме пријателки! Бев трогната од Јеховината грижа за мене и, од љубов кон него, го симболизирав моето предание со крштавање во вода во јули 1975.

Придружувам еден посебен пријател

Во годините што следеа, запознавав сѐ повеќе христијански браќа и сестри. Еден брат ми стана посебен пријател и во 1980 се венчавме. Набрзо потоа, почнав да служам како пионер и во 1994 мојот сопруг, Хари, и јас бевме доделени да служиме како специјални пионери на подрачје на холандски знаковен јазик. Наредната година се соочив со една предизвикувачка доделба: требаше да го придружувам мојот сопруг, кој може да слуша, додека посетува различни собранија како заменик на покраинскиот надгледник.

Еве како се справувам со тоа. Кога првпат посетуваме некое собрание, веднаш им приоѓам на што е можно повеќе браќа и сестри и се претставувам. Им кажувам дека сум глува и ги молам да гледаат во мене додека ми зборуваат бавно. Исто така, на собраниските состаноци се трудам веднаш да почнам со одговори. И, прашувам дали некој сака да ми преведува на состаноците и во службата таа седмица.

Овој пристап толку добро функционира што понекогаш моите браќа и сестри забораваат дека не можам да слушам, и тоа води до смешни ситуации. На пример, ми кажуваат дека кога ќе ме видат низ град, ми свират од автомобилот за да ме поздрават, но јас, нормално, не реагирам. И јас понекогаш ги заборавам своите ограничувања — како кога се трудам да му шепнам на маж ми нешто во доверба. Кога ќе видам како наеднаш поцрвенува, знам дека мојот „шепот“ бил многу погласен.

И децата помагаат на неочекувани начини. Во едно собрание што првпат го посетивме, едно деветгодишно момче забележало дека некои во Салата на Царството малку се колебале да разговараат со мене, и решило да направи нешто во врска со тоа. Дојде до мене, ме фати за рака, ме однесе на сред Салата на Царството и извика со сет глас: „Да ви ја претставам Ирене — таа е глува!“ Оние што беа таму дојдоа до мене и се претставија.

Додека го придружувам мојот сопруг во покраинското дело, кругот на моите пријатели постојано расте. Колку само е поинаков мојот живот денес од годините кога се чувствував изоставена и изолирана! Од онаа вечер кога Колет и Ермин ми го тутнаа тоа мало писменце во раката, ја доживеав моќта на пријателството и запознав луѓе што ми станаа многу посебни. Пред сѐ, го запознав Јехова, најскапоцениот пријател (Римјаните 8:38, 39). Колку само ми го промени животот тоа мало писменце!

[Слика на страница 24]

Се сеќавам на звукот на мојата омилена играчка

[Слики на страница 25]

Во служба и со мојот сопруг, Хари

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели