ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/8 стр. 28
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Дали Бог ја одобрува полигамијата?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Бог ја одобрува полигамијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Како твоето семејство може да биде среќно?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/8 стр. 28

Прашања од читателите

Јехова дозволувал полигамија меѓу неговите древни слуги, Израелците, но не ја дозволува сега. Дали неговите мерила се променливи?

Јехова не го сменил своето гледиште во врска со полигамијата (Псалм 19:7; Малахија 3:6). Таа не била дел од неговото уредување за луѓето од почетокот, а не е ни сега. Кога ја создал Ева како сопруга за Адам, Јехова изјавил дека божественото мерило е една жена за еден маж. „Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело“ (Битие 2:24).

Кога Исус Христос бил на земјата, тој го повторил ова мерило кога им одговорил на оние што поставиле прашања во врска со разводот и повторното стапување во брак. Тој рекол: „Зарем не сте читале дека оној кој ги создаде од почетокот, ги направи машко и женско и рече: ‚Од таа причина човек ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело‘? Така што повеќе не се двајца, туку едно тело“. Исус додал: „Кој ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд, и ќе се ожени со друга, прави прељуба“ (Матеј 19:4—6, 9). Од ова е очигледно дека да се има уште една или дури и повеќе сопруги е прељуба.

Тогаш, зошто полигамијата била дозволена во древно време? Имај на ум дека оваа практика не потекнува од Јехова. Прв што во Библијата е спомнат дека имал повеќе од една жена е Ламех, потомок на Каин (Битие 4:19—24). Кога Јехова го предизвикал Потопот во времето на Ное, Ное и секој од неговите три сина имале само по една жена. Сите полигамисти биле уништени во Потопот.

Со векови подоцна, кога Јехова ги избрал Израелците како свој народ, полигамијата веќе постоела кај нив, иако изгледа било многу повообичаено да се има само една жена. Бог не барал семејствата да се растурат кога имало повеќе од една жена. Наместо тоа, стриктно ја регулирал таа практика (Излез 21:10, 11; Второзаконие 21:15—17).

Дека оваа толеранција на полигамијата била само привремена може да се види не само од она што Исус го рекол во врска со првобитното мерило за бракот туку и од она што апостол Павле го напишал под инспирација на Божјиот свет дух. Тој рекол: „Секој човек нека има своја жена и секоја жена нека има свој маж“ (1. Коринќаните 7:2). Павле, исто така, бил инспириран да напише и дека секој маж што е наименуван како надгледник или слуга помошник во христијанското собрание мора да биде „маж на една жена“ (1. Тимотеј 3:2, 12; Тит 1:6).

Според тоа, Јехова ја трпел полигамијата сѐ до формирањето на христијанското собрание пред околу 2.000 години. Тогаш мерилото за бракот повторно се вратило во онаа форма во која било во почетокот кога Бог ги создал мажот и жената: еден маж, една жена. Денес тоа е мерило за Божјиот народ низ целиот свет (Марко 10:11, 12; 1. Коринќаните 6:9, 10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели