ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/11 стр. 3
  • Можеме ли да имаме доверба во некого?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеме ли да имаме доверба во некого?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бавно стекната, брзо изгубена
  • Довербата е од пресудна важност за среќен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Можеш да имаш доверба во твоите браќа
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Можно ли е во некого да се има доверба?
    Разбудете се! 1996
  • Зајакни ја својата доверба во Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/11 стр. 3

Можеме ли да имаме доверба во некого?

ПО ПАДОТ на Берлинскиот ѕид во 1989, беа откриени голем број добро чувани тајни. На пример, Лидијаa открила дека за време на социјалистичкиот режим во Источна Германија, Штази, или државната служба за безбедност, имала направено досие за нејзините приватни активности. Иако Лидија била изненадена кога чула за досието, останала запрепастена кога дознала кој ѝ ги давал информациите на Штази — нејзиниот сопруг. Била изневерена од некого во кого требало да може да има потполна доверба.

Роберт бил постар господин што гледал на својот локален доктор со „најголема почит, восхит и доверба“, известува лондонски The Times. За докторот се велело дека е „љубезен и сочувствителен по природа“. Тогаш Роберт неочекувано починал. Дали доживеал срцев удар или мозочен удар? Не. Властите заклучиле дека докторот го посетил Роберт дома и без знаење на Роберт и на неговото семејство му дал смртоносна инјекција. Се чини дека Роберт бил убиен од личност на која потполно ѝ верувал.

И на Лидија и на Роберт им била изневерена довербата, и тоа со сериозни последици. Во други случаи, резултатите не се толку сериозни. Сепак, не е невообичаено да бидеме разочарани од некого во кого имаме доверба. Еден извештај објавен во водечкиот германски институт за анкетирање, Allensbacher Jahrbuch der Demoskopie 1998-2002, открил во една анкета дека 86 проценти од испитаниците биле разочарани од некого во кого ја положиле својата доверба. Можеби и ти си имал слично искуство. Затоа, не треба многу да нѐ изненади тоа што швајцарскиот весник Neue Zürcher Zeitung во 2002 извести дека „во западните индустриски земји односите на меѓусебна доверба веќе со децении се во опаѓање“.

Бавно стекната, брзо изгубена

Што е доверба? Според еден речник, да имаш доверба во другите значи да веруваш дека се чесни и искрени и дека нема да направат ништо за намерно да те повредат. Довербата се стекнува полека, но може да биде изгубена за миг. Покрај толку многу луѓе што сметаат дека нивната доверба била злоупотребена, зарем е чудно што луѓето не се многу спремни да имаат доверба во другите? Според една анкета извршена во Германија во 2002, „помалку од еден од тројца млади има основна доверба во другите“.

Можеби ќе се запрашаме: ‚Можеме ли навистина да имаме доверба во некого? Дали вреди да ја положиме довербата ризикувајќи да бидеме разочарани?‘

[Фуснота]

a Имињата се сменети

[Истакната мисла на страница 3]

Една анкета открила дека 86 проценти од испитаниците биле разочарани од некого во кого ја положиле својата доверба

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели