ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/11 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Пример за самопожртвуваност и лојалност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Елисеј видел огнени коли — дали ги гледаш и ти?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Истрајал до крај
    Угледајте се на нивната вера
  • Ги цениш ли постарите соверници?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/11 стр. 31

Прашања од читателите

Зошто Елисеј побарал „двоен“ дел од духот на Илија?

Токму пред Илија да ја заврши својата доделба како пророк во Израел, помладиот пророк Елисеј побарал од него: „Духот што го имаш ти нека биде двоен во мене“ (2. Цареви 2:9). Духовно гледано, Елисеј изгледа барал двоен дел каков што му бил даван на првороден син (Второзаконие 21:17). Едно кратко разгледување на тој извештај ќе го разјасни ова и ќе ни помогне да извлечеме поуки од она што се случило.

Во склад со упатството од Јехова, пророкот Илија го помазал Елисеј за свој наследник (1. Цареви 19:19—21). Околу шест години Елисеј му служел на Илија како верен слуга и бил решен да го прави тоа до крај. Дури и последниот ден на Илија како пророк во Израел, Елисеј останал со својот учител. Иако Илија го терал Елисеј да не го следи веќе, помладиот пророк трипати рекол: „Нема да те оставам“ (2. Цареви 2:2, 4, 6; 3:11). Навистина, Елисеј гледал на постариот пророк како на свој духовен татко (2. Цареви 2:12).

Меѓутоа, Елисеј не бил единствениот духовен син на Илија. Илија и Елисеј се дружеле со една група мажи познати како ‚пророчки синови‘ (2. Цареви 2:3). Извештајот од Втора книга цареви укажува дека овие „синови“ исто така чувствувале блиска врска со нивниот духовен татко, Илија (2. Цареви 2:3, 5, 7, 15—17). Сепак, како помазан наследник, Елисеј бил најистакнатиот од духовните синови на Илија — тој му бил како првороден син. Во древен Израел, еден дословен првороден син добивал два дела од наследството на својот татко, додека другите синови добивале по еден дел секој. Затоа, Елисеј побарал двоен дел од духовното наследство на Илија.

Зошто Елисеј го побарал тоа токму во тој момент? Затоа што требало да преземе тешка задача — да го наследи Илија како пророк во Израел. Елисеј сфатил дека за да ги исполни одговорностите поврзани со таа застрашувачка задача, потребна му е духовна сила многу поголема од способностите што ги имал, сила што само Јехова можел да му ја даде. Тој требало да биде бестрашен каков што бил и Илија (2. Цареви 1:3, 4, 15, 16). Затоа побарал двоен дел од духот на Илија, дух на храброст и на тоа да се биде „крајно љубоморен за Јехова“ — пожелни особини што ги создава Божјиот дух (1. Цареви 19:10, 14, NW). Како одговорил Илија?

Илија знаел дека Елисеј побарал нешто што не можел тој да му го даде туку само Бог. Затоа Илија скромно одговорил: „Многу бараш: ако ме видиш кога ќе бидам земен од пред тебе, ќе ти биде така“ (2. Цареви 2:10). И навистина, Јехова му дозволил на Елисеј да види како еден виор го однел Илија на небото (2. Цареви 2:11, 12). Барањето на Елисеј било одобрено. Јехова му го дал духот што му бил потребен за да започне со својата нова задача и да се соочи со претстојните испити.

Денес, помазаните христијани (понекогаш наречени и класата на Елисеј) и Божјите слуги воопшто можат да извлечат големо охрабрување од овој библиски извештај. Понекогаш можеби се чувствуваме совладани и непогодни кога ќе ни биде дадена некоја нова задача, или можеби ја губиме храброста да продолжиме со нашето дело на проповедање на Царството кога се соочуваме со сѐ поголема рамнодушност или противење на нашето подрачје. Сепак, ако го преколнуваме Јехова да нѐ поддржи, тој ќе ни даде свет дух кога ни е потребен да се справиме со предизвиците и променливите околности (Лука 11:13; 2. Коринќаните 4:7; Филипјаните 4:13). Да, исто како што го зајакнал Елисеј за неговите потешки одговорности, Јехова ќе ни помогне на сите нам, млади и стари, да ја извршуваме нашата служба (2. Тимотеј 4:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели