ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/11 стр. 27
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Зошто Јеховините сведоци не слават родендени?
    Најчесто поставувани прашања
  • Дали Бог ги одобрува сите празници и прослави?
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Празници и прослави што Бог не ги сака
    Зачувај ја Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/11 стр. 27

Прашања од читателите

Како треба христијаните да гледаат на употребата на скапоцени камења што го означуваат месецот на раѓање?

Во некои култури, скапоцените камења се поврзуваат со месецот на раѓање. Дали некој христијанин ќе носи прстен со одреден скапоцен камен е работа на лична одлука (Галатите 6:5). Кога се донесува таа одлука, треба да се разгледаат некои важни фактори.

Една енциклопедија вели дека овие скапоцени камења се поврзани со датумот на раѓање, и обично се смета дека ако се носат, донесуваат среќа и здравје. Ова референтно дело додава: „Астролозите одамна им припишуваат натприродна моќ на извесни скапоцени камења“ (Encyclopaedia Britannica).

Особено во древни времиња мнозина верувале дека скапоцениот камен што го означува месецот на раѓање му носел среќа на оној што го носи. Дали еден вистински христијанин верува во ова? Не, зашто тој сфаќа дека Јехова ги осудил оние што го напуштиле и што верувале во „богот на Среќата“ (Исаија 65:11, NW).

Во средниот век, гатачите избирале по еден скапоцен камен за секој месец од годината. Ги охрабрувале луѓето да го носат скапоцениот камен што одговарал на месецот на нивното раѓање, наводно за да ги заштити од зло. Но, од библиска гледна точка би било погрешно христијаните да го следат водството на професионални гатачи зашто Библијата ги осудува (Второзаконие 18:9—12).

Исто така, не би било на место христијаните да му придаваат посебно значење на некој прстен затоа што на него има скапоцен камен што го означува месецот на раѓање. Јеховините сведоци не слават родендени. Ова е случај затоа што таквите прослави насочуваат преголемо внимание на поединецот, а единствените родендени што се запишани во Библијата се родендени на владетели што не му служеле на Бог (Битие 40:20; Матеј 14:6—10).

Некои луѓе сметаат дека носењето прстен со скапоцен камен што го означува месецот на раѓање добро влијае врз личноста на оној што го носи. Меѓутоа, вистинските христијани не веруваат во ова зашто сфаќаат дека „новата личност“ се облекува под влијание на Божјиот свет дух и со применување на библиските начела (Ефешаните 4:22—24).

Еден многу важен фактор е мотивот. Кога одлучува дали да носи прстен со скапоцен камен што го означува месецот на раѓање, еден христијанин треба да се запраша: ‚Дали сакам да го носам овој прстен само затоа што ми се допаѓа скапоцениот камен, иако тој исто така го означува месецот на раѓање? Или дали на некој начин врз мене влијаеле суеверните идеи што некои луѓе им ги припишуваат на таквите скапоцени камења?‘

Еден христијанин треба да си го преиспита срцето за да го одреди својот мотив. „Над сѐ чувај го своето срце“, вели Библијата, „зашто животот извира од него“ (Пословици 4:23). Кога ја донесува својата одлука во врска со скапоцените камења поврзани со месецот на раѓање, секој христијанин ќе направи добро ако ги разгледа мотивот и можните последици од неговата постапка за него и за другите (Римјаните 14:13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели