ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/12 стр. 3
  • Мирољубиви преку целата година?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мирољубиви преку целата година?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Корените на современиот Божиќ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Што претставува Божиќ за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Што стана од Божиќ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Божиќ — зошто е толку популарен во Јапонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/12 стр. 3

Мирољубиви преку целата година?

„Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“ (Лука 2:14, Превод на МПЦ).

НА МИЛИОНИ луѓе им се познати овие зборови со кои Божјите ангели им го објавиле Исусовото раѓање на овчарите кои ги чувале ноќе своите стада. Кога ќе наближи датумот на кој, според црквите, се родил Исус, многумина што се изјаснуваат како христијани посебно се трудат да покажат добри особини. Тоа создава атмосфера на радост, мир и добра волја — особини што биле спомнати во објавата на ангелите — која често се нарекува божиќна атмосфера.

Таквите позитивни чувства се привлечни дури и за луѓето што не му придаваат на Божиќ некакво религиозно значење. И тие ја сакаат срдечната атмосфера што се чини дека се создава при прославата на празникот. А таму каде што за Божиќ не се оди на училиште или на работа, луѓето имаат време да се одморат, да бидат со своето семејство, со пријателите, или едноставно да се забавуваат. Се разбира, за голем број искрени луѓе, Божиќ првенствено е време кога треба да му се укаже чест на Исус Христос.

Сеедно какво значење луѓето му придаваат на Божиќ, повеќето се согласуваат дека позитивните чувства кои се раѓаат кај нив за време на празникот обично се краткотрајни. Луѓето брзо се враќаат на својот вообичаен начин на однесување. Во еден есеј со наслов „Божиќна атмосфера“, кој го објави една канадска банка во својот месечен весник, пишува: „Преголем е бројот на ‚христијани‘ што се обидуваат да живеат според тоа име само по неколку седмици во годината. Тие им посакуваат сѐ најдобро на сите што ќе ги сретнат само додека не помине Нова Година. Потоа се враќаат на своето сурово секојдневие, каде што човек на човека му е волк, и повторно стануваат нечувствителни за маките на другите човечки суштества“. Според истиот есеј, „суштински погрешно“ е тоа што луѓето не се мирољубиви „преку целата година“.

Сеедно дали се согласуваш со таквата оценка или не, се наметнуваат важни прашања. Дали луѓето ќе бидат некогаш во состојба постојано да бидат великодушни и да покажуваат разбирање еден кон друг? Постои ли реална шанса да се исполни објавата што ја дале ангелите ноќта кога се родил Исус, или, пак, надежта за вистински мир е само обичен сон?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели