ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/1 стр. 14-16
  • Самоил и обожавањето на вистинскиот Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Самоил и обожавањето на вистинскиот Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Неговото детство
  • Самоил служи како пророк
  • Израел бара цар
  • Првите два цара на Израел
  • Што оставил Самоил
  • Истрајал и покрај разочарувањата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Истрајал и покрај разочарувањата
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој „растеше пред Јехова“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • „Растеше пред Јехова“
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/1 стр. 14-16

Самоил и обожавањето на вистинскиот Бог

ЕДЕН пророк ги прекорува своите соверници што бараат човек да им биде поставен за цар и ги поттикнува да му бидат послушни на Бог. За да потврди дека е овластен од Јехова да биде пророк, бара од Бог да даде знак во облик на бура. Бурите не се вообичаени во Израел во тоа време од годината, кога е време да се жнее житото. Сепак, Бог испраќа громови и дожд. Затоа, луѓето многу се плашат од Јехова и од неговиот претставник, Самоил (1. Самоилова 12:11-19).

Пророкот Самоил бил и писател. Неговите историски извештаи, во кои се раскажани многу возбудливи настани, опфаќаат околу 330 години и во нив се вклучени потфатите на израелските судии. На пример, вистинитата животна приказна на Самсон, најсилниот човек што некогаш живеел, послужила како инспирација да се напишат поетски песни и опери, како и да се направат многу драми и филмови (Судии, поглавја 13 до 16). Самоил пишувал и за Рут и нејзината свекрва, Ноемина, кои биле две сиромашни вдовици. И оваа вистинита приказна со среќен крај е многу интересна (Рут, поглавја 1 до 4).

Што можеме да научиме од она што го напишал Самоил и од неговиот живот? Што направил за обожавањето на вистинскиот Бог?

Неговото детство

Татко му на Самоил, Елкана, го обожавал Јехова и бил добар сопруг. Неговата жена Ана била духовно јака жена. Во Јеховиниот дом во Сило, неротката Ана горливо се молела преколнувајќи го Бог: „Јехова над војските, ако погледнеш на неволјата на својата робинка и ако се сетиш на мене, ако не ја заборавиш својата робинка и ако ѝ дадеш машко дете на својата робинка, јас ќе ти го дадам тебе, Јехова, за сите денови од неговиот живот, и брич нема да помине преку неговата глава“ (1. Самоилова 1:1-11). Тоа значело дека детето ќе го посвети за служба на Јехова.

Ана се молела во себе. „Само усните ѝ потреперуваа“, пишува во извештајот. Првосвештеникот Илиј дошол до погрешен заклучок дека таа е пијана и ја прекорил. Но, Ана со почит ја објаснила својата ситуација, и Илиј рекол: „Оди си во мир! И Богот на Израел нека ти ја услиши молитвата што си му ја упатила“. Јехова навистина ја услушил нејзината молитва, бидејќи извештајот понатаму вели: „Кога помина една година, Ана, која беше забременила, роди син и му го даде името Самоил, зашто рече: ‚Го измолив од Јехова‘“ (1. Самоилова 1:12-20).

Самоил бил воспитан ‚со стега од Јехова и го усвоил неговиот начин на размислување‘ (Ефешаните 6:4). Штом престанал да цица млеко, Ана го одвела во Божјиот дом во Сило и му го покажала на првосвештеникот Илиј. Под негова закрила, момчето ‚останало да му служи на Јехова‘. Својата голема радост Ана ја искажала со трогателните зборови на благодарност што подоцна ги напишал самиот Самоил (1. Самоилова 2:1-11).

Ако ти си родител, дали ги охрабруваш своите деца животна определба да им биде да му служат на Јехова? Да им се помага на другите да го обожаваат вистинскиот Бог е најдобриот начин да се искористи својата енергија.

Самоил добро се привикнал на животот во светилиштето. Тој „растел пред Јехова и им станувал сѐ помил и на Јехова и на луѓето“. Со побожните особини што ги покажувал им омилел на другите (1. Самоилова 2:21, 26).

Не можело да се рече истото и за лошите синови на Илиј, Офни и Финес, на кои ‚не им било грижа за Јехова‘. Тие вршеле неморал и си ги земале за себе најубавите делови од жртвите што луѓето ги носеле во светилиштето. Бог веќе имал испратено пророк за да објави каква казна да очекува Илиј — во која спаѓала и смртта на неговите два сина (1. Самоилова 2:12, 15-17, 22-25, 27, 30-34). Јехова ќе го употреби Самоил и за да пренесе уште една порака дека ќе изврши пресуда.

Самоил служи како пророк

Бог му рекол на Самоил: „Речи му [на Илиј] дека мојата осуда ќе биде на неговиот дом за навек поради вината за која знаеше, зашто неговите синови хулат на Бог, а тој не ги укори“. Не било лесно да се пренесе таа порака, а Илиј инсистирал Самоил да не му премолчи ниту збор. Затоа Самоил му раскажал сѐ што му рекол Јехова. За тоа била потребна храброст! (1. Самоилова 3:10-18).

Кога Самоил пораснал, сиот Израел знаел дека тој е Божји пророк (1. Самоилова 3:19, 20). Пресудата што ја прорекол Самоил почнала да се извршува кога Израел доживеал страшен пораз од рацете на Филистејците. Офни и Финес загинале во битката, а Филистејците го заплениле ковчегот на сојузот со Јехова. Кога чул за смртта на своите синови и за запленувањето на ковчегот, Илиј паднал наназад од столот, си го скршил вратот и умрел (1. Самоилова 4:1-18).

Откако поминале дваесет години, Самоил ги поттикнал Израелците да престанат да обожаваат лажни богови. Тие послушале и ги отстраниле своите идоли, постеле и ги признале своите гревови. Самоил се помолил и принел жртва паленица за нив. Со каков резултат? Кога Филистејците нападнале, Бог предизвикал збрка меѓу нив, и со својот противнапад Израелците го поразиле непријателот. Со благослов од Јехова, состојбата на Израелците значително се подобрила, и тие си ја повратиле територијата што им ја одзеле Филистејците (1. Самоилова 7:3-14).

Самоил навистина ги поттикнувал другите да го обожаваат вистинскиот Бог. На пример, тој се погрижил дел од пленот од битката да се користи за одржување на светиот шатор. Помогнал да се организира прославата на Пасхата и службата на левитите што служеле како вратари (1. Летописи 9:22; 26:27, 28; 2. Летописи 35:18). Од својот дом во Рама, Самоил секоја година патувал за да суди во различни градови. Стекнал глас дека е чесен и непристрасен. Бидејќи луѓето го почитувале Самоил, тој можел духовно да им помогне (1. Самоилова 7:15-17; 9:6-14; 12:2-5). Неговата чесност и духовност сигурно мотивирале многу луѓе да го следат неговиот пример. Дали она што го правел Самоил те мотивира и тебе?

Израел бара цар

Кога остарел, Самоил ги поставил за судии своите синови, Јоил и Авија. Тие „не одеа по неговите патишта, туку повеќе сакаа да одат по неправедна добивка, примаа мито и ја извртуваа правдата“. Заради тоа што правеле така, старешините на Израел побарале да имаат цар (1. Самоилова 8:1-5). Тоа било лошо во очите на Самоил. Меѓутоа, кога се молел за таа работа, Јехова рекол: „Не те отфрлија тебе, туку ме отфрлија мене за да не царувам над нив“ (1. Самоилова 8:6, 7). Бог му рекол на Самоил да ја исполни желбата на народот и да ги опомене дека ќе изгубат извесни слободи кога ќе станат царство. Кога народот упорно барал цар, Јехова му рекол на Самоил да го помаза за цар Саул (1. Самоилова 8:6-22; 9:15-17; 10:1).

Самоил го направил тоа иако бил загрижен. Откако Израелците ги победиле Амонците, го собрал народот кај Гилгал за да потврди дека Саул е цар (1. Самоилова 10:17-24; 11:11-15). Самоил дал еден преглед на историјата на Израел и ги опоменал царот и народот да му бидат послушни на Јехова. Бог одговорил на молитвата на Самоил со тоа што испратил бура кога не било време за тоа, како што спомнавме во почетокот. По таа бура народот признал дека згрешил што го отфрлил Јехова. Кога побарале од Самоил да се моли за нив, тој одговорил: „Јас во никој случај не сакам да му згрешам на Јехова и да престанам да се молам за вас. Ќе ве поучам за пат кој е добар и исправен“. Каков пример за лојална љубов кон Јехова и неговиот народ! (1. Самоилова 12:6-24). Дали и ти си подеднакво спремен да го поддржуваш она што се прави во теократијата и да се молиш за своите соверници?

Првите два цара на Израел

Саул бил скромен човек што Бог го сакал (1. Самоилова 9:21; 11:6). Но, со текот на времето, престанал да го слуша Бог. На пример, Самоил го прекорил што нетрпеливо принел жртва наместо да чека, како што му било заповедано (1. Самоилова 13:10-14). Кога не послушал со тоа што му го поштедил животот на амаликискиот цар Агаг, Самоил му рекол на Саул: „Јехова ти го одзеде од тебе царството на Израел и ќе му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе“. Лично Самоил го убил Агаг и тагувал за Саул (1. Самоилова 15:1-35).

Потоа, Јехова му рекол на Самоил: „До кога ќе тагуваш за Саул, кога јас го отфрлив за да не царува повеќе над Израел?“ Тогаш Јехова го испратил Самоил во Витлеем за да помаза за цар еден од синовите на Јесеј. Еден по еден, Самоил ги запознал синовите на Јесеј сѐ додека Јехова не одобрил да биде помазан Давид, најмладиот. Тој ден Самоил научил една важна работа: „Бог не го гледа она што го гледа човекот, зашто човекот го гледа она што го гледаат очите, а Јехова го гледа она што е во срцето“ (1. Самоилова 16:1-13).

Бидејќи непослушноста на Саул го болела Самоил, сигурно бил многу ожалостен кога видел дека Саул чувствува убиствена омраза кон Давид! И покрај таквите неволји, Самоил останал активен и во својата старост и го направил она што го можел во Јеховината служба (1. Самоилова 19:18-20).

Што оставил Самоил

Кога умрел Самоил, Израел го оплакувал овој понизен и храбар пророк што влијаел врз животот на многу луѓе (1. Самоилова 25:1). Самоил бил несовршен, и понекогаш погрешно ги просудувал работите. Но, и покрај своите ограничувања, Самоил го обожавал само Јехова и неуморно им помагал и на другите да го прават истото.

Од времето на Самоил се промениле многу работи, но извештајот за неговиот живот содржи многу вредни поуки за нас. Пред сѐ, Самоил го обожавал вистинскиот Бог Јехова и ги мотивирал и другите да го прават истото. Дали и ти го правиш тоа?

[Рамка на страница 16]

РАЗМИСЛИ ЗА ЖИВОТОТ НА САМОИЛ

• Исто како што родителите на Самоил го поучиле за Божјата реч, така и ти воспитувај ги своите деца ‚со стега од Јехова за да го усвојат неговиот начин на размислување‘ (Ефешаните 6:4).

• Охрабри ги своите деца да бидат како Самоил со тоа што животна определба ќе им биде да му служат на Јехова.

• Со побожните особини што ги покажувал Самоил им станал мил на другите, и со тоа ни дал добар пример.

• Самоил правел сѐ што можел за обожавањето на вистинскиот Бог, како што треба да правиме и ние.

[Слика на страница 15]

Самоил ги поттикнувал другите да го обожаваат вистинскиот Бог и спремно давал духовна помош

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели