ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/2 стр. 16-17
  • За вистинскиот Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • За вистинскиот Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали Бог има име?
  • Кој е Јехова?
  • Што очекува Бог од нас?
  • Како можеме да покажеме дека го сакаме Бог?
  • Како можеме да учиме за Бог?
  • Зошто ќе бидеме среќни ако го запознаеме Бог?
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
  • „Го сакам Таткото“
    „Појди по мене!“
  • Вистината за Бог и за Христос
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/2 стр. 16-17

Што учиме од Исус

За вистинскиот Бог

Дали Бог има име?

Исус поучувал дека Бог има име. Тој рекол: „Молете се вака: ‚Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое‘“ (Матеј 6:9). Библијата вели дека Божјето име е Јехова (Псалм 83:18). Во една молитва кон својот Татко, Исус го кажал следново за своите ученици: „Им го објавив твоето име“ (Јован 17:26).

Кој е Јехова?

Исус го нарекол Јехова „единствениот вистински Бог“, бидејќи Јехова е Творецот (Јован 17:3). Освен тоа, рекол: „Зарем не сте читале дека оној што ги создаде во почетокот, ги создаде машко и женско?“ (Матеј 19:4). Исус, исто така, рекол: „Бог е Дух“ (Јован 4:24). Затоа не можеме да го видиме Бог (2. Мојсеева 33:17-20).

Што очекува Бог од нас?

Кога го прашале која е најголемата заповед, Исус одговорил: „Првата е: ‚Чуј, Израеле, Јехова, нашиот Бог, е еден Јехова, и сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила‘. Втората е оваа: ‚Сакај го својот ближен како себеси‘“ (Марко 12:28-31).

Како можеме да покажеме дека го сакаме Бог?

Исус рекол: „Го сакам Таткото“. Како ја покажал својата љубов? Самиот рекол: „Јас правам така како што ми заповеда Таткото“ (Јован 14:31). Исто така изјавил: „Јас секогаш го правам она што нему му е по волја“ (Јован 8:29). Ние можеме да го радуваме Бог со тоа што ќе учиме за него. Додека се молел за своите ученици, Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог“ (Јован 17:3; 1. Тимотеј 2:4).

Како можеме да учиме за Бог?

Еден начин да го запознаеме Бог е да ги набљудуваме неговите творби. На пример, Исус рекол: „Погледнете ги птиците небесни, бидејќи тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбари собираат, а сепак вашиот небесен Татко ги храни. Зарем вие не вредите повеќе од нив?“ Што сакал Исус да каже со тоа? Дека не треба да дозволиме прекумерните грижи за најосновните материјални работи да нѐ спречат да му служиме на Бог (Матеј 6:26-33).

Најдобар начин да го запознаеме Јехова е преку проучување на неговата Реч, Библијата. Исус го нарекол Светото писмо ‚реч Божја‘ (Лука 8:21). Тој му рекол на Бог: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17; 2. Петрово 1:20, 21).

Исус им помагал на луѓето да ја дознаат вистината за Јехова. Во врска со Исус, еден од неговите ученици рекол: „Зарем не ни гореше срцето додека ни зборуваше по патот, додека ни ги толкуваше Писмата?“ (Лука 24:32). За да го запознаеме Бог, мора да бидеме понизни, спремни да учиме. Затоа Исус рекол: „Ако не се преобратите и не станете како деца, нема да влезете во царството небесно“ (Матеј 18:3).

Зошто ќе бидеме среќни ако го запознаеме Бог?

Бог ни помага да сфатиме која е смислата на животот. Исус рекол: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Јехова нѐ поучува за најдобриот начин на живот. „Среќни се оние што ја слушаат речта Божја и ја држат“, рекол Исус (Лука 11:28; Исаија 11:9).

За повеќе информации, види го 1. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?a

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Слика на страница 16]

„Им го објавив твоето име“ (Јован 17:26)

[Слики на страници 16 и 17]

Јехова можеме да го запознаеме преку она што го создал и преку Библијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели