ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/3 стр. 12
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Животот во библиски времиња — пари
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Савле — избран сад за Господ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Таа пушти повеќе од сите други
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Како станало познато Божјето име
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/3 стр. 12

Дали сте знаеле?

Колку вределе двете парички на вдовицата?

Во првиот век од н.е., годишниот храмски данок што Евреите требало да го плаќаат бил во износ од „две драхми“, односно во вредност од околу две дневници (Матеј 17:24). Како споредба, Исус рекол дека две врапчиња се продавале „за една паричка“, колку што се плаќало и за 45 минути работа, ако се земе предвид дека просечен работен ден траел 12 часа. Всушност, пет врапчиња можеле да се добијат за дупла цена, односно со платата за 90 минути работа (Матеј 10:29; Лука 12:6).

Сиромашната вдовица што Исус ја видел во храмот пуштила прилог многу помал од цената за пет врапчиња. Овие две парички, односно две лепти, биле најмалите бакарни пари што во тоа време се користеле во Израел. Тие имале иста вредност како 64-ти дел од една дневница, односно помалку од сумата што се плаќала за 12 минути работа.

Меѓутоа, Исус Христос рекол дека дарот на вдовицата бил поголем отколку на оние што приложиле повеќе „од својот вишок“. Зошто? Во библискиот извештај стои дека таа имала „две парички“, што значи дека можела да ја даде едната, а другата да ја зачува за себе. Сепак, таа дала ‚сѐ што имала за живот‘ (Марко 12:41-44; Лука 21:2-4).

Кога Савле станал познат како Павле?

Апостол Павле по раѓање бил Евреин, но бил и граѓанин на Римското Царство (Дела 22:27, 28; Филипјаните 3:5). Значи, веројатно уште од дете ги имал и двете имиња: еврејското име Савле и римското Павле. Некои негови роднини исто така имале римски и грчки имиња (Римјаните 16:7, 21). Освен тоа, Евреите од тоа време, особено оние што не живееле во Израел, честопати имале по две имиња (Дела 12:12; 13:1).

Изгледа дека, десетина или повеќе години откако станал христијанин, овој апостол главно бил познат по своето еврејско име, Савле (Дела 13:1, 2). Но, на своето прво мисионерско патување, околу 47/48 год. од н.е., веројатно повеќе сакал да го користи римското име, Павле. Тој имал задача да им ја објави добрата вест на не-Евреите, и можеби мислел дека неговото римско име ќе биде поприфатливо за нив (Дела 9:15; 13:9; Галатите 2:7, 8). Друга причина зошто можеби го користел името Павле е тоа што грчкиот изговор на неговото еврејско име, Савле, е многу сличен со еден грчки збор што има навредливо значење. Која и да е причината за промената, Павле покажал дека бил спремен ‚на сите да им биде сѐ, за да може на секој можен начин да спаси некои‘ (1. Коринќаните 9:22).

[Слика на страница 12]

Лепта, во вистинска големина

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели