ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/5 стр. 24
  • Тој ја разбира нашата болка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тој ја разбира нашата болка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сигурна надеж за мртвите
    Кога ќе умре некој што го сакаш
  • Што учиме од солзите на Исус?
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Соживување — клуч за љубезност и сочувство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/5 стр. 24

Приближи му се на Бог

Тој ја разбира нашата болка

Јован 11:33-35

„СОЧУВСТВОТО е твојата болка во моето срце.“ Со овие зборови еден постар мисионер на Јеховините сведоци ја опишал оваа многу вредна особина. Јехова Бог е најголемиот пример на сочувствителна личност. Тој ја чувствува болката на неговиот народ. Зошто можеме да бидеме сигурни во тоа? Јеховиното нежно сочувство можело јасно да се види во зборовите и постапките на Исус додека бил на Земјата (Јован 5:19). Како пример за тоа, да го разгледаме настанот опишан во Јован 11:33-35.

Кога Исусовиот пријател Лазар ненадејно умрел, Исус тргнал кон неговото село. Се разбира, сестрите на Лазар, Марија и Марта, биле скршени од болка. Исус многу го сакал тоа семејство (Јован 11:5). Затоа, што направил? Во Библијата читаме: „Кога Исус виде како плачат [Марија] и Евреите што дојдоа со неа, беше длабоко трогнат и потресен. И праша: ‚Каде сте го положиле?‘ Тие му одговорија: ‚Господару, дојди и види!‘ И Исус почна да рони солзи“ (Јован 11:33-35). Зошто Исус заплакал? Точно е дека неговиот драг пријател Лазар умрел, но Исус само што не го воскреснал (Јован 11:41-44). Имало ли и нешто друго што длабоко го трогнало?

Прочитај ги повторно стиховите што беа цитирани погоре. Забележи дека, кога Исус ги видел Марија и оние што плачеле со неа, бил „длабоко трогнат“ и „потресен“. Зборовите на изворниот јазик што се употребени овде укажуваат на многу силни емоции.a Исус бил длабоко потресен од глетката. Кога неговите очи се наполниле со солзи, можело јасно да се види колку силни емоции го преплавиле. Без сомнение го здоболело во срцето кога ја видел болката на другите. Дали некогаш си бил длабоко трогнат затоа што плачел некој што ти бил многу драг? (Римјаните 12:15).

Сочувството што го покажал Исус ни помага да разбереме какви особини има и како постапува неговиот Татко, Јехова. Сети се дека Исус толку совршено ги одразувал особините на својот Татко што можел да рече: „Кој ме видел мене, го видел и Таткото“ (Јован 14:9). Затоа, кога читаме дека ‚Исус почнал да рони солзи‘, можеме да бидеме сигурни дека Јехова лично ја чувствува болката на оние што му служат. Всушност, и други библиски писатели го потврдуваат ова (Исаија 63:9; Захарија 2:8). Колку нежен Бог е Јехова!

Луѓето се чувствуваат привлечени кон оние што се сочувствителни. Кога сме обесхрабрени или депримирани, привлечени сме кон оној што може да ги разбере нашите околности и да сочувствува со нашата болка. А колку повеќе сме привлечени кон Јехова — сочувствителниот Бог кој ја разбира нашата болка и знае зошто лееме солзи! (Псалм 56:8).

[Фуснота]

a Грчкиот збор што е преведен со „рони солзи“ честопати се однесува на „придушено липање“, а зборот што е употребен за да се опише плачењето на Марија и на другите луѓе може да значи „гласно плачење, оплакување“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели