ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/5 стр. 29
  • Како е организирано Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како е организирано Водечкото тело
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Што е Водечкото тело на Јеховините сведоци?
    Најчесто поставувани прашања
  • „Еднодушно се сложивме“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Обединети во љубов — извештај од годишниот состанок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • ,Почитувајте ги таквите браќа‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/5 стр. 29

Како е организирано Водечкото тело

ВОДЕЧКОТО ТЕЛО на Јеховините сведоци се состои од крстени мажи кои се помазани Божји слуги. Тие се застапници на верниот и разборит роб, кој има задача да обезбедува духовна храна и да раководи со проповедничкото дело низ целиот свет, како и да им помогне на сите Јеховини сведоци да му се посветат на тоа дело (Мат. 24:14, 45-47).

Водечкото тело одржува состаноци секоја седмица, обично во среда. Така овие браќа можат да работат заедно во единство (Пс. 133:1). Членовите на Водечкото тело служат во различни одбори. Секој одбор е одговорен за одредени активности и дејности поврзани со проповедањето за Царството. Следи краток преглед на тие одговорности.

◼ ОДБОР НА КООРДИНАТОРИ: Овој одбор го сочинуваат координаторите на сите други одбори на Водечкото тело и секретар, кој исто така е член на Водечкото тело. Одборот води сметка сите останати одбори да работат непречено и делотворно. Исто така се занимава со итни случаи, прогонство, катастрофи и други неодложни работи што влијаат врз Јеховините сведоци во кој и да било дел од светот.

◼ ОДБОР ЗА ПЕРСОНАЛ: Браќата од овој одбор се грижат за персоналот и за духовната благосостојба на членовите на бетелските семејства низ целиот свет, и им помагаат кога е потребно. Овој одбор дава одобрување за да се изберат и да се повикаат нови членови во бетелските семејства, а се грижи и за прашања кои се поврзани со нивната бетелска служба.

◼ ОДБОР ЗА ИЗДАВАЊЕ: Овој одбор го надгледува печатењето, издавањето и доставувањето на библиската литература насекаде во светот. Ги надгледува печатниците и имотот што го поседуваат и со кој раководат различните корпорации што ги користат Јеховините сведоци. Овој одбор се грижи на најдобар начин да бидат искористени доброволните прилози за меѓународното проповедничко дело.

◼ ОДБОР ЗА СЛУЖБА: Членовите на овој одбор го надгледуваат проповедничкото дело, како и сите работи поврзани со собранијата, пионерите, старешините и патувачките надгледници. Ја надгледува и подготовката на Нашата служба за Царството и повикува студенти во Школата Гилеад и во Школата за организациско оспособување, а подоцна, откако ќе дипломираат, одредува каде ќе служат.

◼ ОДБОР ЗА ПОУЧУВАЊЕ: Овој одбор го надгледува поучувањето што се дава на собирите, конгресите и на собраниските состаноци. Ја подготвува духовната програма за членовите на бетелските семејства и ги надгледува различните школи, како што е Школата Гилеад и Школата за пионери, и подготвувањето на аудио и видеопрограмите.

◼ ОДБОР ЗА ПИШУВАЊЕ: Овој одбор има одговорност да го надгледува подготвувањето, односно пишувањето на публикациите што се печатат и потоа им се доставуваат на соверниците и на јавноста. Исто така, одговара на библиски прашања и дава одобрение за сценаријата на драмите и за говорните нацрти. Освен тоа, ја надгледува работата на преведувачите низ целиот свет.

Апостол Павле го споредил собранието од помазаници со човечко тело и ја нагласил важната улога што ја има секој дел од тоа тело, како и нивната меѓусебна зависност, љубов и соработка додека го вршат делото што им го доверил Бог (Рим. 12:4, 5; 1. Кор. 12:12-31). Главата, Исус Христос, им го обезбедува на членовите на телото сето она што им е потребно за добро да соработуваат, да бидат сложни и духовно нахранети (Еф. 4:15, 16; Кол. 2:19). На тој начин, Водечкото тело е организирано за да предводи како што го упатува Јехова со својот свет дух.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели