ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/6 стр. 23
  • Бог што е спремен да прости

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог што е спремен да прости
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Од својот Господар научил да простува
    Угледајте се на нивната вера
  • Од својот Господар научил да простува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Останал лојален и покрај испитите
    Угледајте се на нивната вера
  • Биди како Петар и не се откажувај
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/6 стр. 23

Приближи му се на Бог

Бог што е спремен да прости

Јован 21:15-17

„ТИ, ЈЕХОВА, си добар и спремен да простиш“ (Псалм 86:5). Со овие трогателни зборови, Библијата нѐ уверува дека Јехова Бог многу простува. Една случка од животот на апостол Петар јасно покажува дека Јехова „великодушно“ простува (Исаија 55:7).

Петар бил еден од најблиските соработници на Исус. Сепак, последната ноќ од Исусовиот живот на Земјата, Петар му подлегнал на стравот и направил тежок грев. Во еден двор во близина на местото каде што Исус бил незаконски осуден, Петар јавно одрекол дека го познава Исус — и тоа не само еднаш туку трипати. По третото категорично одрекување, Исус ‚се завртел и го погледнал Петар‘ (Лука 22:55-61). Можеш ли да си замислиш како се чувствувал Петар кога погледот му се сретнал со Исусовиот? Сфаќајќи колку згрешил, ‚скршен, силно заплакал‘ (Марко 14:72). Во своето каење, апостолот можеби се прашувал дали тоа што трипати се одрекол од Исус значело дека Бог никогаш нема да му прости.

Откако Исус воскреснал, во еден разговор со Петар без сомнение му ги растерал сите сомнежи дека му е простено. Исус не кажал ниту еден остар збор, никаков прекор. Наместо тоа, го прашал: „Ме сакаш ли?“ Петар одговорил: „Да, Господару, ти знаеш дека те сакам“. Тогаш Исус му рекол: „Храни ги моите јагниња!“ Го повторил истото прашање и по вторпат, а Петар го дал истиот одговор, можеби уште поубедливо. Исус му рекол: „Паси ги моите овчички“. Потоа го поставил во основа истото прашање и по третпат: „Ме сакаш ли?“ Сега ‚Петар се нажалил‘ и рекол: „Господару, ти знаеш сѐ, ти знаеш дека те сакам“. Исус му одговорил: „Храни ги моите овчички!“ (Јован 21:15-17).

Зошто Исус поставил прашања на кои веќе го знаел одговорот? Тој можел да ги чита срцата, па затоа знаел дека Петар го сака (Марко 2:8). Поставувајќи ги тие прашања, Исус му дал на Петар прилика трипати да потврди дека го сака. Исусовите одговори: „Храни ги моите јагниња... Паси ги моите овчички... Храни ги моите овчички“, го увериле покајничкиот апостол дека Исус сѐ уште има доверба во него. Всушност, Исус му дал задача на Петар да помага во грижата за она што му било најмило — Исусовите драги следбеници слични на овци (Јован 10:14, 15). На Петар сигурно многу му олеснило кога видел дека Исус и понатаму сметал дека може да има доверба во него.

Јасно е дека Исус му простил на својот апостол што се каел. Бидејќи Исус совршено ги покажува истите особини што ги има и неговиот Татко, лесно може да заклучиме дека и Јехова му простил на Петар (Јован 5:19). Далеку од тоа да се колеба дали да прости, Јехова е милостив Бог што е ‚спремен да му прости‘ на грешникот што се кае. Зар не е утешно тоа?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели