ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/6 стр. 18-22
  • Подложи се на Јеховиниот авторитет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Подложи се на Јеховиниот авторитет
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Нашиот став кон авторитетот
  • Да ја вежбаме својата моќ на согледување
  • Сатана се обидува да го поткопа Божјиот авторитет
  • Чувај се од духот на независност
  • Колку е важно да сме понизни
  • Зошто да ги почитуваме оние што имаат авторитет?
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Христијанскиот став кон авторитетот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Почит кон авторитетот — зошто е неопходна?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Чиј авторитет треба да го признаваш?
    Спознание кое води до вечен живот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/6 стр. 18-22

Подложи се на Јеховиниот авторитет

„Љубовта кон Бог значи да се држат неговите заповеди, а неговите заповеди не се тешки“ (1. ЈОВ. 5:3).

1, 2. а) Зошто на мнозина денес не им е мила помислата да се подложат на нечиј авторитет? б) Дали оние што тврдат дека не се подложуваат никому се навистина независни? Објасни.

„АВТОРИТЕТ“ е збор што не е многу популарен денес. На мнозина не им е мила помислата да се подложуваат на волјата на некој друг. Оние што не сакаат да се подложат на ничиј авторитет обично го покажуваат тој став со зборовите: „Нема друг да ми кажува што да правам!“ Но, дали овие луѓе се навистина независни? Воопшто не! Повеќето од нив, всушност, слепо ги следат мерилата на безброј други лица кои ги „обликува овој свет“ (Рим. 12:2). Наместо да бидат независни, тие се „робови на расипаноста“, како што кажал апостол Петар (2. Пет. 2:19). Тие живеат „онака како што живее овој свет, по волјата на владетелот кој владее со воздухот“, односно Сатана Ѓаволот (Еф. 2:2).

2 Еден писател горделиво рекол: „Ниту моите родители, ниту некој свештеник, ниту некој гуру, ниту друго верско лице, ниту Библијата немаат право да ми кажат што е добро за мене, а што не“. Се разбира, има лица што го злоупотребуваат својот авторитет и што можеби не заслужуваат да им бидеме послушни. Сепак, дали е решение да кажеме дека не ни треба никакво водство? Еден краток преглед на насловите во весниците ни дава еден многу непријатен одговор на ова прашање. Трагично е што денес, кога на луѓето очајно им треба водство, повеќето се сѐ помалку спремни да го прифатат.

Нашиот став кон авторитетот

3. Како христијаните во првиот век покажале дека не следат слепо авторитет наметнат од човек?

3 Како христијани, ние имаме поинаков став од луѓето во светот. Ова не значи дека слепо правиме сѐ што ќе ни се каже. Напротив, има ситуации кога мора да одбиеме да се подложиме на нечија волја, дури и ако тие лица се на одговорна положба. Истото било случај и со христијаните во првиот век. На пример, кога на апостолите им наредиле да престанат да проповедаат, тие не ја послушале уплашено заповедта на првосвештеникот и на други лица кои имале висока положба во тогашниот Судски совет. Не престанале да постапуваат исправно само за да му се подложат на авторитетот наметнат од човек. (Прочитај Дела 5:27-29.)

4. Кои примери од Хебрејските списи покажуваат дека многу Божји слуги постапиле спротивно од она што го правело мнозинството?

4 Многу Божји слуги во претхристијанските времиња постапиле со слична решеност. На пример, Мојсеј ‚одбил да биде наречен син на фараоновата ќерка‘ затоа што ‚повеќе сакал да биде малтретиран заедно со Божјиот народ‘ иако со тоа си го навлекол „царскиот гнев“ (Евр. 11:24, 25, 27). Јосиф ги одбил непристојните предлози на жената на Петефриј иако таа имала моќ да му се одмазди и да му наштети (1. Мој. 39:7-9). Даниел ‚одлучил во своето срце да не се извалка со избраните царски јадења‘ иако главниот дворјанин не можел лесно да го прифати неговиот став во врска со таа работа (Дан. 1:8-14). Овие примери покажуваат дека, низ историјата, Божјите слуги заземале цврст став за она што е исправно, без оглед на последиците. Не ги слушале луѓето само за да им угодат. И ние треба да постапуваме како нив.

5. Во која смисла нашиот став кон авторитетот се разликува од ставот на луѓето во светот?

5 Тоа што сме храбри не значи дека сме тврдоглави или дека сме како некои други кои се бунтуваат само за да предизвикаат политички промени. Напротив, ние сме решени подложноста на Јеховиниот авторитет да ни биде поважна од подложноста на кој и да е човек. Кога човечкиот закон се коси со Божјиот закон, не ни е тешко да одлучиме што треба да правиме. Исто како апостолите во првиот век, му се подложуваме на Бог како владетел, а не на луѓето.

6. Зошто е секогаш најдобро да ги слушаме Јеховините заповеди?

6 Што ни помага да се подложиме на Божјиот авторитет? Ние се согласуваме со она што стои во Изреки 3:5, 6: „Имај доверба во Јехова со сето свое срце и не потпирај се на сопствениот разум. На сите свои патишта имај го на ум, и тој ќе ги исправи твоите патеки“. Цврсто сме уверени дека сѐ што бара Бог од нас на крајот е за наше добро. (Прочитај 5. Мојсеева 10:12, 13.) Всушност, самиот Јехова им рекол на Израелците дека Тој ‚ги учи да го прават она што е за нивно добро... [и] ги води по патот по кој треба да одат‘. А потоа додал: „О, да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река и твојата праведност како морски бранови“ (Иса. 48:17, 18). Ние имаме доверба во овие зборови. Убедени сме дека за нас секогаш е најдобро да ги слушаме Божјите заповеди.

7. Што треба да правиме ако не разбираме во потполност зошто е дадена некоја заповед во Божјата реч?

7 Ние му се подложуваме на Јехова како авторитет и го слушаме дури и кога не разбираме во потполност зошто преку својата Реч бара нешто од нас. Ова не значи дека имаме слепа вера — напротив, имаме доверба во него. Така покажуваме дека со сето срце сме уверени дека Јехова знае што е најдобро за нас. Кога сме му послушни, му покажуваме и дека го сакаме, бидејќи апостол Јован напишал: „Љубовта кон Бог значи да се држат неговите заповеди“ (1. Јов. 5:3). Но, нашата послушност има уште еден аспект кој не треба да го занемариме.

Да ја вежбаме својата моќ на согледување

8. Каква врска има ‚вежбањето на нашата моќ на согледување‘ со нашата подложност на Јеховиниот авторитет?

8 Библијата ни кажува дека треба ‚да ја вежбаме својата моќ на согледување да разликува добро и зло‘ (Евр. 5:14). Затоа, нашата цел не е само механички да ги слушаме Божјите закони, туку сакаме да бидеме способни ‚да разликуваме добро и зло‘ на темел на мерилата што ги поставува Јехова. Сакаме да разбереме зошто е мудро да постапуваме како што бара Јехова, и да можеме да го кажеме она што го рекол и псалмистот: „Твојот закон е длабоко во мене“ (Пс. 40:8).

9. Како можеме да ја усогласиме својата совест со Јеховините мерила, и зошто е важно да го сториме тоа?

9 За да сфатиме колку се скапоцени Божјите закони, како што сфатил и псалмистот, треба длабоко да размислуваме за она што го читаме во Библијата. На пример, кога ќе сфатиме што бара Јехова во врска со некоја работа, би можеле да се прашаме: ‚Зошто е мудра оваа заповед или начело? Зошто е за мое добро да ја послушам? Кои лоши последици ги претрпеле оние што не го послушале овој совет од Бог?‘ Кога на ваков начин ја доведуваме својата совест во склад со Јеховиното размислување и постапување, поголема е веројатноста да донесуваме одлуки што ќе бидат по негова волја. Можеме да се ‚трудиме да разбереме што е Јеховината волја‘, и потоа послушно да постапуваме како што сака тој (Еф. 5:17). Но, ова не е секогаш лесно.

Сатана се обидува да го поткопа Божјиот авторитет

10. На кое поле, меѓу другото, Сатана се труди да го поткопа Божјиот авторитет?

10 Сатана веќе многу долго време се труди на секој можен начин да го поткопа Божјиот авторитет. Неговиот дух на независност може да се види во многу работи. Да го земеме, на пример, недостигот на ценење кон бракот, кој го основал Бог. Некои избираат да живеат заедно невенчани, а други кројат планови како да се ослободат од својот брачен другар. И двете групи веројатно се согласуваат со она што го изјавила една популарна актерка: „И двата пола не можат да бидат во брак само со еден човек“. Потоа додала: „Не познавам никого што му е верен на другиот или што сака да му остане верен“. Зборувајќи за сопствените пропаднати врски, еден друг познат актер изјавил нешто слично: „Не сум сигурен дали навистина е во нашата природа да бидеме цел живот само со еден човек“. Би било добро да се прашаме: ‚Дали се подложувам на Јеховиниот авторитет кога станува збор за бракот или, пак, врз мене влијае попустливиот став што го има светот?‘

11, 12. а) Зошто на младите може да им биде тешко да му се подложат на Јеховиниот авторитет? б) Наведи еден пример кој покажува колку е глупаво да не им се обрнува внимание на Јеховините закони и начела.

11 Дали си младинец во Јеховината организација? Ако да, тогаш веројатно си посебна мета на Сатана, кој се труди да го расипе твојот став кон Јеховиниот авторитет. „Желбите на младоста“, како и притисокот од врсниците можат да те натераат да заклучиш дека Божјите закони се товар (2. Тим. 2:22). Не дозволувај да ти се случи такво нешто! Труди се да разбереш зошто Божјите мерила се мудри. На пример, Библијата ни кажува да ‚бегаме од блуд‘ (1. Кор. 6:18). Во врска со ова, постави си ги следниве прашања: ‚Зошто таа заповед е мудра? Зошто е корисно да ја послушам?‘ Можеби познаваш некого кој не го слушал овој совет од Бог и скапо платил за таа своја грешка. Дали навистина е среќен денес? Дали живее подобро сега отколку во времето кога бил дел од Јеховината организација? Дали навистина открил некоја формула за среќа што другите Божји слуги не ја знаат? (Прочитај Исаија 65:14.)

12 Размисли за она што пред некое време го кажала една христијанка по име Шерон: „Не го послушав Јеховиниот закон и се заразив со смртоносната СИДА. Честопати размислувам за многуте години кога среќно му служев на Јехова“. Таа сфатила дека било многу глупаво што ги прекршила Јеховините закони и дека требало повеќе да ги почитува. Јеховините закони се за наша заштита. Шерон починала само седум недели откако ги напишала горенаведените зборови. Нејзиното трагично искуство покажува дека Сатана не им нуди ништо добро на оние што стануваат дел од неговиот злобен свет. Како „татко на лагата“, тој дава многу ветувања, но не исполнува ниту едно, како што не го исполнил ни она што ѝ го дал на Ева (Јован 8:44). Значи, секогаш е најдобро да се подложуваме на Јеховиниот авторитет.

Чувај се од духот на независност

13. На кое поле треба да се чуваме од духот на независност?

13 За да се подложиме на Јеховиниот авторитет, треба да се чуваме од духот на независност. Ако сме вообразени, би можеле да си мислиме дека никој нема право да ни кажува што да правиме. На пример, можеби не сакаме да примиме совет од оние што предводат во Божјиот народ. Но, Бог ги организирал работите на тој начин што еден ‚верен и разборит роб‘ обезбедува духовна храна во вистинско време (Мат. 24:45-47). Треба понизно да признаеме дека тоа е начинот на кој Јехова се грижи за својот народ денес. Биди како верните апостоли. Кога некои ученици се спрепнале и престанале да го следат, Исус ги прашал апостолите: „Да не сакате и вие да си одите?“ А Петар одговорил: „Господару, кај кого да одиме? Ти ги имаш зборовите на вечниот живот!“ (Јован 6:66-68).

14, 15. Зошто треба понизно да ги послушаме советите од Библијата?

14 Ако сме подложни на Јеховиниот авторитет, ќе постапиме според советите што се темелат на неговата Реч. На пример, верниот и разборит роб нѐ поттикнува да „бдееме и да бидеме трезвени“ (1. Сол. 5:6). Таквиот совет е многу навремен за овие последни денови во кои мнозина се „себељубиви [и] алчни за пари“ (2. Тим. 3:1, 2). Можат ли таквите раширени ставови да влијаат и врз нас? Да. Ако си поставуваме световни цели, би можеле да западнеме во духовен сон или постепено да станеме материјалисти (Лука 12:16-21). Колку е мудро да ги прифатиме советите од Библијата и да се чуваме од себичните ставови кои преовладуваат во Сатановиот свет! (1. Јов. 2:16).

15 Духовната храна од верниот и разборит роб се дели во локалните собранија преку именуваните старешини. Библијата нѐ поттикнува: „Бидете им послушни на оние што ве предводат и бидете им подложни — зашто тие бдеат над вашите души како оние што ќе положат сметка за тоа — за да го прават со радост, а не со воздишки, зашто тоа вам би ви било на штета“ (Евр. 13:17). Дали ова значи дека собраниските старешини никогаш не грешат? Се разбира дека грешат! Бог ги гледа нивните слабости многу појасно отколку кој и да било човек. И покрај сѐ, тој очекува да им бидеме подложни. Кога соработуваме со старешините, иако се несовршени, покажуваме дека се подложуваме на Јеховиниот авторитет.

Колку е важно да сме понизни

16. Како ќе покажеме дека го почитуваме Исус како Глава на христијанското собрание?

16 Мора секогаш да мислиме на тоа дека Исус е вистинската Глава на собранието (Кол. 1:18). Тоа е една важна причина зошто понизно се подложуваме на упатствата од именуваните старешини и ‚особено ги цениме‘ (1. Сол. 5:12, 13). Се разбира, и собраниските старешини можат да покажат подложност ако внимателно се трудат на собранието да му ја пренесуваат Божјата порака, а не своето сопствено мислење. Тие ‚не одат преку она што е напишано‘ со цел да шират некои свои идеи (1. Кор. 4:6).

17. Зошто е опасно да бидеме амбициозни?

17 Сите во собранието треба да бидат свесни дека е опасно да бараат чест или слава за себеси (Изр. 25:27). Очигледно во таа замка паднал еден христијанин со кого се сретнал апостол Јован. Јован напишал: „Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, ништо не прима од нас со почит. Затоа, ако дојдам, ќе се сетам на делата што ги прави, зборувајќи злобно за нас“ (3. Јов. 9, 10). И денес можеме да извлечеме поука од ова. Имаме добри причини да ги искорениме сите траги на амбиција што можеби ги забележуваме кај себеси. Библијата вели: „Гордоста оди пред пропаста, и вообразеноста — пред падот“. Оние што се подложуваат на Божјиот авторитет мора да внимаваат да не се фатат во замката на вообразеноста, бидејќи тоа на крајот ќе ги води до срам (Изр. 11:2; 16:18).

18. Што ќе ни помогне да му се подложиме на Јеховиниот авторитет?

18 Биди решен да му се спротивставиш на духот на независност и да се подложиш на Јеховиниот авторитет. Одвреме-навреме, размислувај со ценење за огромната чест што ја имаш да му служиш на Јехова. Тоа што си дел од Божјиот народ е доказ дека тој те привлекол со својот свет дух (Јован 6:44). Никогаш не заборавај дека твојот однос со Јехова е многу важен. Труди се во сите аспекти на животот да покажуваш дека го отфрлаш духот на независност и дека му се подложуваш на Јеховиниот авторитет.

Дали се сеќаваш?

• Што значи да се биде подложен на Јеховиниот авторитет?

• Каква врска има ‚вежбањето на нашата моќ на согледување‘ со нашата подложност на Јеховиниот авторитет?

• На кои полиња Сатана се обидува да го поткопа Божјиот авторитет?

• Зошто е важно да сме понизни за да се подложиме на Јеховиниот авторитет?

[Слика на страница 18]

„Мораме да му се покоруваме на Бог, а не на луѓето“

[Слика на страница 20]

Секогаш е мудро да се следат Божјите мерила

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели