ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/7 стр. 4-9
  • Како да се поднесе жалоста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се поднесе жалоста
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е жалоста?
  • Да се поднесе болката кога се жали
  • Приближи му се на Бог
  • Надежта во воскресение
  • Како да живеам со својата тага?
    Кога ќе умре некој што го сакаш
  • „Плачете со оние што плачат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Во ова списание: Помош за ужалените
    Разбудете се! 2018
  • Вовед
    Разбудете се! 2018
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/7 стр. 4-9

Како да се поднесе жалоста

„И сите негови синови и сите негови ќерки настојуваа да го утешат, но [Јаков] не дозволуваше да го утешат, туку велеше: ‚Со тажење ќе отидам кај мојот син во гробот!‘ Така татко му плачеше по него“ (1. МОЈСЕЕВА 37:35).

ВЕРНИОТ Јаков длабоко жалел поради смртта на синот. Знаел дека ќе жали до крајот на животот. Како Јаков, можеби и ти имаш чувство дека болката поради загубата на некој од твоите најмили е толку длабока што никогаш нема да помине. Дали силната тага значи дека немаш доволно вера во Бог? Воопшто не!

Библијата ни го претставува Јаков како човек со голема вера. Исто како дедо му Авраам и татко му Исак, и Јаков е пофален поради неговата исклучителна вера (Евреите 11:8, 9, 13). Еднаш дури и се борел цела ноќ со ангел за да добие благослов од Бог! (1. Мојсеева 32:24-30). Јасно е дека Јаков бил духовен човек. Но, што ни покажува тоа што Јаков жалел? Чувствата на длабока тага и болка што нѐ преплавуваат кога ќе ни умре некој близок не значат дека немаме силна вера во Бог. Жалоста е нормална и природна реакција на загубата на некој што ни е драг.

Што е жалоста?

Жалоста може да се манифестира на различни начини, но кај многумина се покажува преку силна емоционална болка. Размисли за Леонардо, кој имал 14 години кога татко му ненадејно умрел од проблеми со срцето и дишењето. Леонардо никогаш нема да го заборави денот кога тетка му му ја кажала лошата вест. Во почетокот не сакал да верува. На погребот го видел телото на татко му, но сѐ му изгледало толку нереално. Следните шест месеци Леонардо не можел да плаче. Честопати го чекал татко си да се врати од работа. Му требало околу една година за сосема да сфати што се случило. Тогаш се почувствувал ужасно осамен. Вообичаени работи — како што било враќањето дома во празна куќа — го потсетувале дека татко му го нема повеќе. Во таквите моменти честопати бил потиштен и плачел. Толку многу му недостасувал татко му!

Како што покажува искуството на Леонардо, болката кога се жали може да биде многу длабока. Сепак, можно е таа рана да се залечи, иако ќе треба време. Исто како што треба време за да заздрави некоја тешка физичка рана, потребно е време и за да се намали тагата. Тоа може да трае со месеци или години. Но, силната болка што ја чувствуваш во почетокот ќе попушти со текот на времето и, малку по малку, животот нема да изгледа толку црн и бесмислен.

Се вели дека жалоста е неопходен дел од процесот на закрепнување и привикнување на новата ситуација. Местото каде што претходно бил жив човек сега е празно. Треба да се навикнеме да живееме без таа личност. Тагувањето може да ни помогне да ги излееме своите чувства за да ни олесни. Се разбира, секој не жали на сосема ист начин. Но, изгледа дека една работа е иста кај сите: да се потиснува жалоста може да биде штетно умствено, емоционално и физички. Тогаш, како да ја изразиш жалоста на здрав начин? Библијата ни дава некои практични совети.a

Да се поднесе болката кога се жали

Голем број ужалени лица сфатиле дека разговорот може многу да им ја олесни болката. На пример, обрни внимание што рекол Јов, човек за кого пишува во Библијата, кој ги загубил своите десет деца, а го снашле и други трагедии. Тој рекол: „Ѝ одмилеа животот на мојата душа. Отворено ќе ја изразам грижата што ја чувствувам поради својата состојба. Ќе зборувам од горчина во душата“ (Јов 1:2, 18, 19; 10:1). Забележи дека Јов имал потреба ‚отворено да ја изрази грижата‘. Како го направил тоа? „Ќе зборувам“, објаснил тој.

Пауло, чија мајка починала, вели: „Една работа што ми помага е тоа што зборувам со другите за мајка ми“. Значи, ќе ти биде полесно ако зборуваш за своите чувства со некој пријател во кого имаш доверба (Изреки 17:17). По смртта на мајка ѝ, Јони ги замолила своите христијански браќа и сестри почесто да ја посетуваат. „Кога зборував, ми се намалуваше болката“, раскажува таа. Можеби и ти ќе увидиш дека ќе ти биде полесно да ја поднесеш болката ако зборуваш за своите чувства со некого што сочувствително ќе те слуша.

И пишувањето може да ти помогне да ти биде полесно. Некои од оние на кои им е тешко да ги искажат своите чувства со зборови можеби полесно се изразуваат писмено. По смртта на Саул и Јонатан, верниот Давид напишал една трогателна таговна песна во која ја изразил својата болка. Таа песна станала дел од библиската книга Втора Самоилова (2. Самоилова 1:17-27).

И плачењето може да послужи како емоционален вентил. „Сѐ си има свое време,.. време за плачење“, пишува во Библијата (Проповедник 3:1, 4). А смртта на некој што го сакаме е навистина „време за плачење“. Не е срамота жалоста да се изрази со солзи. Библијата содржи многу примери на верни мажи и жени што отворено ја изразиле својата тага со плачење (1. Мојсеева 23:2; 2. Самоилова 1:11, 12). Исус Христос ‚почнал да рони солзи‘ кога наближил до гробот на својот драг пријател Лазар, кој штотуку умрел (Јован 11:33, 35).

За да се совлада болката од ужаленоста треба стрпливост, бидејќи твоите емоции се толку разбранувани што се чувствуваш час добро час лошо. Мисли на тоа дека не треба да се срамиш од солзите. Многу верни луѓе утврдиле дека плачењето е нормален и неопходен дел од процесот на закрепнување по нечија смрт.

Приближи му се на Бог

Библијата ни кажува: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!“ (Јаков 4:8). Еден од главните начини да му се приближиме на Бог е молитвата. Не потценувај ја нејзината вредност! Во Библијата ни е дадено следново утешно ветување: „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Псалм 34:18). Таа, исто така, нѐ уверува: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи“ (Псалм 55:22). Размисли за ова. Како што веќе видовме, на многумина им помогнало тоа што разговарале за своите чувства со некој близок пријател. Зар нема да ти олесни уште повеќе ако му ги излееш своите чувства на Бог, кој ветува дека ќе ги утеши нашите срца? (2. Солуњаните 2:16, 17).

Пауло рекол: „Кога едноставно не можев повеќе да ја поднесам болката и имав чувство дека нема да издржам, клекнував на колена и го молев Бог. Го преколнував да ми помогне“. Пауло е уверен дека молитвите одиграле голема улога. И ти може да искусиш дека, како одговор на твоите упорни молитви, „Богот на секоја утеха“ ќе ти даде храброст и сила да издржиш (2. Коринќаните 1:3, 4; Римјаните 12:12).

Надежта во воскресение

Исус рекол: „Јас сум воскресението и животот. Кој верува во мене, и да умре, ќе оживее“ (Јован 11:25). Библијата ни кажува дека мртвите повторно ќе живеат.b Додека бил на Земјата, Исус покажал дека може да ги воскресне мртвите. Еднаш вратил во живот едно 12-годишно девојче. Како реагирале родителите? Тие биле „избезумени од радост“ (Марко 5:42). Кога ќе владее Божјето Царство, небесниот цар Исус Христос ќе воскресне неброено мноштво луѓе овде на Земјата — но во еден свет во кој ќе владеат мир и правда (Дела 24:15; 2. Петрово 3:13). Замисли си ја огромната радост кога мртвите ќе се враќаат во живот и повторно ќе бидат со своите сакани!

Клодет, чиј син загинал во авионска несреќа, си ставила на фрижидерот негова фотографија. Честопати ја погледнува сликата на Ренато и си вели: ‚Ќе те видам пак, кога ќе воскреснеш‘. Леонардо си го замислува татка си како се враќа во живот во новиот свет што го ветува Бог. Надежта во воскресение им е вистински извор на утеха ним и на безброј други што изгубиле некој близок. Може да биде утеха и за тебе!

[Фусноти]

a Нешто повеќе за тоа како да им се помогне на децата да се помират со смртта на некој близок можеш да прочиташ во статијата „Помогнете му на своето дете да преболи“, на страници 18-20 од ова списание.

b Подетално објаснување за библиската надеж во воскресение можеш да најдеш во 7. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

[Рамка/слика на страница 7]

„Богот на секоја утеха“

„Нека е благословен Богот и Таткото на нашиот Господар Исус Христос, Таткото на милосрдноста и Богот на секоја утеха“ (2. Коринќаните 1:3).

Овој библиски стих покажува дека Бог може да им помогне на своите верни слуги да издржат во секој проблем или неволја што ќе ги снајде. Еден начин на кој Јехова нѐ теши е преку нашите пријатели или некој близок соверник.

Леонардо, чиј татко починал, се сеќава на една случка што го охрабрила и утешила. Во моментот кога се вратил дома, се сетил дека внатре нема никого и почнал неутешно да плаче. Отишол во блискиот парк и седнал на една клупа, каде што продолжил да плаче. Облеан во солзи, го молел Бог за помош. Неочекувано, во близина запрело едно комбе и Леонардо го препознал возачот, кој бил еден од неговите христијански браќа. Тој требало да му испорача нешто на некој муштерија, но ја згрешил улицата. Леонардо се утешил од самото негово присуство.

Еден вдовец се чувствувал осамен и бил многу потиштен. Не можел да престане да плаче бидејќи сѐ му изгледало безнадежно. Го преколнувал Бог за помош. Додека сѐ уште се молел, заѕвонил телефонот. Му се јавила внука му. Тој вели: „Тој краток разговор беше доволен да се охрабрам и да ми се врати силата. Сосема сум сигурен дека нејзиниот телефонски повик беше одговор на мојата молитва за помош“.

[Рамка на страница 9]

Да ги тешиме другите

„[Бог] нѐ теши во секоја наша неволја, за да можеме да ги тешиме оние што се во каква и да било неволја, со истата утеха со која Бог нѐ теши нас самите“ (2. Коринќаните 1:4).

Многу христијани знаат од лично искуство што значат овие зборови. Откако биле утешени по загубата на некој од најблиските, сфатиле дека и самите можат да ги охрабруваат и да ги тешат другите.

Размисли за Клодет, која редовно ги посетува луѓето за да им зборува за своите библиски верувања. Пред да загине син ѝ, редовно одела кај некоја жена чиј син починал од леукемија. На жената ѝ било пријатно кога Клодет ќе ја посетела, но мислела дека никогаш нема потполно да ја сфати нејзината болка. Меѓутоа, кратко по смртта на синот на Клодет, жената дошла кај неа и ѝ рекла дека сака да види дали Клодет верува во Бог дури и по смртта на својот син. Била одушевена кога видела колку цврста вера имала Клодет, и сега редовно ја проучува Библијата и наоѓа голема утеха во Божјата реч.

Откако умрел татко му, Леонардо решил да го научи јазикот на глувонемите за да може да им ја пренесува утешната библиска порака и на тие лица. Видел дека му влијае многу добро тоа што се грижи за нив. Тој вели: „Една работа што ми помогна да ја поднесам болката е желбата да им помагам на глувите да го запознаат Бог. На тоа посветувам многу време и енергија. Мојата тага премина во радост кога го гледав крштавањето на првото лице со кое ја проучував Библијата! Во тие моменти, за првпат по смртта на татко ми, почувствував длабока радост и среќа“ (Дела 20:35).

[Слика на страница 5]

Зборувај за своите чувства за да ти биде полесно

[Слика на страница 6]

Читај за надежта во воскресение, и тоа ќе ти биде вистински извор на утеха

[Слика на страница 6]

Изрази ја болката запишувајќи ги своите емоции

[Слика на страници 8 и 9]

Исус ветил воскресение за оние што веруваат во него

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели