ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/8 стр. 27-30
  • Библијата менува животи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата менува животи
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Самиот си копав гроб“
    Библијата менува животи
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/8 стр. 27-30

Библијата менува животи

Што би можело да натера член на една мексиканска банда, наречена Млади Сатани, да се промени и да стане чесен, работлив граѓанин? Зошто на една успешна деловна жена од Јапонија парите повеќе не ѝ се главна цел во животот, и што мисли таа за промените што ги направила? Што мотивирало еден дилер на оружје од Русија да се откаже од својот профитен, но нелегален бизнис? Да видиме што имаат да ни кажат самите тие.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ИМЕ: АДРИЈАН ПЕРЕЗ

ВОЗРАСТ: 30

ЗЕМЈА: МЕКСИКО

НЕКОГАШ: ЧЛЕН НА БАНДА

МОЕТО МИНАТО: Кога имав 13 години, со семејството се преселив во Ектапек де Морелос (Мексико). Во тоа време градот беше преплавен со млади деликвенти, вандализам и дрога. Наскоро почнав многу да пијам, вршев вандалски напади и живеев неморално.

Подоцна се вративме во Сан Висенте, мојот роден град. Меѓутоа, таму голем проблем беше дрогата. Не беше ништо необично на улиците да се видат умрени млади луѓе. Ѝ се придружив на една банда наречена Млади Сатани. Крадевме и користевме дрога — обично дувавме разредувач или лепило. Честопати не можев да си го најдам патот до дома, а понекогаш едноставно ќе паднев во несвест, и така ќе останев да лежам на улица. Некои мои пријатели завршија во затвор поради кражба и убиство.

И покрај сѐ што правев, јас верував во Бог. За да си ја смирам совеста, учествував во верски церемонии, како што беше носењето на крстот пред Велигден. Но, откако ќе завршеа сите ритуали, го прославувавме нашето учество во нив со тоа што се опивавме. Во пијанчењето ни се придружуваше и оној што во церемонијата ја играше улогата на Христос.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Пред да наполнам 20 години, почнав да ја проучувам Библијата со Јеховините сведоци. Знаев дека мојот живот нема вистинска смисла и дека, ако продолжам така како што сум тргнал, нема да завршам добро. Длабок впечаток ми оставија зборовите што се запишани во Галатите 6:8: „Кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее пропаст, а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот“. Овој библиски стих ми помогна да сфатам дека, ако сакам да ми биде добро, ќе мора да сеам мислејќи на иднината.

Додека ја проучував Библијата, почнав да сфаќам дека Јехова е жив Бог кој вистински се интересира за мене и дека е спремен да ми ги прости гревовите што сум ги правел во минатото. Од лично искуство научив дека ги слуша молитвите и одговара на нив.

Не ми беше лесно да направам промени во животот. Многу беше тешко да се напушти бандата. Иако повеќе не бев нејзин член, не можев да минувам низ некои делови од градот бидејќи беа под контрола на други банди. Понекогаш морав да се кријам од поранешните пријатели затоа што ме бараа за да ме натераат да се вратам на стариот живот.

За разлика од тоа, кога почнав да одам на состаноците на Јеховините сведоци во нивната Сала на Царството, видов дека во собранието владее срдечност и љубов. Ми остави впечаток тоа што тие луѓе имаа цврста вера и живееја во склад со она што го учеа. Таа средина беше сосема поинаква од онаа на која бев навикнат.

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА: Веќе десет години сум крстен Јеховин сведок. Многу се трудам да ги применувам библиските учења во мојот живот. Затоа, моето семејство ме почитува. Сега ме знаат како работлив човек, а успевам дури и финансиски да им помагам. Мајка ми почна да ја проучува Библијата и стана Јеховин сведок. И татко ми се менува на подобро. Повеќето од моето семејство не се Јеховини сведоци, но откако видоа колку се променив, сфатија дека Библијата може да помогне човек да има подобар живот.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ИМЕ: ЈАЈОИ НАГАТАНИ

ВОЗРАСТ: 50

ЗЕМЈА: ЈАПОНИЈА

НЕКОГАШ: УСПЕШНА ДЕЛОВНА ЖЕНА

МОЕТО МИНАТО: Пораснав во едно гратче каде што луѓето беа многу фини и љубезни. Татко ми имаше голема продавница со десет вработени. Живеевме веднаш до продавницата, па затоа никогаш не бев осамена, иако татко ми и мајка ми многу работеа.

Јас сум најстарата од три сестри, и од мала ме учеа како се води семејниот бизнис. Се омажив млада. Маж ми даде отказ во банката и почна да работи со нас. За кратко време добивме три деца. Мајка ми ги чуваше нив и ги вршеше домаќинските работи, а јас работев во продавницата од утро до мрак. Сепак, ми остануваше и малку слободно време за да бидам со семејството.

По некое време, бизнисот повеќе не одеше добро во тој дел од градот, па решивме да отвориме продавница за градежни материјали веднаш до еден автопат. Дента пред свеченото отворање на фирмата, татко ми, кој беше претседател на компанијата, доби мозочен удар. Речиси ја изгуби способноста да зборува, па затоа одговорноста да се води новата продавница падна врз мене. Маж ми остана во старата продавница. Животот доби уште позабрзано темпо.

Новата продавница беше вистински успех. Се гордеев со тоа и не спиев доволно за да имам време за работа. Иако си ги сакав децата, мислев само на работата. Едвај имав време да разговарам со маж ми, а кога сепак разговаравме, многу се каравме. За да се справам со стресот, почнав да излегувам речиси секоја вечер и пиев со пријателите и деловните партнери. Само работев, пиев и спиев. Финансиски добро ми одеше, но не бев среќна, а не можев да сфатам зошто.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Кога почнав да ја проучувам Библијата со Јеховините сведоци, три библиски стиха длабоко влијаеја врз мене. Заплакав кога сфатив што значат зборовите од Матеј 5:3: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби, зашто нивно е царството небесно“. Овој стих ми откри зошто се чувствував празно иако финансиски добро стоев и пријателите ми се восхитуваа. Ми стана јасно дека ќе бидам вистински среќна само ако сум свесна за своите духовни потреби и ако ги задоволам.

Во тоа време, економијата во Јапонија доживеа сериозна криза и, гледајќи го животот на моите пријатели и колеги, сфатив колку се вистинити зборовите од 1. Тимотеј 6:9: „Оние што решиле да се збогатат, паѓаат во искушение и во замка и во многу неразумни и штетни желби, кои ги туркаат луѓето во уништување и во пропаст“. Увидов дека на мене лично се однесуваат Исусовите зборови запишани во Матеј 6:24: „Не можете да му робувате и на Бог и на богатството“. Затоа решив да направам некои промени во животот.

Сфатив дека ги запоставувам родителите, маж ми и децата. Освен тоа, имав попримено некои неубави особини. Сум станала арогантна. Не бев стрплива со луѓето. Лесно избувнував. Во почетокот си мислев дека нема да биде можно да се променам и да станам христијанка. Меѓутоа, многу си ги сакав децата и забележав дека, кога ги применував библиските совети во семејството, тие беа радосни. Почнав да им посветувам повеќе време и ги водев на христијанските состаноци.

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА: Дознав која е смислата на животот и почнав да му служам на Бог живеејќи онака како што сака тој. Затоа сум вистински среќна и исполнета. Повеќе не го жртвувам своето семејство заради работата, па затоа успеав да си ја вратам самопочитта што ја имав изгубено.

Кога мајка ми виде дека се променив откако ги применувам библиските начела, почна да ја проучува Библијата и да доаѓа на христијанските состаноци. За среќа, ниту татко ми ниту маж ми не се противеа на нашата одлука. Со децата станав многу поблиска, и сега моето семејство е навистина среќно.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ИМЕ: МИХАИЛ ЗУЕВ

ВОЗРАСТ: 51

ЗЕМЈА: РУСИЈА

НЕКОГАШ: ДИЛЕР НА ОРУЖЈЕ

МОЕТО МИНАТО: Градот во кој сум роден, Красногорск, е опкружен со бујно зеленило. На југ тече реката Москва. На запад и на север градските населби речиси потполно се вгнездени во шума.

Кога бев млад, многу сакав да се боксувам и да испробувам разно оружје. Тренирав многу време. Исто така, изработував оружје, муниција и ножеви и ги продавав на црно. Со текот на времето, тоа ми стана главно занимање. Бев добро организиран и многу успешно им ги продавав моите производи на криминалците.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: На почетокот од 1990-тите ги сретнав Јеховините сведоци, но отпрвин немав доверба во нив. Сметав дека поставуваат премногу прашања.

Еден ден, еден Јеховин сведок ми прочита што пишува во Римјаните 14:12: „Секој од нас ќе положи сметка за себе пред Бог“. Се прашав што ќе му речам јас на Бог. Тој библиски стих ме поттикна да дознаам што бара Бог од мене.

Многу се трудев да го применам библискиот совет запишан во Колошаните 3:5-10: „Усмртете го она што е земно во вашите делови на телото: блудот, нечистотијата, сексуалната страст, лошата желба и лакомоста, која е идолопоклонство. Поради тоа доаѓа Божјиот гнев... Отфрлете го сето ова: гневот, лутината, злобата, погрдниот говор, а безобразни зборови да не излегуваат од вашата уста. Не лажете се еден со друг. Соблечете ја старата личност и нејзините дела, а облечете ја новата личност“.

Многу ми беше тешко да ги направам тие промени. Моите поранешни „деловни партнери“ постојано ми нудеа пари за да ги снабдам со оружје. Исто така, ми беше тешко да останам смирен кога некој ќе ме навредеше. Сепак, го уништив мојот голем и скап арсенал. Кога сфатив колкава љубов покажале Бог и Христос кон мене, и јас почувствував силна љубов кон нив. Упорно продолжив да проучувам, одев на состаноците на Јеховините сведоци и го молев Бог да ми помогне.

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА: Малку по малку, со голем труд и благодарение на помошта од моите христијански браќа, станав подобра личност. Многу сум среќен кога ќе помислам дека Бог се грижи за секого од нас, па дури и за луѓето што умреле (Дела 24:15). Ги ценам искреноста и отвореноста на Јеховините сведоци. Го ценам и тоа што вистински се заинтересираа за мене и што му се верни на Бог.

Во почетокот, некои мои роднини и пријатели не ја одобруваа мојата нова вера. Но, се утешија кога сфатија дека е подобро да припаѓам на некоја религија отколку да бидам вклучен во организиран криминал. Среќен сум што мојот живот повеќе не е посветен на трговија со оружје, туку сум посветен да им помагам на другите да го запознаат Богот на мирот.

[Слика на страница 27]

Учествував во католички церемонии за да си ја смирам совеста

[Слика на страница 28]

Финансиски добро ми одеше, но не бев среќна

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели