Катче за младите
Воскресението на Лазар
Упатства: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си како изгледаат околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови.
АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ ЈОВАН 11:1-45.)
Што мислиш, како се чувствувале Марта и Марија, според она што го читаш во стихови 21 и 32?
․․․․․
Како си го замислуваш Исус во моментите кога покажал силни чувства, како што е опишано во стиховите 33 и 35?
․․․․․
Обиди се да си замислиш дека ти се случува она што е запишано во стиховите 43 и 44 — прво стави се на местото на Лазар, а потоа замисли си дека си некој од присутните што го гледа тоа.
РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.
Витанија била на два дена пат од местото каде што се наоѓал Исус. Зошто Исус решил да не брза? (Повторно прочитај го стих 6.)
․․․․․
Како Библијата покажува дека и Марија и Марта се интересирале за духовни работи? (Лука 10:38, 39; Јован 11:24)
․․․․․
Зошто Исус ги воскреснувал луѓето, иако знаел дека еден ден пак ќе умрат? (Марко 1:41, 42; Јован 5:28, 29; 11:45)
․․․․․
ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...
тоа што Исус може и сака да ги воскресне мртвите
․․․․․
тоа колку длабоко сочувствува Исус со оние што се ужалени
․․․․․
КОГО БИ САКАЛ ДА ГО ЗАПОЗНАЕШ ИЛИ ДА БИДЕШ ПАК СО НЕГО КОГА ЌЕ ВОСКРЕСНЕ?
․․․․․
ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?
․․․․․