ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/4 стр. 18-19
  • Дали Исус е Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Исус е Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Стих што го поткрепува тројството?
  • Кој е „Речта“?
  • Што да се каже за библиските цитати кои го „докажуваат“ Тројството?
    Дали треба да се верува во Тројство?
  • Тројство — дали Библијата учи за него?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • 1. дел — дали Исус и неговите ученици учеле за науката на Тројството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Вистината за Таткото, Синот и светиот дух
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/4 стр. 18-19

Дали Исус е Бог?

МНОГУ луѓе го сметаат тројството за „основно учење во христијанството“. Според ова учење, Таткото, Синот и светиот дух се три личности во еден Бог. Во врска со тројството, кардиналот Џон О’Конор го рекол следново: „Знаеме дека тоа е необјаснива загатка што никако не можеме да ја разбереме“. Зошто е толку тешко да се разбере тројството?

Во еден библиски речник е наведена една причина. Под терминот тројство во него отворено стои: „Тоа не е библиска наука бидејќи во Библијата не може да се најде никаква поткрепа за него“ (The Illustrated Bible Dictionary). Бидејќи тројството „не е библиска наука“, тринитаријанците, или оние што веруваат во него, очајнички бараат библиски стихови — па дури и ги извртуваат — за да најдат поткрепа за тоа учење.

Стих што го поткрепува тројството?

Пример за библиски стих што честопати погрешно се користи е Јован 1:1. Во преводот King James Version, овој стих гласи: „Во почетокот беше Речта, и Речта беше со Бог [грчки: тон тео́н], и Речта беше Бог [тео́с]“. Овој стих содржи две форми на грчката именка тео́с (бог). Пред првата форма на оваа именка стои тон, облик на определен член во грчкиот јазик, и во овој случај зборот тео́н се однесува на Семоќниот Бог. Меѓутоа, во вториот случај пред тео́с нема определен член. Дали членот бил испуштен по грешка?

Евангелието според Јован било напишано на коине, односно говорен грчки јазик, во кој имало јасни правила за употребата на определениот член. Библискиот изучувач А. Т. Робертсон признава дека, ако и подметот и прирокот имаат член, „и едниот и другиот се определени, се сметаат за идентични, исти, меѓусебно заменливи“. Робертсон го наведува како пример Матеј 13:38, каде што пишува: „Нивата [грчки: о агро́с] е светот [грчки: о ко́смос]“. Врз основа на граматичките правила јасно е дека и светот е нивата.

Но, што ако подметот има определен член, но прирокот нема, како што е случај во Јован 1:1? Наведувајќи го тој стих како пример, изучувачот Џејмс Ален Хјуит нагласува: „Во една таква конструкција, подметот и прирокот не се исти, еднакви, идентични ниту нешто слично“.

Како пример, Хјуит го користи 1. Јованово 1:5, каде што стои: „Бог е светлина“. Во грчкиот јазик, „Бог“ е о тео́с и затоа има определен член. Но, пред зборот фос, што значи „светлина“, не стои определен член. Хјуит истакнува: „Секогаш може... да се рече дека за Бог е карактеристична светлината; но никој не може секогаш да рече дека светлината е Бог“. Слични примери има во Јован 4:24, „Бог е Дух“, и 1. Јованово 4:16, „Бог е љубов“. Во двата стиха подметот има определен член, но прироците „дух“ и „љубов“ немаат. Значи, подметот и прирокот не се меѓусебно заменливи. Овие стихови не можат да значат дека „Духот е Бог“ или дека „љубовта е Бог“.

Кој е „Речта“?

Многу експерти за старогрчки јазик и преведувачи на Библијата потврдуваат дека во Јован 1:1 не се нагласува идентитетот, туку едно обележје на „Речта“. Библискиот преведувач Вилијам Баркли вели: „Бидејќи [апостол Јован] не става определен член пред теос, тој збор добива описно значење... Јован овде не ја идентификува Речта со Бог. Едноставно кажано, тој не вели дека Исус е Бог“. Изучувачот Џејсон Дејвид Бидан вели нешто слично: „Во грчкиот јазик, ако се изостави членот од теос во некоја реченица, како онаа од Јован 1:1в, читателите ќе сфатат дека се мисли на ‚некој бог‘... Со тоа што членот е изоставен, теос станува сосема различен од определената именка о теос, исто како што ‚некој бог‘ се разликува од зборот ‚Бог‘ во англискиот јазик“. Бидан додава: „Во Јован 1:1, Речта не е единствениот Бог, туку некој бог, односно битие слично на Бог“. Или, како што кажал Џозеф Хенри Тајер, изучувач што работел на библискиот превод American Standard Version: „Логосот [или Речта] бил божествен, а не бил Бог“.

Дали идентитетот на Бог треба да биде некоја „необјаснива загатка“? Исус не мислел така. Во една молитва до својот Татко, Исус направил јасна разлика помеѓу себе и Таткото кога рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Ако му веруваме на Исус и ако разбереме што вели Библијата на оваа тема, ќе го почитуваме како божествен Син на Бог. Исто така, ќе му служиме на Јехова како на „единствениот вистински Бог“.

[Истакната мисла на страница 19]

Зошто е толку тешко да се разбере тројството?

[Истакната мисла на страница 19]

Исус направил јасна разлика помеѓу себе и својот Татко

[Извор на слика на страница 19]

Црква во Тањон, Франција

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели