ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/5 стр. 26-29
  • Библијата менува животи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата менува животи
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/5 стр. 26-29

Библијата менува животи

ШТО направил еден поранешен член на банда и зависник од марихуана за да ги остави лошите навики? Зошто еден член на треш-метал група си ја потстрижил долгата коса и го променил ставот кон музиката што толку ја сакал? Што мотивирало еден човек да стане проповедник, иако претходно не почитувал никаков верски и државен авторитет? Да видиме што има да ни каже секој од нив.

„Повеќе не сум зависник“ — ПЕТЕР КАУСАНГА

ВОЗРАСТ: 32

ЗЕМЈА: НАМИБИЈА

НЕКОГАШ: ЧЛЕН НА БАНДА И ЗАВИСНИК ОД МАРИХУАНА

МОЕТО МИНАТО: Пораснав во Кехему, една од четирите големи области во градот Рунду. Таму луѓето заработуваа за живот продавајќи просо, дрво и јаглен.

Кога имав само две години, умре мајка ми, па затоа ме одгледа баба ми. Живеевме скромно. По природа не бев бунтовен, ама поради тоа што подлегнав на притисокот од другарите, се најдов во неволја. На училиште се приклучив на една банда. Така станав вмешан во улични тепачки, насилство, крадење, шверцување дијаманти, пијанство и дрога. Двапати ме фатија и ме ставија в затвор поради кражба и измама.

Го напуштив училиштето на 18 години и по некое време се иселив од родното место и ги прекинав сите врски со бандата. Сакав да започнам сѐ одново. Но, сѐ уште бев зависник од марихуана. Понекогаш пешачев со километри само за да дојдам до цигара со марихуана.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Во почетокот на 1999 година, сретнав некои Јеховини сведоци кои им нудеа литература на луѓето што поминуваа на улица. Кон мене се однесуваа со почит и достоинство, а тоа ми остави силен впечаток. Она што го прочитав во литературата што ми ја дадоа ме увери дека ја најдов вистинската религија. Почнав внимателно да ја проучувам Библијата и наскоро сфатив дека ќе мора да направам промени ако сакам да му угодам на Јехова Бог.

Си определив датум кога да престанам да пушам и потоа ги уништив сите мои предмети поврзани со пушењето. Исто така, им реков на пријателите да не ми нудат цигари и да не пушат пред мене. И покрај тоа, не одеше сѐ како што планирав. Двапати ѝ подлегнав на желбата за цигари и марихуана. Сепак, не се обесхрабрив. Мислев на начелото запишано во Изреки 24:16: „Ако праведникот падне и седум пати, пак ќе стане“. Иако ми требаше време, повеќе не сум зависник.

Колку повеќе учев за Јехова толку повеќе сакав да ми биде најблизок пријател. Еден библиски стих што ме допре до срце беше Псалм 27:10: „И да ме остават татко ми и мајка ми, Јехова ќе ме прифати“. Додека продолжив темелно да ја проучувам Библијата, сфатив колку се вистинити тие зборови. Чувствував дека Јехова ми стана реален и грижлив Татко.

Исто така, редовно се дружев со Јеховините сведоци. Видов дека меѓу нив постои вистинско пријателство и љубов. Никогаш порано немав почувствувано такво нешто.

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА: Со Јеховина помош и со поддршката од другите Сведоци, го сменив изгледот, облеката, однесувањето и говорот. Кога ќе размислам за минатото, сфаќам дека мојот живот се промени исто како што една грда гасеница станува прекрасна пеперутка. Роднините се благодарни за оваа промена, а јас ја стекнав нивната доверба. Денес сум оженет и се трудам да ѝ бидам добар сопруг на мојата жена и грижлив татко на моите деца.

„Најдов вистинска смисла во животот“ — МАРКОС ПАУЛУ ДЕ СОЗА

ВОЗРАСТ: 29

ЗЕМЈА: БРАЗИЛ

НЕКОГАШ: ЧЛЕН НА ТРЕШ-МЕТАЛ ГРУПА

МОЕТО МИНАТО: Моето семејство живееше во градот Жагуаруна, во Сао Пауло. Мајка ми и татко ми беа искрени католици, а кога бев мал, служев како министрант (момче што го послужува свештеникот за време на мисата). Затоа, децата во основно училиште ме викаа Оче. Кога наполнив 15 години, ја открив хеви-метал музиката. Почнав да се дружам со рок пејачи. Ја пуштив косата. А во 1996 год., татко ми ми помогна да ги купам моите први тапани.

Во 1998 год. станав член на една треш-метал група. Свиревме сатанистичка и непристојна музика, која го величаше насилството. Музиката ми влијаеше врз мислите, постапките и ставовите. Станував сѐ понегативен и поагресивен.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Со Јеховините сведоци првпат се сретнав во 1999 год. Тие ми понудија да ја проучуваат Библијата со мене и јас се согласив, иако не бев вистински заинтересиран. Меѓутоа, она што го научив од Библијата ми помогна поинаку да гледам на животот.

Бев познат како „долгокосиот дечко“, „рок ѕвездата“ или „тапанарот“. Но, сфатив дека откако почнав да свирам во групата, станав себичен и амбициозен и не ми се допаѓаше репутацијата што ја стекнав. Ми беше јасно дека пејачите што ги обожавав немаа вистинска смисла во животот. Со текот на времето увидов дека, ако сакам да му угодам на Јехова Бог, ќе мора да расчистам со хеви-метал музиката и со неморалниот живот и идолопоклонството што се поврзани со неа.

Многу ја сакав музиката и мојата долга коса. Се прашував како ќе живеам без нив. Освен тоа, бев насилен и знаев дека ќе мора да научам да ја контролирам таа склоност. Меѓутоа, додека ја проучував Библијата, мојата љубов кон Јехова сѐ повеќе растеше. Многу го засакав кога дознав за неговата љубов, стрпливост и милост. Го молев да ми помогне да се променам, и навистина ми помогна. Од лично искуство сфатив колку се вистинити зборовите од Евреите 4:12, каде што пишува: „Речта Божја е жива и делотворна“.

Кога почнав да се дружам со Јеховините сведоци, увидов дека тие се поинакви од другите луѓе. Првпат во животот видов вистинска љубов на дело. Оваа љубов е особено очигледна на големите конгреси што ги одржуваат Сведоците. Бев одушевен кога видов колку вредно работеа доброволците за да можат присутните да уживаат во тие собири.

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА: Со Јеховина помош, сега можам да го контролирам мојот нарав. Чувствувам дека повеќе не сум себичен и горд.

Мора да признаам дека едно време ми недостигаше стариот начин на живот — но денес веќе не. Сега најдов вистинска смисла во животот. Среќен сум што учам да се интересирам за другите луѓе и за нивното добро.

„Сега радосно се грижам за другите“ — ЏЕФРИ НОУБЕЛ

ВОЗРАСТ: 59

ЗЕМЈА: САД

НЕКОГАШ: НЕ ПОЧИТУВАЛ НИКАКОВ ВЕРСКИ И ДРЖАВЕН АВТОРИТЕТ

МОЕТО МИНАТО: Растев во Ипсвич, Масачусетс, поморски град во кој живеат луѓе од работничка класа. Кога пораснав, решив да живеам во едно зафрлено подрачје во Вермонт. Според северноамериканските стандарди, јас и мојата девојка живеевме многу бедно и примитивно. Немавме струја, па затоа се греевме и готвевме на дрва што ги собиравме во шумата. Имавме полски клозет и поголемиот дел од годината немавме питка вода. Ги отфрливме мерилата на општеството, и тоа се гледаше по нашиот изглед. Еднаш дури и се гордеев со тоа што ја немав исчешлано косата шест месеци.

Во тоа време, САД беа вмешани во Виетнамската војна. Тоа влијаеше врз мојот став кон авторитетот. Го видов лицемерството во владата и во религијата. Сметав дека тие институции немаат решение за проблемите и дека секој треба да одлучи за себе што е исправно, а што погрешно. Затоа, мислев дека нема ништо лошо во тоа да украдам нешто ако тоа ми е потребно.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Мојата девојка и јас почнавме да ја читаме Библијата, но не можевме да ја разбереме. Јас земав дрога, ама се обидував да престанам со таа навика. Мојата девојка сакаше да се земеме и да имаме деца. Во тоа време, една жена која беше Јеховин сведок дојде на нашата врата, и така почнавме да ја проучуваме Библијата.

По кратко време успеав да ги оставам лошите навики, ама потешко ми беше да си го променам ставот кон авторитетот. Бев навикнат да оспорувам сѐ. Додека растев, никој не ме спречуваше да правам што сакам, па затоа ми беше тешко да ја прифатам мислата да живеам според нечии правила.

Отсекогаш верував дека постои Творец, но немав јасна претстава за него. Меѓутоа, додека ја проучував Библијата, дознав каква личност е Јехова Бог. Сфатив дека точно кажал што бара од мене. Ниту едно од неговите барања не беше површно или нејасно. Исто така, научив дека тој има јасна намера да ја претвори Земјата во рај (2. Петрово 3:13). Кога ја дознав вистината за овие работи, бев мотивиран да се променам за да можам да му служам.

Особено ме одушеви тоа што Јеховините сведоци не сакаат да учествуваат во војните. Ниедна друга религија во светот за која имав слушнато не се држеше за тоа библиско начело.

Знаев дека, ако сакам да му служам на Јехова, ќе треба да се погрижам за својот изглед. Во почетокот ми беше тешко да се облекувам пристојно како Сведоците. Ниту јас ниту моите пријатели немавме пристојна кошула, панталони или чевли, а да не спомнувам вратоврска! Но, си ја потстрижив косата и си го средив изгледот. Исто така, се сеќавам кога првпат отидов да проповедам од врата до врата. Кога се огледав во едно стаклено окно, си реков: ‚Што направив?‘ Малку по малку, се навикнав на мојот нов изглед.

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА: Се оженив со мојата девојка, и сѐ уште живееме во среќен брак. Им всадивме на нашите три деца љубов кон Јехова и желба да му служат. Исто така, со радост им помогнав и на други луѓе да ги научат од Библијата истите работи што мене ми помогнаа да го променам мојот живот.

Порано се гордеев со тоа што не ми беше грижа што мислат другите за мене. Сега радосно се грижам за другите и дозволувам тие да се грижат за мене.

[Истакната мисла на страница 26]

„Пешачев со километри само за да дојдам до цигара со марихуана“

[Истакната мисла на страница 28]

„Она што го научив од Библијата ми помогна поинаку да гледам на животот“

[Истакната мисла на страница 29]

„Ми беше тешко да се облекувам пристојно како Сведоците“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели