ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 15/11 стр. 20-21
  • ‚Да му принесеме дар на Јехова‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Да му принесеме дар на Јехова‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Му служиме на Бог „со едно срце и со една душа“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Весело давање од сѐ срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали даваш великодушно и со радост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • „Јеховиниот благослов збогатува“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 15/11 стр. 20-21

‚Да му принесеме дар на Јехова‘

КОГА некој ќе направи нешто љубезно за тебе, како ќе му покажеш дека си благодарен? Да видиме како ја покажале својата благодарност воените заповедници во Израел по една битка со Мадијамците. Битката се водела откако Израелците направиле грев затоа што го обожавале Ваал фегорски. Бог им дал победа во оваа битка, а пленот бил поделен меѓу 12.000-те борци и останатите Израелци. На барање од Јехова, борците дале дел од нивниот плен за свештениците, а другите Израелци дале дел од својот плен за левитите (4. Мој. 31:1-5, 25-30).

Но, воените заповедници сакале да сторат нешто повеќе. „Твоите слуги ги преброија борците што се под наше заповедништво и ниту еден од нашите луѓе не недостига“, му рекле на Мојсеј. Како дар за Јехова, тие одлучиле да принесат злато и различен накит. Вкупната тежина на златниот накит изнесувала над 190 килограми (4. Мој. 31:49-54).

И денес мнозина се поттикнати да покажат благодарност за сѐ што направил Јехова за нив. Но, таква благодарност не покажуваат само крстените Јеховини сведоци. Да го земеме за пример возачот на автобус кој возел до и од стадионот една група делегати кои присуствувале на меѓународниот конгрес што се одржа во Болоња (Италија), во 2009 год. Бидејќи бил многу внимателен возач и смирен човек, оние што се возеле со него решиле во знак на благодарност да му дадат картичка, нешто пари за да се почести и книгата Што навистина учи Библијата? На тоа возачот одговорил: „Со задоволство ја прифаќам картичката и книгата, но ви ги враќам парите затоа што сакам да ги приложам за да можете да продолжите со вашето дело. Иако не сум Јеховин сведок, сакам да ги дадам парите затоа што гледам дека сѐ правите од љубов“.

Кога ќе почувствуваш благодарност за она што го прави Јехова за тебе, еден начин на кој можеш да ја покажеш е така што ќе приложиш за меѓународното дело на Јеховините сведоци (Мат. 24:14). Некои начини на кои може да се направи тоа се наведени во придружната рамка.

КАКО НЕКОИ РЕШИЛЕ ДА ДАДАТ

ПРИЛОЗИ ЗА МЕЃУНАРОДНОТО ДЕЛО

Мнозина ставаат настрана, односно редовно одвојуваат некоја сума од своите парични средства и ја пуштаат во кутиите за прилози со натпис: „За меѓународното дело“.

Секој месец, собранијата го испраќаат овој износ до подружницата на Јеховините сведоци во нивната земја. Освен тоа, секој може да ги испрати своите доброволни парични прилози и директно до подружницата. Може да се дарува и накит или, пак, други вредни работи. Таквите прилози треба да се испратат заедно со едно кратко писмо во кое се наведува дека се работи за безусловен подарок.

ДРУГИ НАЧИНИ НА ДАВАЊЕ

Освен безусловни парични прилози, кои ќе се користат за службата за Царството низ целиот свет, може да се дадат донации и на други начини. Тука спаѓаат:

Осигурување:

Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да биде именувана како корисник на средствата од полиса за животно осигурување.

Банковни сметки:

На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да ѝ се остават во наследство различни штедни влогови. Претходно треба да се исполнат сите законски барања за средствата да бидат исплатени од страна на банката.

Хартии од вредност и обврзници:

Хартии од вредност и обврзници можат да се дадат на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница како безусловен подарок.

Недвижен имот:

На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да се подари недвижен имот или како безусловен подарок или, пак, да се задржи на доживотно користење од страна на дарителот, што значи дека тој може и понатаму да располага со него до крајот на својот живот. За таквиот имот треба да постојат уредни документи за да може да се продаде. Контактирај со подружницата во твојата земја пред да ѝ препишеш каков и да било недвижен имот.

Тестаменти:

Имот или пари можат да бидат завештани на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница со законски заверен тестамент.

Ако си заинтересиран за некој од овие начини за давање донации, можеш да се јавиш, или телефонски или писмено, на долунаведената адреса.

Адреса:

Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница

П. ф. 800

1 000 Скопје

Телефон: (02) 3090-580

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели