ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 15/1 стр. 3-7
  • ‚Најди засолниште во името на Јехова‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Најди засолниште во името на Јехова‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Денови на бура во библиски времиња
  • Духовна и дословна заштита
  • Бог ги штити оние што го светат неговото име
  • Божјето име не е амајлија
  • Засолниште во денешно време
  • Остани во „градот прибежиште“ и живеј!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дали Јехова е твое засолниште?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Градови прибежишта — Божја милостива подготовка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Нивното засолниште — лага!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 15/1 стр. 3-7

‚Најди засолниште во името на Јехова‘

„Ќе оставам народ понизен и скромен, кој ќе најде засолниште во името на Јехова“ (СОФ. 3:12)

1, 2. Која симболична бура наскоро ќе го погоди човештвото?

ДАЛИ некогаш си морал да побараш засолниште под некој мост затоа што си бил затечен од бура? Мостот може да ти пружи заштита од дожд или град, но најверојатно нема многу да те заштити од торнадо или ураган.

2 Денес наближува една поинаква бура која му се заканува на целиот човечки род. Се работи за еден симболичен „ден на бура“, односно за „големиот ден на Јехова“ кој ќе дојде врз целото човештво. Сепак, во тоа време ќе можеме да најдеме безбедно засолниште. (Прочитај Софонија 1:14-18.) Како ќе успееме да се засолниме во „денот на Јеховиниот гнев“ кој наскоро ќе дојде?

Денови на бура во библиски времиња

3. Која „бура со громови“ го погодила десетплеменското царство Израел?

3 Јеховиниот ден ќе започне со уништувањето на сите лажни религии на Земјата. За да видиме како да најдеме засолниште во тоа време, да разгледаме што се случувало со Божјиот древен народ во минатото. Исаија, кој живеел во осмиот век пр.н.е., ја споредил Јеховината осуда на отпадничкото десетплеменско царство Израел со „бура со громови“ која луѓето нема да можат да ја спречат. (Прочитај Исаија 28:1, 2.) Ова пророштво се исполнило во 740 год. пр.н.е., кога Асирија ја нападнала земјата во која живееле десетте израелски племиња.a

4. Како „големиот ден на Јехова“ дошол врз Ерусалим во 607 год. пр.н.е.?

4 По осудата над неверниот Израел, Ерусалим и царството Јуда исто така се соочиле со еден ‚голем ден на Јехова‘, во 607 год. пр.н.е. Ова се случило затоа што и Јудејците станале отпадници. Кога Вавилонците под водство на Навуходоносор се подготвиле да ги нападнат Јуда и нејзината престолнина, Ерусалим, Јудејците побарале заштита во „прибежиштето од лага“, односно во нивниот политички сојуз со Египет. Сепак, како нескротлива бура, Вавилонците го уништиле тоа ‚прибежиште‘ (Иса. 28:14, 17).

5. Што ќе се случи со Божјиот народ како група кога ќе биде уништена целокупната лажна религија?

5 Големиот ден на Јехова што дошол врз Ерусалим е претслика за осудата што ќе биде извршена над отпадничкиот христијански свет во нашево време. Освен тоа, ќе биде уништен и преостанатиот дел од „Големиот Вавилон“, светското царство на лажната религија. А потоа ќе биде збришан и остатокот од Сатановиот злобен свет. Но, Божјиот народ како група ќе преживее бидејќи бара засолниште кај Јехова (Отк. 7:14; 18:2, 8; 19:19-21).

Духовна и дословна заштита

6. Како можат Јеховините слуги да најдат засолниште?

6 Како можат слугите на Бог да најдат засолниште уште сега додека живееме во времето на крајот? Наоѓаме духовно засолниште кога длабоко ‚размислуваме за неговото име‘ и кога ревносно му служиме. (Прочитај Малахија 3:16-18.) Сепак, свесни сме дека треба да направиме повеќе отколку само да размислуваме за Божјето име. Во Библијата стои: „Секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“ (Рим. 10:13). Значи, нашето спасение ќе зависи од тоа дали го повикуваме името на Јехова. Многу искрени лица можат да ја видат разликата меѓу вистинските христијани кои со почит „размислуваат за неговото име“ и сведочат за него, и другите луѓе кои не му служат.

7, 8. На кој начин христијаните во првиот век биле дословно спасени, и каква сличност постои денес?

7 Но, Јехова не нѐ спасува само со тоа што ни дава духовна заштита. Тој ветува дека и дословно ќе го спаси својот народ. Ова го покажуваат и настаните што се случиле во 66 год. од н.е., откако римската војска на чело со Цестиј Гал го нападнала Ерусалим. Исус прорекол дека дните на таа неволја ќе „се скратат“ (Мат. 24:15, 16, 21, 22). Тоа се случило кога римската војска ненадејно ја прекинала опсадата и се повлекла од градот. На тој начин вистинските христијани можеле ‚да се спасат‘. Тие побегнале од Ерусалим и од неговата околина. Некои ја преминале реката Јордан и се засолниле во планините на исток.

8 Постои сличност помеѓу тие христијани и Божјиот народ денес. Христијаните во првиот век барале засолниште, а и денешните Божји слуги ќе го прават истото. Но, бидејќи вистинските христијани во нашево време живеат по целата Земја, нема да бегаат на некое конкретно место. Сепак, кога ќе му биде ставен крај на отпадничкиот христијански свет, „избраните“ и нивните верни придружници, како група, дословно ќе бидат спасени затоа што ќе се засолнат кај Јехова и неговата организација, која е како симболична планина.

9. Кој се обидува да го скрие Божјето име? Наведи пример.

9 Од друга страна, христијанскиот свет со право ќе биде уништен затоа што ги држи своите верници во духовен мрак и одбива да го користи Божјето име. Во средниот век, Божјето лично име било познато низ цела Европа. Тоа име, претставено со четири хебрејски букви наречени тетраграм и вообичаено транскрибирани како ЈХВХ, го имало на ковани монети, на фасадите на куќите, во многу книги и Библии, па дури и во некои католички и протестантски цркви. Меѓутоа, во последно време црквите се трудат да го отстранат Божјето име од преводите на Библијата и сосема да ја забранат неговата употреба. Доказ за ова е и едно писмо во врска со ‚Божјето име‘, со датум од 29 јуни 2008 год., во кое римокатоличката црква дала упатство тетраграмот, сеедно во кој облик е напишан, да биде заменет со „Господ“. Ватикан забранил Божјето име да се користи во црковни песни и молитви за време на католичките богослужби. Освен тоа, и водачите на други христијански и нехристијански религии не им кажуваат на милиони и милиони верници кој е вистинскиот Бог.

Бог ги штити оние што го светат неговото име

10. Како се свети Божјето име денес?

10 Во сушта спротивност на она што го прават другите религии, Јеховините сведоци го светат и го слават Божјето име. Тие го светат неговото име со тоа што го користат на начин кој му оддава чест. На Јехова му се мили оние што имаат доверба во него, и тој станува сѐ што е потребно за да ги благослови и заштити како свои слуги. „[Бог] внимава на оние што бараат прибежиште кај него“ (Наум 1:7; Дела 15:14).

11, 12. Кој му останал верен на Јехова во древната Јуда, и кој му е верен денес?

11 Иако повеќето жители на древната Јуда станале отпадници, имало и такви кои нашле „засолниште во името на Јехова“. (Прочитај Софонија 3:12, 13.) Кога Бог ја казнил неверната Јуда со тоа што дозволил Вавилонците да ја освојат земјата и да го одведат народот во заробеништво, некои поединци, како Еремија, Варух и Авде-Мелех, биле поштедени. Тие останале верни иако живееле среде еден отпаднички народ. Други останале верни додека биле во изгнанство. Во 539 год. пр.н.е., Медијците и Персијците на чело со Кир го освоиле Вавилон. Наскоро Кир издал одредба еден остаток од Евреи да се врати во својата земја.

12 Софонија прорекол дека Јехова ќе ги спаси и ќе им се радува на оние што ќе го дочекаат времето кога ќе се обнови вистинското обожавање. (Прочитај Софонија 3:14-17.) Тоа се случило и во нашево време. Откако Божјето Царство било воспоставено на небото, Јехова го избавил верниот остаток од помазаници од духовното ропство на Големиот Вавилон и им се радува до денешен ден.

13. Од што се ослободени луѓе од сите народи денес?

13 Оние што имаат надеж да живеат засекогаш на Земјата исто така излегле од Големиот Вавилон и се ослободиле од учењата на лажната религија (Отк. 18:4). Според тоа, Софонија 2:3 главно се исполнува во нашево време. Таму стои: „Барајте го Јехова, сите кротки на земјата“. Кротките од сите народи, сеедно дали имаат надеж за вечен живот на небото или на Земјата, сега наоѓаат засолниште во името на Јехова.

Божјето име не е амајлија

14, 15. а) Што користеле некои како амајлии? б) Што не треба да се користи како амајлија?

14 За некои Израелци, храмот бил еден вид амајлија што требало да ги штити од непријателите (Ерем. 7:1-4). Пред тоа, Израелците гледале на ковчегот на сојузот како амајлија што требало да ги штити во битките (1. Сам. 4:3, 10, 11). Константин Велики, пак, наредил да се напишат грчките букви ки и ро — првите букви од грчкиот назив за Христос — на штитовите на своите војници со надеж дека тоа ќе ги заштити во битките. Исто така, се смета дека шведскиот крал Густав Адолф II, кој се борел во крвавата верска Триесетгодишна војна, го носел оклопот прикажан на 7. страница, на кој јасно се гледа името „Иехова“.

15 Некои Божји слуги кои биле нападнати од демони барале засолниште кај Јехова со тоа што гласно го повикувале неговото име. Сепак, предметите на кои стои Божјето име не треба да се сметаат како амајлии што имаат магична моќ да пружат заштита. Не можеме на таков начин да бараме засолниште во името на Јехова.

Засолниште во денешно време

16. Како можеме да најдеме духовно засолниште денес?

16 Денес имаме пристап до засолништето во кое наоѓаме духовна заштита како Божји народ (Пс. 91:1). Преку „верниот и разборит роб“ и собраниските старешини, добиваме предупредувања за работите во светот што би можеле да ја загрозат нашата духовна безбедност (Мат. 24:45-47; Иса. 32:1, 2). Размисли колку често сме предупредувани во врска со материјализмот, и како таквите опомени ни помагаат да не застраниме од вистината. Друга опасност е да станеме рамнодушни и немарни — став кој би можел да нѐ наведе да престанеме да проповедаме. Божјата Реч опоменува: „Безумните ќе ги упропасти нивната немарност. А кој ме слуша мене, ќе биде спокоен и ќе живее мирно, и нема да се плаши од зло“ (Изр. 1:32, 33). Ќе останеме во духовното засолниште и ако се трудиме да бидеме чисти во морален поглед.

17, 18. Што им помага на милиони луѓе денес да најдат засолниште во името на Јехова?

17 Освен тоа, размисли и за охрабрувањето што верниот роб ни го дава за да ја послушаме Исусовата заповед да ја проповедаме добрата вест за Царството по целиот свет (Мат. 24:14; 28:19, 20). Софонија претскажал дека ќе има една промена што ќе им помогне на луѓето да најдат засолниште во Божјето име. Тој рекол: „Тогаш ќе го променам јазикот на народите во чист јазик за да го повикуваат сите името на Јехова и да му служат сложно“ (Соф. 3:9).

18 Што претставува овој чист јазик? Чистиот јазик е вистината за Јехова Бог и за неговите намери, која се наоѓа во неговата вдахновена Реч. Ти „зборуваш“ на тој јазик кога им помагаш на другите точно да разберат што е Божјето Царство и како тоа ќе го посвети Божјето име, кога нагласуваш колку е важно да се докаже дека Јехова има право да биде Севишен Владетел и кога радосно им кажуваш за вечните благослови што ќе ги добијат сите оние што ќе му останат верни на Бог. Благодарение на тоа што толку многу лица го зборуваат овој симболичен јазик, сѐ повеќе расте и бројот на оние што ‚го повикуваат името на Јехова‘ и ‚сложно му служат‘. Да, денес милиони луѓе низ целиот свет наоѓаат засолниште кај Јехова (Пс. 1:1, 3).

19, 20. Како се разочарале оние што имале доверба во „прибежиштето од лага“ во библиски времиња?

19 Луѓето во светот мораат да се справат со навидум нерешливи проблеми. Мнозина очајно бараат решение од несовршени луѓе или од политички организации, исто како што древните Израелци понекогаш барале помош од соседните народи и склучувале сојузи со нив. Сепак, ти знаеш дека тоа не им помогнало. И, ниту една држава ниту, пак, Организацијата на обединетите нации немаат трајно решение за човечките проблеми. Тогаш, зошто некој би барал засолниште во политички организации и сојузи? Библијата пророчки ги нарекува ‚прибежиште од лага‘. И со право можеш да ги гледаш како такви бидејќи сите што се надеваат на нив страшно ќе се разочараат. (Прочитај Исаија 28:15, 17.)

20 Наскоро симболичната бура на Јеховиниот ден ќе ја погоди Земјата. Човекот нема да успее во своите планови да обезбеди заштита. Нема да го заштитат ниту нуклеарните засолништа ниту богатството. Исаија 28:17 јасно вели: „Град ќе го однесе прибежиштето од лага и води ќе го однесат скривалиштето“.

21. Каква корист ќе имаме ако го послушаме советот од годишниот стих за 2011 год.?

21 И сега и во иднина, кога ќе настапи Јеховиниот ден, ние, како Божји народ, ќе најдеме вистинска сигурност кај него како наш Бог. Името Софонија, кое значи „Јехова скрил“, укажува каде може да се најде вистинско скривалиште. Затоа, соодветен е мудриот совет од годишниот стих за 2011 год.: ‚Најди засолниште во името на Јехова‘ (Соф. 3:12). Уште сега можеме и треба да најдеме засолниште во името на Јехова, со тоа што ќе имаме безрезервна доверба во него (Пс. 9:10). Секој ден да го имаме во мислите следново уверување од Бог: „Името на Јехова е цврста кула. Во неа бега праведникот и наоѓа заштита“ (Изр. 18:10).

[Фуснота]

a Во Библијата, „Ефрем“ го симболизира десетплеменското царство Израел, бидејќи било највлијателното од тие племиња.

Се сеќаваш ли?

• Како можеме да најдеме засолниште во името на Јехова денес?

• Зошто не треба да имаме доверба во „прибежиштето од лага“?

• Какво засолниште ни е загарантирано во иднина?

[Истакната мисла на страница 6]

Годишниот стих за 2011 год. гласи: ‚Најди засолниште во името на Јехова‘ (Софонија 3:12)

[Извор на слика на страница 7]

Thüringer Landesmuseum Heidecksburg Rudolstadt, Waffensammlung “Schwarzburger Zeughaus”

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели