ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/1 стр. 5-6
  • Авраам — пример на вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Авраам — пример на вера
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Кој бил Авраам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Јехова го нарекол свој пријател
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Бог ја испитува верата на Авраам
    Мојата книга со библиски приказни
  • Авраам и Сара го послушале Бог
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/1 стр. 5-6

Авраам — пример на вера

Авраам стои надвор, во мирната ноќ. Кога го вперува погледот во ведрото, ѕвездено небо, помислува на Божјето ветување дека неговите потомци ќе бидат бројни како ѕвездите (1. Мојсеева 15:5). За Авраам, ѕвездите се видливо потсетување на она што му го ветил Јехова. Освен тоа, тие му служат и како гаранција. Ако Јехова имал моќ да ја создаде бескрајната вселена и сѐ што е во неа, зар не може да им даде на Авраам и Сара способност да имаат дете? Авраам силно верувал во тоа.

ШТО Е ВЕРА? Во Библијата, зборот „вера“ укажува на силна верба во нешто што не се гледа. Таквата вера се темели на цврсти докази. Човекот што верува во Бог мисли на ветувањата што ги дал Јехова и за него тие се толку сигурни како веќе да се исполниле.

КАКО АВРААМ ПОКАЖАЛ ВЕРА? Авраам покажал со своите постапки дека верува во Божјите ветувања. Бидејќи имал силна вера, Авраам ја напуштил родната земја и бил сигурен дека Јехова ќе си го одржи ветувањето да го одведе во друга земја. Поради својата силна вера, Авраам талкал низ Ханаан уверен дека, еден ден, таа земја ќе им припадне на неговите потомци. Затоа што имал таква вера, Авраам послушно прифатил и да го жртвува својот син Исак, уверен дека Јехова може да го воскресне (Евреите 11:8, 9, 17-19).

Авраам мислел на иднината, а не на минатото. Иако Авраам и Сара можеле да живеат многу пораскошно во Ур отколку што живееле во Ханаан, ‚не ја имале на ум татковината од која излегле‘ (Евреите 11:15, Превод на МПЦ). Повеќе мислеле на тоа како Бог ќе ги благослови нив и нивните потомци во иднина (Евреите 11:16).

Дали Авраам имал основа да покаже толкава вера? Без сомнение. Јехова го одржал секое ветување што го дал. Со текот на времето, потомците на Авраам станале толку бројни што од нив настанал народот Израел. На крајот навистина се населиле во Ханаан, земјата што Јехова му ја ветил на Авраам (Исус Навин 11:23).

ШТО УЧИМЕ ОД НЕГО? Можеме да бидеме сигурни дека Јехова ќе си ги одржи ветувањата. Дури и ако од човечка гледна точка изгледа невозможно да се исполнат некои од нив, имаме доверба дека „за Бог сѐ е возможно“ (Матеј 19:26).

Од Авраам исто така учиме да не мислиме на тоа какви биле работите во минатото туку какви ќе бидат во иднина. Тоа го научил и Џејсон. Тој е целосно парализиран како последица на една тешка болест. „Морам да признаам дека има моменти кога мислам на минатото. Особено ми недостасуваат некои мали работи, како, на пример, да ја прегрнам жена ми Аманда“, вели Џејсон.

И покрај сѐ, Џејсон има апсолутна доверба дека Јехова ќе ги исполни своите ветувања, меѓу кои е и ветувањето дека нашата планета наскоро ќе стане рај каде што верните луѓе ќе имаат совршено здравје и ќе можат да живеат вечноa (Псалм 37:10, 11, 29; Исаија 35:5, 6; Откровение 21:3, 4). Тој додава: „Постојано имам на ум дека најдобрите времиња се пред нас. Наскоро, сето она што нѐ мачи — стресот, проблемите, тагата, чувството на вина — ќе го нема, и тоа засекогаш“. Каков убав пример на вера каква што имал и Авраам!

[Фуснота]

a Нешто повеќе за рајот што ќе биде на Земјата можеш да прочиташ во поглавјата 3, 7 и 8 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели