ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/2 стр. 14
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Пилат рекол: „Еве го човекот!“
    Исус — патот, вистината и животот
  • Кога напаѓаат вооружени разбојници
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Немој никогаш да станеш крадец!
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/2 стр. 14

Дали сте знаеле?

Дали во времето на Исус луѓето навистина свиреле на шупелки кога имало погреб?

▪ Во Библијата пишува дека на празниците се свирело на шупелки, или кавали (1. Царевите 1:40; Исаија 5:12; 30:29). Во неа пишува дека и на еден погреб се свирело на шупелки. Тие се единствените инструменти што се спомнуваат во таа прилика. Во своето евангелие, Матеј запишал дека еден еврејски поглавар побарал од Исус да ја излекува неговата ќерка, која била на умирање. Меѓутоа, кога Исус пристигнал во куќата на тој човек, ги видел „кавалџиите како свират погребна музика и како мноштвото е во збрка“, бидејќи детето веќе умрело (Матеј 9:18, 23).

Дали е точно она што го напишал Матеј во врска со овој обичај? Библискиот преведувач Вилијам Баркли вели: „Во поголемиот дел од древниот свет, во Рим, Грција, Феникија, Асирија и Палестина, звукот на кавалот бил неразделно поврзан со смрт и трагедија“. Според Талмудот, во првите векови од н.е., дури и најсиромашниот Евреин кој ќе останел вдовец најмувал двајца кавалџии и жена што ќе ја оплакува смртта на неговата покојна сопруга. Јосиф Флавиј, историчар кој живеел во првиот век, известил дека, кога во 67 год. од н.е. во Ерусалим стигнала вест дека Римјаните го освоиле градот Јотапата во Галилеја и дека извршиле масакр на неговите жители, „многу од ужалените најмиле кавалџии за погребните жалопојки“.

Каков престап направиле злосторниците што биле погубени со Исус?

▪ Во Библијата, овие злосторници се наречени „разбојници“ (Матеј 27:38; Марко 15:27). Во некои библиски лексикони стои дека во Светото писмо се користат различни зборови за различни злосторници. Грчкиот збор клептис се однесувал на крадец кој дејствувал во тајност за да не го откријат. Овој збор е применет на Јуда Искариот, кој скришно крадел од кутијата за пари (Јован 12:6). Зборот лестис, пак, обично се однесувал на некој што крадел применувајќи насилство, а можел да означува дури и револуционер, бунтовник или герилец. Такви биле оние што биле погубени со Исус. Всушност, едниот од нив рекол: „Го добиваме она што го заслуживме со своите дела“ (Лука 23:41). Тоа покажува дека не биле обвинети само за кражба.

Исто како тие двајца разбојници, и Варава е наречен лестис (Јован 18:40). Дека Варава не бил само крадец се гледа од Лука 23:19, каде што пишува дека ‚бил фрлен в затвор поради една побуна што избувнала во градот и поради убиство‘.

Затоа, иако разбојниците што биле погубени со Исус извршиле кражба, сосема е можно да биле вклучени и во побуна, па дури и во убиство. Како и да е, римскиот управител Понтиј Пилат сметал дека требало да бидат погубени со приковување на столб.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели