ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/5 стр. 5-6
  • Каков став кон политиката имал Исус?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каков став кон политиката имал Исус?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • „Моето царство не е дел од овој свет“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Зошто Исус не се мешал во политика?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали христијаните од првиот век се мешале во политика?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • „Тие не се дел од светот“
    Обожавај го единствениот вистински Бог
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/5 стр. 5-6

Каков став кон политиката имал Исус?

ПИСАТЕЛИТЕ на евангелијата опишуваат неколку ситуации во кои Исус бил директно соочен со политиката. На пример, кратко време откако се крстил на возраст од околу 30 години, Ѓаволот му понудил да биде владетел на светот. Подоцна, една група луѓе сакала да го направи цар. А некое време по тоа, други се обиделе да го натераат да стане политички активист. Како реагирал Исус? Да ги разгледаме овие случки.

Владетел на светот. Во евангелијата пишува дека Ѓаволот му понудил на Исус да владее со „сите царства на светот“. Замисли си колку добро ќе направел Исус за човештвото што страдало ако прифател да биде владетел на светот! Секој што мисли дека проблемите на луѓето може да ги реши преку политиката, сигурно веднаш би ја прифатил оваа понуда. Меѓутоа, Исус ја одбил (Матеј 4:8-11).

Цар. Многу современици на Исус очајно посакувале владетел што ќе им ги реши економските и политичките проблеми. Восхитени од неговите способности, луѓето сакале Исус да се вклучи во политичките случувања. Како реагирал тој? Јован, писател на едно од евангелијата, напишал: „Исус, бидејќи знаеше дека сакаа да дојдат, да го фатат и да го направат цар, повторно се повлече во планината, сосема сам“ (Јован 6:10-15). Очигледно, Исус не сакал да има ништо со политиката.

Политички активист. Забележи што се случило неколку дена пред Исус да биде убиен. Нему му се обратиле учениците на фарисеите, кои се залагале за независност од Римското Царство, заедно со приврзаниците на Ирод, кои биле членови на една политичка партија што ги поддржувала Римјаните. И едните и другите побарале од Исус да заземе страна во еден политички спор. Го прашале дали Евреите требало да му плаќаат данок на Рим.

Марко запишал што им одговорил Исус: „,Зошто ме искушувате? Покажете ми еден денариј!‘ И донесоа. А тој им рече: ‚Чиј е овој лик и натпис?‘ Тие му одговорија: ‚На цезарот‘. Тогаш Исус рече: ‚Вратете му го цезаревото на цезарот, а Божјето на Бог‘“ (Марко 12:13-17). Во врска со одговорот на Исус, една книга вели: „Тој ја одбил улогата на политички месија и внимателно ја поставил границата меѓу она што му припаѓа на цезарот и она што му припаѓа на Бог“ (Church and State — The Story of Two Kingdoms).

Исус не останал рамнодушен на проблемите на луѓето, како што биле сиромаштијата, корупцијата и неправдите. Напротив, Библијата покажува дека му било многу жал за бедната состојба во која се наоѓал народот (Марко 6:33, 34). Но, иако бил ставен под голем притисок да се вклучи во решавањето на политичките прашања од негово време, Исус не започнал кампања против неправдите.

Овие примери јасно покажуваат дека Исус одбил да се вмеша во политиката. А како е со христијаните денес? Што треба да прават тие?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели