ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/7 стр. 18
  • Кога Бог простува, дали и заборава?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога Бог простува, дали и заборава?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Бог кој е ‚спремен да прости‘
    Приближи му се на Јехова
  • Јехова — Бог ‚спремен да прости‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Јехова ни ги простува гревовите — што значи тоа за тебе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/7 стр. 18

Приближи му се на Бог

Кога Бог простува, дали и заборава?

СО ЕДЕН збор, одговорот е ‚да‘. На оние што ја имаат неговата милост, Јехова им ветува: „Ќе им го простам нивниот престап и повеќе нема да се сеќавам на нивниот грев“ (Еремија 31:34). Со овие зборови Јехова нѐ уверува дека, кога ќе им прости на грешниците што се каат, тој повеќе не мисли на нивните гревови. Но, дали тоа значи дека оној што ја создал бескрајната вселена не може да се сети на гревовите што ги простил? Она што го запишал Езекиел ни помага да разбереме во која смисла Бог простува и заборава. (Прочитај Езекиел 18:19-22.)

Преку пророкот Езекиел, Јехова ги осудил неверните Јуда и Ерусалим. Целиот народ престанал да му служи на Јехова и затоа земјата се исполнила со насилство. Јехова прорекол дека Вавилонците ќе го уништат Ерусалим. Но, додека ја изрекувал таа осуда, Јехова дал и зрак на надеж. Секој поединец имал избор. Секој ќе бил одговорен за своите постапки (стихови 19, 20).

Тогаш, што ако некој престанел да греши и почнел да постапува исправно? Јехова рекол: „Ако злосторникот се одврати од сите свои гревови што ги направил и почне да се држи за сите мои одредби и да го прави она што е право и праведно, ќе остане жив. Нема да умре“ (стих 21). Да, Јехова бил ‚спремен да му прости‘ на грешникот што ќе престанел да постапува лошо и искрено ќе се покаел (Псалм 86:5).

А што е со гревовите што ги направил? „Сите престапи што ги направил ќе му бидат заборавени“, рекол Јехова (стих 22). Забележи дека гревовите „ќе му бидат заборавени“. Зошто ова е многу важно?

Во Библијата, хебрејскиот збор преведен со „заборава“ може да значи повеќе отколку само да се изгуби од сеќавање нешто од минатото. Во врска со овој збор, во еден теолошки речник пишува: „Многу често, [тој] се однесува на постапка или се појавува во комбинација со глаголи што означуваат дејство“. Според тоа, „да се заборави“ може да значи „да не се дејствува“. Затоа, кога Јехова вели дека гревовите на оној што се кае „ќе му бидат заборавени“, сака да каже дека во иднина никогаш нема да ги изнесе тие гревови, односно да го обвини или да го казни за нив.a

Зборовите од Езекиел 18:21, 22 на трогателен начин покажуваат колку многу Бог е спремен да прости. Кога Јехова ќе ни ги прости гревовите, никогаш повторно нема да ги изнесе против нас. Напротив, тој ги фрла зад грб гревовите на оние што се каат (Исаија 38:17). Тоа е како да го брише фактот дека тие гревови биле направени (Дела 3:19).

Бидејќи сме несовршени и често грешиме, потребна ни е Божјата милост (Римјаните 3:23). Но, Јехова сака да знаеме дека, ако искрено се каеме, тој е спремен да ни прости. А кога простува, тој заборава, односно никогаш повеќе не се навраќа на нашите грешки за да нѐ обвини или казни. Колку утешно е ова! Зар ваквата Божја милост не те мотивира да се зближиш уште повеќе со него?

Читање на Библијата во јули:

◼ Езекиел 6-20

[Фуснота]

a Слично на тоа, изразот „ќе се сети“ може да значи „ќе ги казни за нивните гревови“ (Еремија 14:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели