Учи од Божјата Реч
Кога Исус станал Цар?
Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.
1. Какво царство му било ветено на Исус?
Бог ветил дека еден потомок на цар Давид ќе седи на Неговиот престол засекогаш. Тој потомок е Исус, кој сега е на небото и владее како Цар на Божјето Царство. (Прочитај Псалм 89:4; Лука 1:32, 33.)
Уште кога Давид бил момче, Бог го избрал да биде цар на Јеховиниот народ, Израел. По смртта на Давид, на „Јеховиниот престол“ во Ерусалим седнал Соломон, кој исто така бил избран од Јехова (1. Летописи 28:4, 5; 29:23). Оттогаш, потомците на Давид и градот Ерусалим ја претставувале Божјата влада овде, на Земјата. По смртта на Соломон, во Ерусалим владееле многу цареви, но повеќето од нив не му биле верни на Бог. На крајот, Јехова дозволил војските на Вавилонците да го тргнат од престолот неговиот цар. Тоа се случило во 607 год. пр.н.е. Оттогаш ниту еден потомок од лозата на Давид не владеел од дословниот град Ерусалим. (Прочитај Езекиел 21:27.)
2. Колку време Божјето Царство немало да има свој претставник на Земјата?
Кратко по уништувањето на Ерусалим, Јехова му кажал на пророкот Даниел дека ќе избере цар кој ќе владее од небото. Кога требало да започне неговото владеење? (Прочитај Даниел 7:13, 14.)
Даниел имал видение во кое Бог заповедал да биде исечено едно огромно дрво, исто како што заповедал и царството во Ерусалим да престане да постои и да биде уништено. Но, коренот на дрвото требало да биде оставен во земјата за по „седум времиња“ повторно да порасне. Библијата покажува дека три и пол „времиња“ изнесуваат 1.260 дена. Според тоа, „седум времиња“ се период од 2.520 дена (Откровение 12:6, 14). Во библиските пророштва, деновите честопати претставуваат години (4. Мојсеева 14:34). Тоа значи дека Божјето Царство ќе немало свој претставник на Земјата 2.520 години. (Прочитај Даниел 4:10-17.)
3. Кога Исус станал Цар?
Бог го поставил Исус за Цар на небото во 1914 год., точно 2.520 години по уништувањето на Ерусалим. Штом станал Цар, Исус веднаш ги истерал од небото Сатана и неговите демони. (Откровение 12:7-10). Иако овие настани не биле видливи за луѓето, последиците од нив се видливи за целото човештво (Откровение 12:12). Настаните од 1914 год. наваму потврдуваат дека таа година Исус станал Цар. (Прочитај Матеј 24:14; Лука 21:10, 11, 31.)
4. Од какво значење е за тебе тоа што Исус е Цар?
Тоа што сите пророштва за Исус како Цар се исполниле е доказ дека можеш да имаш доверба во Божјата Реч. Наскоро Исус ќе ја употреби својата моќ како Цар за да ги ослободи луѓето од сите страдања. (Прочитај Псалм 72:8, 12, 13; Даниел 2:44.)
Нешто повеќе можеш да прочиташ на страници 216-218 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци
[Табела на страници 16 и 17]
(Види во публикацијата)
октомври октомври
607 пр.н.е. 1914 од н.е.
← 2.520 години →
1000 пр.н.е. 1 пр.н.е. 1 од н.е. 1000 од н.е. 2000 од н.е.
← 606,25 години →← 1.913,75 години →
Царството Пресметај: Бог го поставува
во Ерусалим 606,25 Исус за Цар
е уништено + 1.913,75 над сите народи
= 2.520