ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/2 стр. 7
  • Тој е Бог „на живите“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тој е Бог „на живите“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Воскресението — учење што те засега тебе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Надежта во воскресение е сигурна!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Бог ја испитува верата на Авраам
    Мојата книга со библиски приказни
  • Испит на верата
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/2 стр. 7

ПРИБЛИЖИ МУ СЕ НА БОГ

Тој е Бог „на живите“

Дали смртта е посилна од Бог? Се разбира дека не! Зар би можела смртта — или некој друг „непријател“ — да биде посилна од ‚Семоќниот Бог‘? (1. Коринќаните 15:26; 2. Мојсеева 6:3). Бог има моќ засекогаш да ја отстрани смртта преку воскресението и ветува дека ќе го стори токму тоа во новиот свет што доаѓа.a Колку е сигурно ова ветување? Божјиот Син, Исус, ни го кажува тоа со зборови што можат да ни влеат надеж. (Прочитај Матеј 22:31, 32.)

Кога им се обратил на садукеите, кои не верувале во воскресение, Исус рекол: „А за воскресението на мртвите, зарем не сте читале што ви рекол Бог: ‚Јас сум Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков‘? А тој не е Бог на мртвите, туку на живите“. Овде Исус се осврнал на разговорот меѓу Бог и Мојсеј кај грмушката што горела. Тоа се случило некаде во 1514 год. пр.н.е. (2. Мојсеева 3:1-6). Според Исус, она што Јехова му го рекол на Мојсеј — „Јас сум Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков“ — покажува дека сигурно ќе се исполни ветувањето дека ќе има воскресение. Како?

Да го разгледаме најнапред контекстот. Кога Јехова зборувал со Мојсеј, семејните поглавари Авраам, Исак и Јаков долго време биле мртви — Авраам бил мртов веќе 329 години, Исак 224 години, а Јаков 197 години. Сепак, Јехова рекол „јас сум“, а не „јас бев“ — нивни Бог. Јехова зборувал за тие тројца мртви луѓе како да биле сѐ уште живи. Зошто?

Исус објаснил: „Тој [Јехова] не е Бог на мртвите, туку на живите“. Размисли за момент што значат овие зборови. Кога не би имало воскресение, Авраам, Исак и Јаков засекогаш би останале заробени во прангите на смртта. Во тој случај, Јехова би бил Бог на мртви луѓе. Тоа, пак, би значело дека смртта е посилна од Јехова — би испаднало дека тој е немоќен да ги ослободи своите верни слуги од смртта.

Според тоа, што можеме да заклучиме во врска со Авраам, Исак, Јаков и сите други верни слуги на Јехова што умреле? Исус ги кажал следниве впечатливи зборови: „За него сите тие се живи“ (Лука 20:38). Всушност, ветувањето дека Јехова ќе ги врати во живот своите верни слуги што умреле толку сигурно ќе се исполни што за него тие се живи (Римјаните 4:16, 17). Јехова ќе ги чува сите нив во своето безгранично сеќавање сѐ додека не дојде времето да ги воскресне.

Јехова е далеку помоќен од смртта

Зар не те радува помислата дека еден ден би можел повторно да бидеш со твоите најблиски што умреле? Имај на ум дека Јехова е далеку помоќен од смртта. Ништо не може да го спречи да го исполни своето ветување дека ќе ги воскресне мртвите. Зошто не дознаеш нешто повеќе за воскресението и за тоа како Бог ќе го исполни тоа свое ветување? Така сигурно повеќе ќе се зближиш со Јехова, кој е Бог „на живите“.

Читање на Библијата во февруари

Матеј 22-28 — Марко 1-8

a За да дознаеш нешто повеќе за Божјето ветување дека луѓето ќе воскреснат во еден праведен нов свет, види го 7. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели