ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/3 стр. 3-6
  • Дали Исус навистина воскреснал?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Исус навистина воскреснал?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО АКО ХРИСТОС НЕ ВОСКРЕСНАЛ?
  • ЗОШТО ДА ВЕРУВАМЕ ВО ВОСКРЕСЕНИЕ?
  • Воскресението — сигурна надеж!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Надежта во воскресение има сила
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Мртвите ќе воскреснат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Воскресението на Исус — од какво значење е тоа за нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/3 стр. 3-6

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА: ШТО ЗНАЧИ ЗА ТЕБЕ — ВОСКРЕСЕНИЕТО НА ИСУС

Дали Исус навистина воскреснал?

ХЕРОДОТ, грчки историчар кој живеел пред 2.500 години, раскажал една приказна за Египќаните во негово време. „На гозбите што ги приредувале богатите“, напишал тој, „по вечерата еден човек носел наоколу дрвен кип на тело положено во ковчег. Кипот бил долг од половина до едно метро, обоен и изрезбан како да е вистински. Им го покажувал на сите присутни и велел: ‚Пијте и уживајте, затоа што кога ќе умрете, ќе бидете како овој кип‘.“

Ваков став кон животот и смртта немале само Египќаните. Денес изразот: „Јади, пиј и уживај“, станал животно мото на многумина. Ако еден ден треба да умреш, зошто да не уживаш во животот додека можеш? Зошто да се мачиш да го правиш она што е исправно? Ако смртта е крај на сѐ, животот ќе има смисла само ако живееш за сегашноста. Истото го рекол и апостол Павле. Тој напишал каков став имаат луѓето што не веруваат во воскресение: „Ако мртвите не воскреснуваат, ‚да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме‘“ (1. Коринќаните 15:32).

Се разбира, самиот Павле не верувал дека мртвите ќе останат во вечен заборав. Тој бил уверен дека мртвите можат повторно да живеат со надеж никогаш повеќе да не умрат. Неговата увереност се темелела на еден настан од огромна важност чија вистинитост не можела да се побие — воскресениетоa на Исус Христос. Всушност, тоа воскресение било најбитниот настан што им ја зајакнал верата на првите ученици.

Според тоа, какво значење има за нас воскресението на Исус? Од каде знаеме дека навистина се случило? Да видиме што им напишал апостол Павле во врска со ова на христијаните во Коринт.

ШТО АКО ХРИСТОС НЕ ВОСКРЕСНАЛ?

Некои христијани во древниот Коринт биле збунети во врска со воскресението, а други воопшто не верувале во него. Во своето прво писмо до Коринќаните, апостол Павле покажал што би произлегло ако воскресението било измислица. Тој напишал: „Зашто, ако навистина нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не воскреснал. А ако Христос не воскреснал, нашето проповедање навистина е залудно и нашата вера е залудна. А тогаш сме и лажни Божји сведоци... Вашата вера е залудна — уште сте во своите гревови. Тогаш, пропаднале и оние што умреле во единство со Христос“ (1. Коринќаните 15:13-18).

„Им се појави на браќата, кои заедно беа повеќе од петстотини... Потоа му се појави на Јаков, а потоа на сите апостоли. А по сите најпосле ми се појави и мене“ (1. Коринќаните 15:6-8)

Павле започнал со една изјава што не може да се оспори: Ако нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос, кој умрел, не можел да биде вратен во живот. А ако Христос не воскреснал, што би значело тоа? Во тој случај, проповедањето на добрата вест би било залудно, една голема измама. Всушност, воскресението на Христос било важен темел на христијанската вера, тесно поврзано со некои од најосновните библиски учења, како што се правото на Бог да владее, неговото име, неговото Царство и нашето спасение. Ако Исус не воскреснал, пораката што ја објавувале Павле и другите апостоли би била само празни, безвредни зборови.

Следствено на тоа, ако Христос не воскреснал од мртвите, христијанската вера би била бескорисна, празна, темелена на лага. Исто така, би испаднало дека Павле и другите ширеле лаги не само за воскресението на Исус туку и за оној што велеле дека го воскреснал, Јехова Бог. Освен тоа, тврдењето дека Христос ‚умрел за нашите гревови‘ не би било точно — бидејќи ако самиот Спасител не бил спасен од смртта, како би можел да ги спаси другите? (1. Коринќаните 15:3). Тоа би значело дека христијаните што умреле, во некои случаи како маченици, умреле со јалова надеж дека ќе воскреснат.

Павле го кажал следниов заклучок: „Ако само во овој живот се надеваме на Христос, најмногу сме за жалење од сите луѓе“ (1. Коринќаните 15:19). Павле, како и други христијани, претрпел загуби, бил прогонуван, минал низ разни тешкотии и често ѝ гледал на смртта в очи затоа што верувал во воскресение и во сѐ што значело тоа. Сето ова би било бесмислено ако воскресението е само една обична лага!

ЗОШТО ДА ВЕРУВАМЕ ВО ВОСКРЕСЕНИЕ?

Павле не верувал во ниеден од тие погрешни заклучоци. Тој знаел дека Исус бил подигнат од мртвите. Затоа, на христијаните во Коринт во кратки црти им ги изнел доказите за тоа: „Христос умре за нашите гревови, како што пишува во Писмата; беше погребан и воскресна на третиот ден, како што пишува во Писмата; му се појави на Кифа, а потоа на дванаесеттемина.“b Тогаш Павле додал: „Потоа им се појави на браќата, кои заедно беа повеќе од петстотини. Повеќето од нив се живи, а некои умреа. Потоа му се појави на Јаков, а потоа на сите апостоли. А по сите најпосле ми се појави и мене“ (1. Коринќаните 15:3-8).

Уште во почетокот Павле со увереност кажал дека Христос умрел за нашите гревови, бил погребан и потоа воскреснал. Зошто Павле бил толку сигурен во тоа? Една причина било сведоштвото на многу очевидци. Воскреснатиот Исус им се појавил на поединци (вклучувајќи го и самиот Павле), на помали групи луѓе, па дури и на едно мноштво од 500 души, од кои мнозина сигурно со неверување ја чуле веста дека Исус воскреснал! (Лука 24:1-11). Повеќето очевидци сѐ уште биле живи во времето на Павле и со своја уста можеле да го потврдат воскресението на Исус (1. Коринќаните 15:6). Можеби ќе се посомневаш во исказите на еден или двајца сведоци, но не и во зборовите на 500 или повеќе очевидци.

Исто така, забележи дека Павле двапати спомнал дека смртта, погребот и воскресението на Исус биле „како што пишува во Писмата“. Тие настани потврдиле дека пророштвата од Хебрејските списи во врска со Месијата се исполниле и дека Исус навистина бил ветениот Месија.

И покрај сведоштвото на очевидци и доказите од Светото писмо, во тоа време имало, а и денес сѐ уште има, некои што се сомневаат дека Исус навистина воскреснал. Некои велат дека учениците го украле неговото тело, а потоа тврделе дека биле сведоци на воскресението. Меѓутоа, неговите следбеници немале ниту сила ниту влијание да се справат со римската стража што го чувала гробот. Други тврдат дека воскреснатиот Исус бил само привидение. Но, таа теорија паѓа во вода затоа што Исус им се појавил на различни луѓе и во различно време. Освен тоа, зар е разумно да веруваме дека некој што бил привидение би можел да зготви и да принесе риба, како што направил воскреснатиот Исус на брегот на Галилејското Море? (Јован 21:9-14). Дали еден човек што бил привидение би им рекол на другите да го допрат? (Лука 24:36-39).

Трети, пак, велат дека воскресението било измама што ја смислиле учениците. Но, каква полза би имале учениците од тоа? Кога сведочеле за воскресението на Исус, тие биле изложени на потсмев, страдање и смрт. Зар би се изложиле на такво нешто само за да рашират обична лага? Освен тоа, тие најнапред сведочеле во Ерусалим, пред очите на своите противници, кои едвај чекале да најдат некаков изговор за да ги осудат.

Токму воскресението им дало на учениците храброст да сведочат за својот Господар и покрај најжестокото прогонство. Фактот дека Исус воскреснал станал главен столб на христијанската вера. Раните христијани не си го ризикувале животот само за да сведочат за некој мудар учител што бил убиен. Тие си го ризикувале животот за да ја објавуваат веста за воскресението на Исус затоа што токму тоа било доказ дека тој е Христос, Божјиот Син — една моќна, жива личност што им помагала и ги водела. Неговото воскресение значело дека и тие ќе станат од мртвите. Ако Исус не воскреснал, не би постоело ни христијанството. Ако Исус не воскреснал, можеби никогаш немаше да чуеме за него.

Но, какво значење за нас денес има воскресението на Христос?

a Во Библијата, грчкиот збор преведен со „воскресение“ буквално значи „повторно станување“. Тој збор ја носи мислата дека едно лице повторно оживува задржувајќи ја својата личност, особини и сеќавања.

b Изразот „дванаесеттемина“ се однесува на „апостолите“, иако некое време по смртта на Јуда Искариот биле само 11. Во една прилика кога им се појавил Исус, барем 10 од нив ги претставувале 12-темина, бидејќи Тома не бил со нив (Јован 20:24).

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Кој ќе воскресне?

„Бог ќе ги воскресне и праведните и неправедните“ (Дела 24:15). Праведните се верните мажи и жени како што биле Ное, Авраам и Сара. Неправедните се оние што не живееле според Божјите мерила затоа што немале прилика да го запознаат и да му бидат послушни на Бог.

Каде ќе воскреснат мртвите?

Некои ќе воскреснат како бесмртни духовни суштества на небото за да владеат со Христос како цареви и свештеници над Земјата (Откровение 5:9, 10). Но, повеќето ќе бидат вратени во живот на Земјата. Тие ќе се радуваат на вечен живот во рај на Земјата (Лука 23:39-43).

Кога ќе воскреснат мртвите?

Тие ќе воскреснат во иднина, откако злите луѓе ќе бидат отстранети од Земјата. Библијата покажува дека ќе има едно масовно воскресение во текот на илјадагодишното владеење на Исус, кога Земјата ќе биде претворена во рај (Откровение 20:6).

Дали велигденските обичаи имаат некаква врска со воскресението?

Велигденските обичаи како што се вапцањето јајца, палењето свеќи и држењето велигденски пости водат потекло од паганските религии. Ниту еден од овие обичаи не е поврзан со воскресението на Исус, кое наводно се прославува на Велигден. Дали ова е важно? Да. Во Божјата Реч ни е заповедано да немаме ништо со лажната религија и ‚да му оддаваме почит на Таткото со дух и со вистина‘ (Јован 4:23; 2. Коринќаните 6:17).

Ако Исус е Бог, како што поучуваат некои религии, кој го воскреснал Исус?

Исус не е Бог, чие име е Јехова. Исус е Божји Син. Јехова го воскреснал Исус од мртвите (Римјаните 10:9). Еден библиски изучувач рекол: „Незамисливо е некој — па дури и Христос — да се воскресне самиот себе“.c

c Нешто повеќе во врска со овие прашања можеш да прочиташ во поглавја 7 и 8 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци, или на www.jw.org/mk.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели