ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА
Можно ли е да ја разбереш Библијата?
Библијата е Божја Реч. Таа е како писмо од еден татко што многу нѐ сака (2. Тимотеј 3:16). Во неа, Бог ни кажува како можеме да го израдуваме, зошто го допушта злото и што ќе направи за луѓето во иднина. Но, верските учители ги извртеле библиските учења и затоа многу луѓе си мислат дека никогаш нема да можат да ја разберат Библијата (Дела 20:29, 30).
Јехова Бог сака да ја знаеме вистината за него. Затоа ни дал книга што можеме да ја разбереме. (Прочитај 1. Тимотеј 2:3, 4.)
Што ќе ти помогне да ја разбереш Библијата?
Освен тоа што ни ја дал Библијата, Јехова се погрижил да добиеме помош да ја разбереме. Тој го испратил Исус да нѐ поучи за неа (Лука 4:16-21). Исус им помогнал на своите слушатели да ја разберат Библијата, објаснувајќи им ја стих по стих. (Прочитај Лука 24:27, 32, 45.)
Исус го основал христијанското собрание за да продолжи да го извршува делото што го започнал тој (Матеј 28:19, 20). Денес, вистинските следбеници на Исус им помагаат на луѓето да разберат што учи Библијата за Бог. Ако сакаш да ја разбереш Библијата, Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат во тоа. (Прочитај Дела 8:30, 31.)