ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА
Зошто нема мир во светот?
Мир во светот ќе донесе само една влада што може да ги промени срцата на луѓето
Библијата ни открива две главни причини. Прво, иако луѓето постигнале извонредни работи, не се создадени со способност да управуваат со своите чекори. Второ, човечките планови пропаѓаат затоа што „целиот свет е под власта на Злобниот“, Сатана Ѓаволот. Поради тоа, луѓето не успеваат да воспостават светски мир. (Прочитај Еремија 10:23; 1. Јованово 5:19.)
Себичноста на луѓето и желбата за власт се уште една пречка за да се постигне мир. Мир во светот ќе донесе само една влада која може да ги научи луѓето да ја сакаат правдата и да се грижат едни за други. (Прочитај Исаија 32:17; 48:18, 22.)
Кој ќе донесе мир во светот?
Семоќниот Бог ветил дека ќе воспостави една влада над целото човештво. Таа ќе ги замени сите други влади (Даниел 2:44). Божјиот Син, Исус, ќе владее како Кнез на Мирот. Тој ќе го отстрани злото од целата Земја и ќе ги научи луѓето да бидат мирољубиви. (Прочитај Исаија 9:6, 7; 11:4, 9.)
Под водството на Исус, милиони луѓе низ целиот свет уште денес ја користат Божјата Реч, Библијата, за да ги поучуваат луѓето да бидат во мир со другите. Наскоро, светскиот мир нема да биде само сон туку реалност. (Прочитај Исаија 2:3, 4; 54:13.)