ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/9 стр. 6-7
  • Близу е крајот на сите страдања!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Близу е крајот на сите страдања!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БОГ ЌЕ НАПРАВИ МНОГУ ПОВЕЌЕ!
  • Наскоро крај на сето страдање!
    Наскоро крај на сето страдање!
  • Владетели во духовното подрачје
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Глобален проблем, глобално решение
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Што ќе стори Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/9 стр. 6-7

Близу е крајот на сите страдања!

Замисли си дека живееш во свет во кој нема страдања — нема криминал, војни, болести и природни катастрофи. Замисли си дека секое утро се будиш без страв од економска несигурност, дискриминација или други проблеми. Дали ова ти звучи премногу добро за да биде вистинито? Се разбира, нема човек ниту човечка организација која може да создаде вакви услови. Но, Бог ветил дека ќе ги отстрани сите причини за страдањата на луѓето. Прочитај некои ветувања запишани во Божјата Реч, Библијата.

ЌЕ ИМА ПРАВЕДНА ВЛАДА

„Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне. И тоа царство нема да премине на некој друг народ. Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства, а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44).

Божјето Царство е небесна влада. Оваа влада, на чело со Исус Христос, ќе ги замени сите човечки влади и ќе се погрижи Божјата волја да се извршува на Земјата исто како што се извршува на небото (Матеј 6:9, 10). Таа никогаш нема да биде заменета со некоја човечка влада бидејќи е ‚вечно царство на нашиот Господар и Спасител Исус Христос‘. Мирот што ќе го донесе ќе трае засекогаш (2. Петрово 1:11).

ЌЕ НЕМА ЛАЖНА РЕЛИГИЈА

„Сатана се преправа дека е ангел на светлината. Затоа не е ништо необично ако и неговите слуги се преправаат дека се слуги на праведноста. Но крајот ќе им биде според нивните дела“ (2. Коринќаните 11:14, 15).

Лажната религија ќе биде разоткриена како алатка во рацете на Ѓаволот и ќе биде уништена. Засекогаш ќе бидат отстранети верската нетрпеливост и крвопролевањето. Тогаш, оние што го сакаат „живиот и вистински Бог“ ќе припаѓаат на „една вера“ и ќе му служат „со дух и со вистина“ (1. Солуњаните 1:9; Ефешаните 4:5; Јован 4:23).

ЛУЃЕТО ЌЕ БИДАТ СОВРШЕНИ

„Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:3, 4).

Јехова Бог ќе го исполни ова ветување преку својот Син, Исус, кој го дал животот за целото човештво (Јован 3:16). Кога ќе владее Исус, луѓето ќе станат совршени. Никогаш повторно нема да страдаат бидејќи „Бог ќе биде со нив“ и ќе ја избрише „секоја солза од нивните очи“. Несовршеноста и страдањата ќе бидат минато и „праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29).

ЌЕ ГИ НЕМА ЃАВОЛОТ И ДЕМОНИТЕ

„[Исус Христос] го фати змејот, празмијата, кој е Ѓавол и Сатана, и го врза за илјада години. И го фрли во бездната, која ја заклучи и ја запечати над него, за да не ги заведува повеќе народите“ (Откровение 20:2, 3).

Сатана и демоните повеќе нема да влијаат врз луѓето затоа што ќе бидат врзани и фрлени во ‚бездна‘, односно ќе бидат потполно неактивни. Овие злобни суштества веќе нема да имаат контрола над луѓето. Колку ќе биде убаво да живееме во свет во кој Сатана и демоните ќе немаат никакво влијание!

„ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ“ ЌЕ ЗАВРШАТ

„Последните денови“ ќе завршат со една „голема неволја“. Исус рекол: „Тогаш ќе има голема неволја каква што немало од почетокот на светот до сега, ниту повеќе ќе има“ (Матеј 24:21).

Оваа неволја ќе биде голема затоа што во тој период ќе има невидени катастрофи. Таа ќе заврши со „војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“, позната како „Армагедон“ (Откровение 16:14, 16, фуснота).

Луѓето што ја сакаат правдата со нетрпение го очекуваат крајот на овој злобен свет. Да спомнеме само неколку благослови кои ќе ги добијат кога ќе владее Божјето Царство.

БОГ ЌЕ НАПРАВИ МНОГУ ПОВЕЌЕ!

Едно „големо мноштво луѓе“ ќе бидат спасени и ќе живеат во мирољубив нов свет. Божјата Реч вели дека неброено „мноштво луѓе“ ќе ја преживеат „големата неволја“ и ќе живеат во праведниот нов свет (Откровение 7:9, 10, 14; 2. Петрово 3:13). За своето спасение ќе му бидат благодарни на Исус Христос, „Божјето Јагне, кое го отстранува гревот на светот“ (Јован 1:29).

Луѓето ќе бидат поучени од Бог. Во новиот свет „земјата ќе биде полна со знаење за Јехова“ (Исаија 11:9). Меѓу другото, Бог ќе ги научи луѓето од сите народи да живеат мирољубиво и да не ја загадуваат природата. Тој нѐ уверува: „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро, кој те води по патот по кој треба да одиш“ (Исаија 48:17).

Мртвите ќе бидат вратени во живот. Кога бил на Земјата, Исус го воскреснал својот пријател Лазар (Јован 11:1, 5, 38-44). Со тоа покажал што ќе направи во иднина и за многу други што починале (Јован 5:28, 29).

Засекогаш ќе има мир и праведност. Кога ќе владее Исус, нема да има беззаконие. Од каде го знаеме тоа? Исус може да ги чита срцата на луѓето и затоа ќе може да пресуди кој човек е праведен, а кој злобен. Оние што нема да се променат, нема да живеат во Божјиот нов свет (Псалм 37:9, 10; Исаија 11:3, 4; 65:20; Матеј 9:4).

Ова се само неколку библиски пророштва за прекрасната иднина што нѐ очекува. Кога над Земјата ќе владее Божјето Царство, ќе има „изобилен мир“ (Псалм 37:11, 29). Тогаш ќе исчезне секоја причина за болките и страдањата. Лично Бог ни ветува: „Гледај, правам сѐ ново... Овие зборови се вистинити и верни!“ (Откровение 21:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели