ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/1 стр. 14-15
  • Треба ли да му се молиме на Исус?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да му се молиме на Исус?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО РЕКОЛ ИСУС, КОМУ ТРЕБА ДА МУ СЕ МОЛИМЕ?
  • НА КОГО МУ СЕ МОЛЕЛЕ ПРВИТЕ ХРИСТИЈАНИ?
  • За молитвите што ги слуша Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали треба да му се молиш на Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Исус нѐ учи да се молиме
    Учи од Големиот Учител
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/1 стр. 14-15

Треба ли да му се молиме на Исус?

ЕДЕН истражувач неодамна анкетирал над 800 млади лица од различни религии. Ги прашал дали веруваат дека Исус одговара на молитвите. Преку 60 отсто одговориле дека се цврсто уверени во тоа. Меѓутоа, една девојка го пречкртала името на Исус од анкетниот лист и наместо него напишала „Бог“.

Што мислиш ти? Дали молитвите треба да му ги упатуваме на Исус или на Бог?a За да го добиеме одговорот, најнапред да видиме како Исус ги поучил своите ученици да се молат.

ШТО РЕКОЛ ИСУС, КОМУ ТРЕБА ДА МУ СЕ МОЛИМЕ?

Исус нѐ поучил и ни покажал кому треба да му се молиме.

Исус му се моли на својот Татко

Со своите молитви до неговиот небесен Татко, Исус ни дал пример за тоа како да се молиме

ПОУКА: Кога еден од учениците го замолил Исус: „Гоподару, научи нѐ да се молиме“, тој рекол: „Кога се молите, речете: ‚Татко‘“ (Лука 11:1, 2). Подоцна, во прочуената Проповед на гората, Исус повторно зборувал за молитвата. На насобраниот народ му рекол: „Помоли му се на својот Татко“. Освен тоа, ги охрабрил луѓето со зборовите: „Бог, вашиот Татко, знае што ви треба уште пред да го замолите“ (Матеј 6:6, 8). Последната ноќ од својот живот како човек на Земјата, Исус им рекол на своите ученици: „Што и да побарате од Таткото, ќе ви даде во мое име“ (Јован 16:23). Значи, Исус нѐ поучил да му се молиме на оној што е и негов Татко и наш Татко, а тоа е Јехова Бог (Јован 20:17).

ПРИМЕР: Како што ги учел другите, Исус и самиот се молел: „Те славам, Татко, Господару на небото и на земјата“ (Лука 10:21). Во една друга прилика ‚Исус ги подигнал очите кон небото и рекол: „Татко, ти благодарам што ме услиши“‘ (Јован 11:41). А додека умирал, Исус се молел: „Татко, во твоите раце го доверувам својот дух!“ (Лука 23:46). Со своите молитви до неговиот небесен Татко — ‚Господарот на небото и на земјата‘ — Исус ни дал јасен пример за тоа како треба и ние да се молиме (Матеј 11:25; 26:41, 42; 1. Јованово 2:6). Дали така го сфатиле и неговите први ученици?

НА КОГО МУ СЕ МОЛЕЛЕ ПРВИТЕ ХРИСТИЈАНИ?

Само неколку седмици откако Исус се вратил на небото, неговите ученици биле малтретирани и прогонувани од противниците (Дела 4:18). Се разбира, тие се молеле. Но, на кого? „Еднодушно го кренаа гласот кон Бог“, молејќи го да продолжи да им помага „преку името на [неговиот] свет слуга Исус“ (Дела 4:24, 30). Значи, учениците ги послушале Исусовите совети за молитвата. Тие му се молеле на Бог, а не на Исус.

По неколку години, апостол Павле опишал како се молеле тој и неговите блиски соработници. На сохристијаните им напишал: „Му благодариме на Бог, Таткото на нашиот Господар Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас“ (Колошаните 1:3). Павле исто така напишал: „Секогаш благодарете му на нашиот Бог и Татко во името на нашиот Господар Исус Христос“ (Ефешаните 5:20). Од овие зборови гледаме дека Павле ги поттикнал другите за сѐ да му се молат на неговиот „Бог и Татко“ — но, се разбира, во името на Исус (Колошаните 3:17).

Исто како првите христијани, можеме да ја покажеме нашата љубов кон Исус со тоа што ќе ги примениме неговите совети за молитвата (Јован 14:15). Ако му се молиме на нашиот небесен Татко — и тоа само нему — зборовите од Псалм 116:1, 2 ќе добиваат сѐ подлабоко значење за нас. Таму стои: „Љубов се буди во мене, зашто Јехова го слуша мојот глас... Ќе го повикувам во сите мои денови“.b

a Библијата покажува дека Бог и Исус се различни личности. Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавје 4 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

b За Бог да ги слушне нашите молитви, мора искрено да се трудиме да живееме како што бара тој. Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавје 17 од книгата Што навистина учи Библијата?

Дали му се молеле на Исус?

Во Библијата пишува дека некои верни луѓе зборувале со Исус кој бил на небото, а понекогаш зборувале дури и со ангели (Дела 9:4, 5, 10-16; 10:3, 4; Откровение 10:8, 9; 22:20). Но, дали овие мажи им се молеле на тие небесни суштества? Не. Во секоја од тие ситуации, небесните суштества први го започнале разговорот. Верните мажи и жени му се молеле само на Бог (Филипјаните 4:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели