ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/4 стр. 4-7
  • Библиски курс за секого

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библиски курс за секого
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ОДГОВОР НА НАЈПОСТАВУВАНИТЕ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО БИБЛИСКИОТ КУРС
  • Како изгледа библискиот курс што го нудат Јеховините сведоци?
    Најчесто поставувани прашања
  • Каде има одговор на најважните прашања?
    Каде има одговор на најважните прашања?
  • Може ли проучувањето на Библијата да биде интересно?
    Разбудете се! 2012
  • Дали ти се допадна она што го научи?
    Радувај му се на животот засекогаш — вовед во библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/4 стр. 4-7
Библиски курс

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | САКАШ ЛИ ДА ЗНАЕШ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА БИБЛИЈАТА?

Библиски курс за секого

Јеховините сведоци се познати по тоа што ја проповедаат добрата вест од Библијата. Но, дали си знаел дека тие им нудат курс на луѓето низ целиот свет за да им помогнат да дознаат нешто повеќе за Библијата?

Еден човек ја проучува Библијата на своето работно место

Во 2014 год., околу 8.000.000 Сведоци во 240 земји водеа повеќе од 9.500.000 библиски курсеви секој месец.a Интересно е тоа што околу 140 земји во светот немаат толкав број жители!

За да се врши оваа образовна програма, Јеховините сведоци досега издадоа речиси 1,5 милијарда Библии, книги, списанија и други публикации за проучување на Библијата на околу 700 јазици! Тоа што нивните публикации се најраспространети и најпреведувани им овозможува на луѓето да ја проучуваат Библијата на својот мајчин јазик.

„Додека одев на училиште, не бев многу по учењето. Ама проучувањето на Библијата ми беше интересно. Тоа што го научив ми влеа голема утеха“ (Катлего, ЈАР).

„Курсот ми даде одговор на сите мои прашања, а дознав и многу други работи“ (Берта, Мексико).

„Многу беше убаво тоа што курсот се одржуваше кај мене дома во време што ми одговараше“ (Езекиел, Бразил).

„Проучувавме од 15 до 30 минути, а понекогаш и подолго — секогаш како што ми одговараше мене“ (Виниана, Австралија).

„Многу ми се допадна тоа што курсот беше бесплатен“ (Аиме, Бенин).

„Жената која ме поучуваше за Библијата беше многу стрплива и љубезна. Со текот на времето станавме блиски пријателки“ (Карен, Северна Ирска).

„Многу луѓе ја проучуваат Библијата без да станат Сведоци“ (Дентон, Англија).

ОДГОВОР НА НАЈПОСТАВУВАНИТЕ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО БИБЛИСКИОТ КУРС

Што се обработува на библискиот курс?

На курсот се обработуваат различни теми така што се разгледуваат библиски стихови кои се поврзани со тие теми. На пример, Библијата дава одговор на некои прашања, како што се: Кој е Бог? Каков е тој? Дали има име? Каде живее? Дали можеме да бидеме блиски со него? Но, прашањето е каде во Библијата може да се најдат тие одговори.

За да им помогнеме на луѓето да ги најдат одговорите, обично ја користиме книгата Што навистина учи Библијата?b‚ која има 224 страници. Со помош на оваа книга луѓето можат полесно да ги разберат основните учења од Библијата. Во неа има поглавја за Бог, за Исус Христос, за страдањата, за воскресението, за молитвата и за други теми.

Кога и каде може да се одржува курсот?

Курсот може да се одржува во време и на место што тебе најмногу ти одговара.

Колку време треба да одвоиш?

Многумина одвојуваат отприлика еден час седмично за да ја проучуваат Библијата. Но, некои проучуваат само по 10 или 15 минути седмично. Според тоа, времето не е фиксно, ние ќе се приспособиме на твојот распоред.

Колку чини курсот?

Курсот, Библијата и публикациите за проучување се бесплатни. Ова е во склад со зборовите што Исус им ги кажал на своите следбеници: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8).

Колку време трае библискиот курс?

Од тебе зависи колку долго ќе трае курсот. Во книгата Што навистина учи Библијата? се обработуваат 19 теми. Можеш да ги проучиш сите теми или само некои од нив и тоа со темпо што тебе ти одговара.

Дали библискиот курс ме обврзува да станам Јеховин сведок?

Не. Ние го почитуваме правото на секој човек да избере во што ќе верува. Луѓето кои ќе стекнат основни познавања за Библијата ќе можат да донесат информирана одлука.

Каде може да најдам повеќе информации?

Може да ја посетиш интернет-страницата jw.org/mk за да најдеш точни информации во врска со верувањата и активностите на Јеховините сведоци.

Како може да побарам библиски курс?

  • Библиски курс може да се побара преку Интернет и со пишување до издавачите на ова списание

    Пополни го онлајн барањето за библиски курс на www.jw.org/mk.

  • Пиши до издавачите користејќи ја најблиската адреса од 2. страница на ова списание.

a Библиските курсеви обично се водат со едно или неколку лица.

b Издадена од Јеховините сведоци. Досега се отпечатени повеќе од 230 милиони примероци на преку 260 јазици.

ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Езекиел

„Кога жена ми почна да ја проучува Библијата, забележав големи промени кај неа. Тоа ни помогна да имаме посреќен семеен живот. Од љубопитност и јас почнав да проучувам. Она што го научив ми помогна да станам подобра личност. Проучувањето на Библијата нѐ зближи како семејство“ (Езекиел).

Карен

„Кога почнав да ја проучувам Библијата, престанав да се дрогирам, да се опивам и научив да го контролирам гневот. Сега мојот дом е почист и поуреден. Имам поголема почит и ценење кон моето семејство и сакам да правам работи што ги усреќуваат. Но, и јас самата сум среќна“ (Карен).

Виниана

„Некои луѓе ме критикуваа зошто почнав да ја проучувам Библијата. Но, маж ми ја почитуваше мојата одлука. Тој ми рече: ‚Воопшто не ми е важно што велат другите. Гледам дека курсот добро влијае врз тебе — тоа е она што ми е важно. Продолжи да проучуваш‘. Нашето семејство никогаш не било посреќно!“ (Виниана).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели