ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/5 стр. 16
  • Одговор на библиски прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одговор на библиски прашања
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Што ќе се случи во Судниот ден?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Судниот ден и што после него
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Што е Судниот ден?
    Разбудете се! 2010
  • Што е Судниот ден?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/5 стр. 16

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Што е Судниот ден?

Родителите се повторно заедно со своето детенце кое воскреснало во текот на илјадата години

Зошто Судниот ден е радосен период?

Во библиски времиња, Бог користел судии за да го заштити својот народ од неправди (Судиите 2:18). Во Библијата, Судниот ден што ќе дојде во иднина е опишан како радосен период во кој Јехова, Судијата на целата Земја, ќе го спаси човештвото од неправдите. (Прочитај Псалм 96:12, 13; Исаија 26:9.)

Бог го поставил Исус да им донесе правда и на живите и на мртвите (Дела 10:42; 17:31). Многу луѓе починале без да го познаваат Бог. За време на Судниот ден, Исус ќе ги воскресне тие луѓе за да можат да го запознаат и да го засакаат вистинскиот Бог. (Прочитај Дела 24:15.)

Колку долго ќе трае Судниот ден?

Во Библијата пишува дека Судниот ден ќе трае илјада години. Во тој период мртвите ќе бидат вратени во живот (Откровение 20:4, 12). Ним ќе им биде потребно време за да ги дознаат Божјите мерила и да живеат според нив. Спротивно на општоприфатеното гледиште, во Библијата пишува дека луѓето ќе бидат судени на темел на она што ќе го прават откако ќе воскреснат. (Прочитај Римјаните 6:7.)

Во Библијата исто така се зборува за еден друг ден на суд кој ќе дојде ненадејно, пред да започнат тие илјада години. Овој ден е наречен и крајот, како што беше објаснето во статиите на почетокот од ова списание. Тогаш, Бог ќе ги уништи сите злобни луѓе кои не веруваат во него (2. Петрово 3:7). Затоа, треба да дадеме сѐ од себе за да докажеме дека навистина го сакаме Бог. (Прочитај 2. Петрово 3:9, 13.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ на страница 213 од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци

Достапна е и на www.jw.org/mk

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели