ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp18 Бр. 1 стр. 12-13
  • 3. Како да се носиш со проблемите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 3. Како да се носиш со проблемите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ХРОНИЧЕН ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ
  • СИЛНА ТАГА
  • Како ќе ти помогне молитвата
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Како може да ни помогне молитвата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Како некои добиле одговори
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
wp18 Бр. 1 стр. 12-13
Жена жали на гробишта; жена во инвалидска количка ја слуша пораката од Библијата

3. Како да се носиш со проблемите

Некои проблеми сега-засега не можеме ниту да ги избегнеме ниту да ги решиме. На пример, ако си изгубил некој од најблиските или имаш хроничен здравствен проблем, можеби не ти преостанува ништо друго освен да најдеш начин да се носиш со својата болка. Може ли Библијата да ти помогне во такви тешки ситуации?

ХРОНИЧЕН ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ

Роза вели: „Имам генетско нарушување поради кое постојано сум во силни болки. Здравјето сѐ повеќе ми се влошува и тоа влијае врз мојот живот“. Таа била многу загрижена затоа што понекогаш не можела да се сконцентрира на она што го проучувала од Библијата и на други духовни работи. Но, многу ѝ помогнале зборовите на Исус запишани во Матеј 19:26: „За Бог сѐ е возможно“. Роза сфатила дека може да проучува и на други начини. Бидејќи понекогаш не можела да чита поради болките, почнала да слуша снимки од Библијата и од библиската литература.a Таа вели: „Да не беше тоа, не знам како ќе успеев да го задржам моето пријателство со Бог“.

Кога Роза е тажна затоа што повеќе не може да прави некои работи што порано ги правела, наоѓа утеха во зборовите од 2. Коринќаните 8:12: „Давањето е особено добредојдено ако човек има желба да даде. Од секого се очекува да го даде она што го има, а не она што го нема“. Тие зборови ѝ помагаат да не заборави дека Бог е задоволен со она што таа може да го прави, бидејќи дава сѐ од себе во склад со своите ограничувања.

СИЛНА ТАГА

Делфина, која веќе ја спомнавме, вели: „Кога на 18 години почина ќерка ми, болката беше толку силна што мислев дека повеќе нема живот за мене. Ништо не беше како порано“. Но, многу ја утешиле зборовите што псалмистот му ги кажал на Бог, според Псалм 94:19: „Кога во мене се намножија немирни мисли, утехите од тебе ми ја милуваа душата“. Делфина вели: „Го молев Јехова да ми помогне да бидам зафатена со работи што ќе ми ја олеснат болката“.

Таа се посветила на корисна волонтерска работа. По некое време, на себе почнала да гледа како на скршена боичка. Со една мрсна боичка можеш да боиш дури и ако е скршена. Слично на тоа, иако Делфина била скршена, сфатила дека сепак може да им помага на другите. Таа вели: „Кога ги користев библиските начела и вистини за да ги тешам оние на кои им помагав да ја разберат Библијата, всушност, Јехова ме тешеше мене“. Таа си направила список со библиски личности кои во одреден период од својот живот чувствувале силна емоционална болка. „Сите до еден биле луѓе кои му се молеле на Бог“, вели таа. Исто така, сфатила дека Библијата може да ти помогне само ако ја читаш.

Делфина научила уште нешто од Библијата — да не мисли на минатото, туку да гледа напред. Голема утеха ѝ дава ветувањето од Дела 24:15: „Бог ќе ги воскресне и праведните и неправедните“. Дали Делфина е уверена дека Јехова ќе ја воскресне нејзината ќерка? Таа вели: „Кога ќе помислам на иднината, таму е и ќерка ми. Знам дека повторно ќе се сретнеме во времето што Бог го одредил. Можам да видам како си седиме во дворот, и тоа ми е исто толку реално како моментот кога таа се роди“.

a На интернет-страницата jw.org се достапни многу такви снимки на разни јазици.

Библијата може да ти помогне да најдеш утеха и во најцрните мигови

КАКО БОГ НИ ПОМАГА?

Библијата дава јасен одговор. Таа вели: „Јехова е близу до сите што го повикуваат, до сите што го повикуваат во вистина. Ќе им ја исполни желбата на оние што се бојат од него, ќе го чуе нивниот повик и ќе ги спаси“ (Псалм 145:18, 19). Ова се навистина утешни зборови. Но, како Бог им одговара на оние што го молат да им даде водство во животот?

НИ ДАВА СИЛА

Проблемите честопати можат да нѐ обесхрабрат и да нѐ исцрпат физички, емоционално и духовно (Изреки 24:10). Но, Јехова „му ја враќа силата на уморниот, му дава моќна сила на нејакиот“ (Исаија 40:29). Апостол Павле, кој минал низ многу тешки проблеми во животот, рекол: „Сѐ можам со помош на оној што ми дава сила“ (Филипјаните 4:13). Павле добил сила од Божјиот свет дух. И ти можеш да го молиш Бог да ти даде свет дух (Лука 11:13).

НИ ДАВА МУДРОСТ

Што ако ти е потребна помош за да ги разбереш и да ги примениш советите од Библијата? Библискиот писател Јаков напишал: „Ако некому од вас му недостига мудрост, нека бара од Бог, зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување, и ќе му ја даде“ (Јаков 1:5). Постапувај во склад со молитвите така што ќе ја читаш Библијата и ќе го применуваш она што го учиш од неа (Јаков 1:23-25). На тој начин, лично ќе се увериш колку се мудри нејзините совети.

НИ ДАВА МИР

Дури и кога чувствуваш голем немир и загриженост, Јехова може да ти даде мир. Во неговата Реч, Библијата, пишува: „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7). Зошто не побараш од Јехова да ти даде мир?

Но, што ако твоите проблеми не се решат во догледно време? Немој веднаш да заклучиш дека Бог кренал раце од тебе. Дури и ако проблемите потраат, Бог може да ти ја даде потребната храброст и сила за да издржиш (1. Коринќаните 10:13). Освен тоа, Библијата ветува дека ќе дојде време кога нашите проблеми ќе се решат еднаш засекогаш!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели