Достигни го срцето на својот библиски ученик
1 Дали сакаш твојот библиски ученик да постапува според она што го учи? Тој мора да го прави тоа ако сака да извлече корист од спознанието што го стекнува. За да го подбудиш својот библиски ученик на дело, мораш да му го достигнеш срцето. На Пентакост 33. н. е., подбудувачкиот говор на апостол Петар ‚погодил в срце‘ (НС) околу 3.000 лица, кои ‚со срце ги примиле неговите зборови‘ и се крстиле тој ден (Дела 2:37, 41). Како можеш да го достигнеш срцето на својот библиски ученик?
2 Подготви се темелно: Не се обидувај да поминеш премногу материјал кога имаш на располагање малку време да расправаш со ученикот за информациите. Одреди ги однапред мислите што ќе сакаш да ги нагласиш и провери дали ги разбираш и дали можеш да ги примениш делотворно библиските стихови. Однапред размисли за прашањата кои би можеле да се јават кај ученикот поради неговото минато. Ако го познаваш добро својот ученик, тоа спознание ќе ти помогне да бидеш подготвен со информации кои особено ќе одговараат за него.
3 Имитирај ја Исусовата метода на поучување: Исус користел споредби за да ги поедностави тешките мисли и да им помогне на своите ученици да ја сфатат смислата и да ја почувствуваат атмосферата на ситуацијата (Лука 10:29-37). Слично на тоа, можеш да ги втиснеш извонредните науки во срцето на својот библиски ученик така што ќе ги задржиш своите споредби едноставни, земајќи ги од обичните работи од животот и применувајќи ги посебно на околностите на ученикот.
4 Прашањата особено помагаат да се достигнат срцата на библиските ученици, како што покажувал често Исус (Лука 10:36). Но, не биди задоволен ако ученикот само го прочита одговорот од книгата. Користи насочувачки прашања за да му го насочиш умот на заклучок за кој порано не размислувал. Овој процес исто така му помага на ученикот да развие способност за размислување. Поставувај прашања што откриваат гледишта за да дознаеш што тој лично верува за некоја работа. Тогаш можеш да распознаеш подрачја на кои е потребна помош, па ќе можеш да дојдеш до крајот на некоја работа со поспецифична помош.
5 Ако библискиот ученик не напредува, треба да ги извлечеш од него причините. За тоа можеби ќе треба да го посетиш и во друго време, а не само кога редовно проучувате. Зошто се колеба да постапува така? Постои ли некоја библиска мисла која не ја разбира? Дали е неспремен да направи извесни промени во својот начин на живот? Ако библискиот ученик се обидува ‚да куца на две различни мислења‘ (НС), помогни му да сфати дека тоа е опасно (3. Цар. 18:21).
6 Апостолот Павле сфатил дека поучувањето на заинтересираните за библиските вистини е животоспасувачко дело, па затоа ги советувал сите христијани ‚постојано да внимаваат на нивното учење‘ (1. Тим. 4:16, НС). Оние со кои водиш библиски студии не смеат само да научат факти за Библијата и светските настани. Тие мораат да стекнат точно спознание за Јехова и Исус и да им се помогне да развијат срдечен личен однос со него. Само така ќе бидат поттикнати да ја покажуваат својата вера преку дела (Јак. 2:17, 21, 22). Кога ќе се достигне срцето на ученикот, тој ќе биде мотивиран да го следи патот кој ќе му оддава чест на Јехова и ќе го заштити неговиот сопствен живот (Изр. 2:20-22).