Теократски вести
Боливија: Подружницата извести нов највисок број од 9.588 објавители за октомври. Тие исто така достигнале нови највисоки броеви во домашни библиски студии, повторни посети, собраниски објавители и општи пионери. Собраниските објавители во службата на подрачјето работат во просек по 14 часа.
Индија: Во октомври бил достигнат нов највисок број од 13.217 објавители. Ова е нивни трети највисок број едноподруго.
Литванија: Октомврискиот извештај покажува нов највисок број од 871 објавител, што претставува 39-процентен пораст во однос на октомври 1992.