Прашања
◼ Кога треба да се водат Собраниските студии на книга?
Обично е попрактично и позгодно да се има неколку студиски групи кои се состануваат на места распрснати низ собраниското подрачје, наместо секоја од нив да се состанува во Салата на Царството. Овие студии треба да се водат во време кое е најзгодно за повеќето кои се доделени во извесната група. Најчесто тоа е една вечер во текот на седмицата кога нема други состаноци и не се организирани активности за служба. Меѓутоа, може да биде корисно да се уреди една студија на книга да се држи преку ден за да им се удоволи на постарите кои се колебаат кога треба да излезат надвор навечер и за оние кои работат во трета смена. Во некои случаи практично е да се одржи студија преку ден за време на викендот.
Старешините може прикладно да се распрашаат за да ги утврдат термините за состаноците кои ‚ќе им одговараат на повеќето објавители‘, како и на интересентите (om стр. 62). Избраното време треба да биде во ден и час кои нема непотребно да се мешаат со или да ги ограничуваат испланираните подготовки за служба.