Подготвувај се и уживај во собраниските состаноци
1 Како едно друштво од браќа, ние редовно се собираме за нашите седмични состаноци, што е навистина мудро (1. Тим. 4:15, 16). Како можеме да уживаме и да извлечеме најголема корист од нив?
2 Треба да се одвои време за редовно подготвување за состаноците. Некои можеби се во состојба да поминат повеќе време во подготовка отколку другите. Меѓутоа, без разлика колку и да сме зафатени, мудро е да се најде извесно време за подготвување за состаноците. Заедничкото подготвување како семејство е особено корисно (Ефеш. 5:15, 16).
3 За Теократската школа за проповедање: Настојувај да бидеш во тек со распоредот за седмично читање на Библијата (Ис. Нав. 1:8). Разгледај го материјалот што ќе се обработи, и понеси ги потребните публикации за да можеш да го следиш она што ќе го изнесат говорниците. Размислувај за начините на кои можеш да ги употребиш овие информации во твојата служба.
4 За Состанокот за служба: Разгледај ја програмата која се наоѓа во Наша служба за Царството. Прочитај ги статиите што ќе бидат обработени. Ако се разгледува материјал од Стражарска кула или од некоја друга публикација, побарај го и прочитај го и тоа. Ако има прикази за служба на проповедање, истите разгледај ги однапред за да можеш да бидеш подготвен да ги употребиш во твојата служба.
5 За студијата на Стражарска кула: Однапред прочитај ја лекцијата, забележувајќи ги одговорите на прашањата. Барањето на наведените библиски стихови ќе ти помогне да стекнеш подобро разбирање. Размислувањето за тоа како лекцијата се вклопува во она што веќе го знаеш, ќе го прошири твоето спознание. Планирај да учествуваш во студијата со тоа што ќе подготвиш кратки коментари на најмалку еден или два пасуси. Ова е еден важен начин да се даде ‚јавна изјава за нашата надеж‘ (Евр. 10:23, НС).
6 За Собраниската студија на книга: Најпрвин, разгледај го материјалот; размисли за насловот на поглавјето и за поднасловите. Потоа, додека читаш, забележи ги главните мисли. Разгледај ги библиските стихови кои ги поткрепуваат истите. Обиди се на прашањата да одговориш со свои зборови. Кога ќе ја подготвиш лекцијата, повтори си ја во себе. Обиди се да се сетиш на главните точки и на начинот на расудување (2. Тим. 2:15).
7 Уживај во состаноците: За целосно да се ужива во состаноците, важно е да се дојде навреме за да се биде присутен на почетната молитва, во која се бара водство од Јеховиниот дух. Исто така, ќе извлечеш корист и од освежувачките песни на Царството. Ако немаш мали деца или некои други причини за да седиш во последните редови на салата, веројатно ќе се увериш дека ако седиш напред ќе имаш помалку пречки и ќе извлечеш поголема корист од програмата. Родителите со мали деца и кои за време на состанокот можеби ќе мора да ги изнесат надвор, нема многу да пречат ако седат близу до патеката меѓу редовите и близу до излезот.
8 Труди се да ги бараш стиховите што се читаат. Тоа ќе ти помогне да го запомниш она што го слушаш. Разговарањето со твоето семејство и со пријателите за она што го учиш ќе ти ја втисне информацијата во твојот ум. Применувањето на овие предлози ќе ги направи состаноците посмисловни и попријатни, и тие навистина ќе нѐ ‚поттикнат кон љубов и добри дела‘ (Евр. 10:24, 25).