ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/96 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Како да се прават ученици со книгата Спознание
    Нашата служба за Царството 1996
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1996
  • На човештвото му е потребно спознание за Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Еден прогресивен поглед на итното дело на правење ученици
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 5/96 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Сега, кога ја имаме книгата Спознание кое води до вечен живот, колку долго треба да се води една домашна библиска студија?

Наша служба за Царството од септември 1993, препорача дека една домашна библиска студија треба да се продолжи со новозаинтересираните сѐ додека не се проучат две книги. Сега, кога ја имаме книгата Спознание, изгледа препорачливо да се направи едно прилагодување во оваа процедура, како што е изложено на 13. и 14. страница, во изданието на Стражарска кула од 15 јануари 1996.

Книгата Спознание е наменета да им помогне на оние „исправно настроени за вечен живот“, да научат што им е потребно да знаат за да можат да извршат предание на Јехова и да се крстат (Дела 13:48, НС). Затоа, по завршувањето на оваа нова публикација, не би требало да биде неопходно да се проучува втора книга со истиот ученик. Додека твоите библиски ученици почнуваат да ја прифаќаат вистината, ти ќе можеш постепено да ги охрабруваш да го комплетираат своето спознание со присуствување на состаноците на Јеховините сведоци, како и со читање на Библијата и различните христијански публикации.

Ако си темелно запознаен со прашањата од 11. до 63. страница од брошурата Основни библиски науки, ова може да ти биде од корист. Иако не треба да се осврнуваш на овие прашања или да ги разгледуваш заедно со библискиот ученик, може да биде добро да нагласиш некои точки во книгата Спознание, кои ќе го оспособат ученикот да изрази исправно разбирање на темелните библиски вистини, кога старешините ги разгледуваат прашањата со кандидатите за крштавање.

Нема потреба информацијата од книгата Спознание да се дополнува, внесувајќи материјал однадвор или додатни аргументи за да се поддржат библиските учења или да се побијат лажните доктрини. Ова само ќе послужи студијата да се развлече низ еден подолг временски период. Наместо тоа, се надеваме дека книгата ќе се заврши прилично брзо, можеби за околу шест месеци. Ова ја нагласува потребата ние однапред, темелно да го проучиме материјалот за да можеме да го презентираме јасно и концизно. На сличен начин треба и ученикот да биде поттикнат претходно да проучува, да ги побара наведените стихови и да настојува јасно да распознае што учи книгата во секое поглавје.

Стражарска кула ја нагласи потребата Јеховините сведоци да водат поголем број ефективни библиски студии, во пократок временски период. (Види Исаија 60:22.) Ефективната употреба на книгата Спознание може да им помогне на новите да го стекнат спознанието кое води до вечен живот и да постапуваат според тоа (Јован 17:3, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели